Фото: Ауди претстави специјална верзија од моделот „TT“ - Канал 5

Фото: Ауди претстави специјална верзија од моделот „TT“

Ауди за германскиот пазар претстави специјална верзија од Ауди „TT“ по повод 40 години од постоењето на легендарниот модел „Ur-Quattro“.

Фото: Ауди претстави специјална верзија од моделот „TT“

На Саемот за автомобили во Женева во 1980 година Ауди го претставува моделот кој во светот на рели натпреварувањата стекна статус на легенда. Станува збор за „Quattro“ моделот и тој е камен темелник за моделите со високи перформанси.

Четири децении подоцна „TT RS“ добива специјана верзија наречена „40 Yerars of Quattro“ со која Ауди прославува важна годишнина, а автомобилот е направен само за Германија и ќе биде произведен само во 40 примероци, по еден са секоја година постоење.

„TT RS 40 Years of Quattro“ е лакиран во Алпина бела боја, а има и специјални налепници инспирирани од оние кои ги имал „Audi Sport quattro S1“, легендарниот рели автомобил.

Под хаубата се наоѓа истиот петоцилиндричен мотор со турбо компресор, кој развива 394 коњски сили. Во основната верзија ќе чини 66.500 евра, а специјалниот модел 114.040 евра.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Русија испраќа остра порака од ОН: „Украина е претворена во концентрационен логор на Зеленски“

Постојаниот претставник на Русија во ОН, Василиј Небензја, го обвини Киев за „отворен терор“ против руски цивили и рече дека Москва нема да прифати договор што ги загрозува нејзините безбедносни интереси.

Русија испраќа остра порака од ОН: „Украина е претворена во концентрационен логор на Зеленски“

„Тероризмот станува последно средство на Киев во обид да ја промени ситуацијата што се развива на негова штета“, рече Небензја.

Небензја вели дека Украина, со најактивно учество на Западот, е претворена во „концентрационен логор на Зеленски“.

„Со најактивно учество на земјите од колективниот Запад, кои тврдат дека се цивилизирани и демократски, Украина е претворена во „концентрационен логор на Зеленски“, во кој е воведена целосна забрана за какво било различно мислење и опозиција, додека луѓето кои имаат храброст да изразат алтернативна гледна точка се испраќаат зад решетки и физички се ликвидираат без судење и истрага“, рече Небензја.

Тој тврди дека западното оружје пристигнува во украинските пристаништа на цивилни бродови. Небензја нагласи дека Русија продолжува систематски да го поткопува воениот потенцијал на режимот во Киев.

„Од 15 до 21 август извршивме еден голем и девет групни напади со високопрецизно оружје и ударни беспилотни летала врз објекти на воена инфраструктура. Во истиот период, беа погодени 14 бродови што ги користат вооружените сили на Украина, вклучувајќи два танкера, десет товарни брода и два патролни чамци“, рече Небензја.

Тој повтори дека Русија нема да се согласи на никаков договор со Украина на штета на сопствените безбедносни интереси.

„Нема да има договори на штета на безбедносните интереси на Русија. Никакви чести состаноци на Советот за безбедност за Украина нема да променат ништо. Сите обиди да ни се наметне замрзнување во форма на прекин на огнот само за да му се даде време на Киев да се прегрупира и вооружи се осудени на неуспех“, рече Небензја.

Тој истакна дека значаен политичко-дипломатски дијалог за конфликтот во Украина нема да биде можен сè додека со Русија се зборува на јазикот на заканите, а реалноста на теренот се игнорира.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Литар дизел од денеска се точи за 101,5 денари, за 1,5 денар повисоки цените и на бензините

Нов скок на цените на нафтените деривати – за прв пат по стартот на војната на Блискиот исток, литар дизел скокна над 100 денари и од полноќ литар се точи по цена од 101,5 денари. 

Литар дизел од денеска се точи за 101,5 денари, за 1,5 денар повисоки цените и на бензините

Со последната одлука на Регулаторна освен зголемување од 3,5 денари кај дизелот за 1,5 се зголемуваат и цените не бенизните. 95-ка од денска се продава по цена од 93 денари, а 98-цата за 95 денари по литар. Во пресметката влегуваат и намалените акцизи, и тоа за 2 денари кај бенизните и за 4 денари кај дизелот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денес попладне нестабилно со пороен дожд

Претпладне времето ќе биде сончево и топло, а попладне и во вечерните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Денес попладне нестабилно со пороен дожд

Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со засилен до силен ветер и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 15 до 21, а максималната ќе достигне од 32 до 38 степени.

Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност, во вечерните часови во делови во котлината ќе има услови за пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 38 степени.

До крајот на работната седмица ќе се задржи сончево и топло време со појава на умерена облачност во текот на денот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер