Фото: Ајкула проголта помала ајкула во аквариум, па ја исплука! - Канал 5

Фото: Ајкула проголта помала ајкула во аквариум, па ја исплука!

Вработените во аквариумот во Оараи, Јапонија, шокирано го гледале нападот на големата тигар - ајкула која се обидувала 40 минути да проголта помала ајкула! По 40 минути, ајкулата го исплукала својот плен бидејќи не можела да го изџвака!

Фото: Ајкула проголта помала ајкула во аквариум, па ја исплука!
Ајкулата - тигар е ѕвезда во овој аквариум. Таа никогаш не се обидела да напаѓа, но последните неколку денови се однесувала чудно и одбивала храна.

Веројатно прегладнета, таа во раните утрински часови се обидела да изеде двојно помала ајкула од неа.

Неколку пати се обидела да скине парче од помалата ајкула но не успеала поради нејзината цврста кожа.

Потоа се обидела да ја проголта цела, но безуспешно.

По 40 минути се откажала, и го исплукала пленот, а вработените во аквариумот се понадевале дека помалата ајкула ќе преживее.

Сепак, поради повредите кои ги добила, таа угинала по неколку часа.

Shark's worse that its bite: After trying several times to bite a chink out of its smaller relative and failing because if its thick skin, the shark gave up and tried to swallow the smaller shark whole

- Поради ова што се случи во иднина ќе внимаваме повеќе какви ајкули ставаме во ист аквариум, ќе ја имаме предвид нивната големина и можност да нападнат - велат од аквариумот „ Светот на водата“ во Оараи, Јапонија.

Тие се надеваат дека инцидентот нема да ги разбрка посетителите на изложбата „Море на ајкули“./ извор: Дејли меил

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

На скопската обиколница во близина на село Смилковци пронајдено лице без знаци на живот

Министерството за внатрешни работи информира дека утрово  во 06:15 чaсот во СВР Скопје е пријавено дека на обиколница „Мајка Тереза“ во близина на с. Смилковци, скопско пронајдено е лице без знаци на живот. 

На скопската обиколница во близина на село Смилковци пронајдено лице без знаци на живот

-На 21.11.2026 во 06:15 чaсот во СВР Скопје е пријавено дека на обиколница „Мајка Тереза“ во близина на с. Смилковци, скопско пронајдено е лице без знаци на живот. Веднаш по пријавата полициски службеници од СВР Скопје се упатени на лице место, при што е утврдено дека лицето е Ш.Е.(38) од с. Љубин, скопско. Во близина на телото е пронајдено патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, кое претходно го управувал. Од Итна медицинска помош констатирана е смрт, при што е забележана прострелна повреда во пределот на ногата. Извршен е увид од увидна екипа при СВР Скопје. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено во Судска медицина за обдукција. Се преземаат мерки за целосно расчистување на кривично правниот настан,стои во соопштението од МВР .

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Манасиевски: Филипче и СДС од ништо се обидуваат да направат скандал со Алта банка

И кога ова ќе се докаже за некоја недела, нема да добиеме ниту извинување од СДС ниту пак одговорност за ширење на хистерија и паника.

Манасиевски: Филипче и СДС од ништо се обидуваат да направат скандал со Алта банка

Филипче и СДС се обидуваат од ништо да направат скандал со Алта банка.

Филипче и СДС повторно обвинуваат за некаков скандал, односно јавната аукција сакаат да ја претстават како некоја тајна зделка.

Постапката е јавно објавена. На продажба се над 95 проценти од акциите, преку Македонската берза. Првата аукција е закажана за 30 ноември, со почетна цена од 3.777 денари по акција. Јавно се објавени и датумите и правилата за следните аукции. Тоа се факти што секој може да ги провери.

Филипче и СДС повторно се обидуваат преку лажни вести и манипулации да создадат недоверба кај граѓаните.

Едно е јасно. ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи пропаѓање на банка, ниту пак загрозување на стабилноста на банкарскиот систем. Граѓаните да бидат спокојни.

Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

YouTube video

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Македонскиот репрезентативец Мозес Рајт прогласен за МВП на 13-тото коло во Евролигата

Центарот на Олимпија Милано, репрезенативецот на Македонија, Мозес Рајт, е прогласен за најкорисен играч (MVP) во 13-тото коло од Евролигата, по доминантната партија во победата од 78:70  против фаворизираниот Фенербахче.

Македонскиот репрезентативец Мозес Рајт прогласен за  МВП на 13-тото коло во Евролигата

Американецот со македонски пасош го заврши натпреварот со индекс на корисност од 36, што претставуваше најдобар учинок во ова коло во најсилното европско кошаркарско натпреварување.

Рајт во дуелот против центрите на Фенербахџе оствари „дабл-дабл“ учинок со 22 поени, 11 скока и две асистенции, како и една украдена топка.

Тој погоди седум од десетте обиди за два поена, додека од линијата за слободни фрлања беше прецизен осум пати од девет обиди.

Ова е негова трета МВП награда во кариерата, а прва во дресот на миланскиот клуб. Претходните две ги освои минатата сезона како член на Жалгирис, во 28-то и 38-то коло. Тој е, исто така, првиот кошаркар на Олимпија што ја добил оваа награда оваа сезона.

Второто место во изборот му припадна на Двејн Вашингтон од Баерн, кој оствари индекс на корисност од 33 во победата над Басконија (100:81).

Американецот постигна 23 поени, а забележа и седум скока и две асистенции. Трет беше Дарио Бризуела од Барселона со индекс од 31, и покрај поразот на каталонскиот тим од Црвена ѕвезда (100:103). Шпанскиот бек постигна 22 поени, со пет скока и четири асистенции.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер