Фото: Автомобилот на иднината од Астон Мартин и Ред Бул - Канал 5

Фото: Автомобилот на иднината од Астон Мартин и Ред Бул

Астон Мартин и Ред Бул ги преставија своите автомобили на иднината.


Целиот овој проект на Ред Бул и Астон Мартин , за време на развојот , истражувањето и самото производство најдобро чуваната тајна.
АМ- РБ 001 е името на дивиот брак на елитните Формула 1 инженери и врвни дизајнери од Астон Мартин.

На крајот сепак завесата беше подигната и новиот „хиперауто“ се појави во јавноста. Автомобилот го произведе Адриан Невеј, легендарниот Формула 1 инженер и дизајнер на Ред Бул.

Од Астон Мартин признаваат дека овој автомобил е всушност формула која има малку поголема кабина и луксуз , но сепак без претерување. Две седишта, клима, радио, навигација и тоа е тоа. Висината на автомобилот изнесува само 133 сантиметри .

Од новиот хиперавтомобил АМ- РБ 001 ќе бидат произведени само 99 примероци, и ќе се продаваат по цена меѓу да и три милиони фунти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп: „Имаме целосна контрола“; „Сè ќе заврши многу наскоро“

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денес изјави дека војната со Иран ќе заврши „многу брзо“ и дека Вашингтон има речиси целосна контрола врз Ормускиот Теснец.

Трамп: „Имаме целосна контрола“; „Сè ќе заврши многу наскоро“

„Ќе видите дека работите ќе се одвиваат многу брзо“, им рече Трамп на новинарите во Овалната соба, додавајќи дека војната ќе заврши „на еден или друг начин“, пренесе „Фокс њуз“.

Трамп изјави дека Иран е „практично уништен“, наведувајќи дека неговата економија е во лоша состојба, со инфлација што надминува 300 проценти, како и дека поморските и воздушните сили на Иран се уништени, а противвоздушната опрема е изгубена.

Зборувајќи за тоа, Трамп изјави дека САД имаат „речиси целосна контрола“ врз тој воден пат, а потоа прецизираше: „Би рекол – целосна контрола“. Тој додаде дека во изминатите три дена низ Ормускиот теснец поминало повеќе нафта отколку кога било претходно во историјата.

„Не зборувам само за периодот од почетокот на војната. Зборувам за кој било момент во историјата. Таа нафта беше складирана“, рече Трамп.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МОН ги објави резултатите за сместени бруцоши во студентски домови за оваа академска година

Списоците на студенти запишани во прва година што ќе бидат сместени во студентски домови во Скопје, Штип, Тетово, Битола и Охрид се објавени на веб-страницата на Министерството за образование и наука .

МОН ги објави резултатите за сместени бруцоши во студентски домови за оваа академска година

Списоците за сместување бруцоши во академската 2026-2027 година ќе бидат објавени и на огласните табли во студентскиот дом каде што конкурирал студентот.

Приговор во однос на резултатите студентите може да достават во домот каде аплицирале за сместување и тоа во рок од 10 дена од денот на објавување на списоците.примените студенти, во согласност со конкурсот, се вселуваат во студентскиот дом почнувајќи од денот на потпишаниот договор со домот во кој се примени, но не подоцна од 10 дена од објавениот конечен список.

Инаку,вчера беше пуштен во употреба реконструираниот студентски дом „Стив Наумов“ во кој ќе може да се сместат 1 150 студенти меѓу кои и бруцоши.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сиљановска-Давкова со студенти од Колеџот на Европа: Дијалог за европската интеграција и иднината на регионот

Во Вила Водно, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова разговараше со студенти од Колеџот на Европа во Тирана, кои престојуваат во земјава.

Сиљановска-Давкова со студенти од Колеџот на Европа: Дијалог за европската интеграција и иднината на регионот

Во Вила Водно, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова разговараше со студенти од Колеџот на Европа во Тирана, кои престојуваат во земјава, во рамките на студиска посета посветена на влијанието на европската интеграција врз трансформацијата на земјите од Западен Балкан.

Таа ја поздрави образовната програма и истакна дека студентите, како идни европски професионалци и лидери, со своето знаење и критичко размислување можат да придонесат кон мирот, безбедноста и солидарноста на европските народи и граѓани.

За неа, сестраната регионална соработка и меѓусебната подршка на патот кон ЕУ имаат исклучително значење не само за нашите меѓусебни односи, туку и за оние на членките на ЕУ кон нас.

Студентите се интересираа за уставните надлежности на претседателот во внатрешната и надворешната политика, како и за неговата реална улога во евроинтеграцијата.

Тие ѝ поставија на Сиљановска-Давкова прашања врзани за: последиците од (не)спроведувањето на одлуките на Европскиот суд за човекови права во Стразбур врз кредибилитетот на европските институции; македонската европската перспектива и можностите за интеграција во амбиент на постојната блокада; придобивките од членството во ЕУ, како за македонската држава, така и за Унијата, како и за ставот на претседателката за етапната интеграција на Западен Балкан во ЕУ.

Претседателката смета дека проширувањето треба да биде засновано врз исполнување на Копенхашките критериуми.

Исто така, верува дека постепената интеграција може да донесе конкретни придобивки уште пред полноправното членство, но дека не смее да биде негова замена.

Сиљановска-Давкова потсети дека органите на ЕУ не смеат да заборават на принципите и вредностите, содржани во конститутивните документи, без коишто ЕУ не може да биде заедница, туку само политичка и бирократска машинерија.

Сиљановска-Давкова истакна дека, како претседателка со директен и силен изборен легитимитет има обврска да ги претставува сите граѓани и затоа инсистира на дијалог и консензус за прашањата од национален интерес.

На крајот, студентите ѝ се заблагодарија на претседателката за дијалогот и ја поканија да го посети Колеџот на Европа во Тирана.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер