Фото: „Арапски газели“ жени кои возат скапи и брзи автомобили!!!

„Запознајте ги „Арапските Газели“ жените кои ги освојуваат социјалните мрежи како бура со својата суперпопуларна страница на Инстаграм.

Околу 80 жени од 17 нации се дел од овој исклучителен женски клуб на љубители на супер автомобили.

Овие дами веруваат дека скапите супер автомобили не се наменети само за посилниот пол мажите. Основач на овој клуб е Ханан Мазоузо Собати која претходно посетила состанок на машки клуб љубители на суперавтомобили.

Таа потоа заедно со својата сосетка на тркачка патека го организирала првиот настан, останатото е веќе историја.

Брзо потоа се повеќе на жени се приклучиле на клубот за потоа тие да започнат да парадираат низ градовите со своите сакани суперавтомобили.

Собати раскажала дека кога таа заедно со уште пет други членки на клубот тргнале да го тестираат новиот Ферари Калифорнија Т од 200 000 долари , продавачот бил пресреќен бидејќи веднаш добил две порачки.

Верстапен најбрз на спринтот за Големата награда на Кина

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, победи во спринтот за Големата награда на Кина.

Второто место го зазеде Луис Хамилтон од Мерцедес со заостанување од 13.043 секунди.

Вториот возач на Ред Бул, Серхио Перез беше трет со 15.258, секунди послабо време од победникот.

Ова е осма победа на Верстапен во кариерата во спринт.

Главната трка од Формула 1 шампионатот за Големата награда на Кина ќе се вози утре со почеток во 9 часот по македонско време. /МИА

Северна Кореја тестирала тестирала „супер голема“ боева глава и противвоздушна ракета

Северна Кореја денеска соопшти дека тестирала „супер голема“ боева глава за крстосувачка ракета и нов противвоздушен проектил, пренесува ДПА.

Тестот на „супер-големата“ боева глава дизајнирана за стратешката крстосувачка ракета Хвасал-1 Ра-3 и пробното лансирање на противвоздушната ракета Пјољџи-1-2 се извршени во петокот, објавија државните медиуми.

- Преку пробното лансирање беше постигната зацртаната цел, објави агенцијата КЦНА.

Се наведува дека тестовите биле дел од редовните воени активности на Северна Кореја и дека немаат „никаква врска со ситуацијата во регионот“.

Резолуциите на ОН и забрануваат на Северна Кореја да тестира балистички ракети од кој било дострел, од кои некои се способни да носат нуклеарни боеви глави.

Како одговор на севернокорејската програма за нуклеарно оружје, Соединетите Држави и Јужна Кореја ја зајакнаа воената соработка, вклучително и одржување заеднички маневри. /МИА

Ајакс сака да го покани Чави за главен тренер

Раководството на Ајакс го смета тренерот на Барселона Чави како главен кандидат за тренерското место на тимот од Амстердам, објави „Sport.es“.

Холандскиот фудбалски гигант смета дека 44-годишниот шпански стручњак е способен да го врати клубот на претходното ниво и е подготвен да потпише договор со него до 2026 година.

Во јануари Чави најави дека ќе ја напушти Барселона на крајот на сезоната.

По јавно објавената одлука на Чави за заминување од Барса, тимот загуби само еден натпревар - во четвртфиналето на Лигата на шампионите против ПСЖ (1:4).

Чави за шеф на стручниот штаб на каталонскиот тим беше назначен во ноември 2021 година. /МИА

притисни ентер