Фото: Африканските полицајци ги покажаа своите нови автомобили - ќе патролираат во „Golf GTI“ - Канал 5

Фото: Африканските полицајци ги покажаа своите нови автомобили - ќе патролираат во „Golf GTI“

Европа не е единствениот континент каде „VW Golf“ се цени.

Фото: Африканските полицајци ги покажаа своите нови автомобили - ќе патролираат во „Golf GTI“

„Volkswagen“ е присутен во Јужна Африка со децении, а таа земја е позната и по модернизирана верзија на првата генерација на „Golf“, која на пазарот остана до 2009 година.

Наклонетост кон популарниот компакт покажува и полицијата, па органите на редот од градот Дурбан на социјалните мрежи се пофалија со приновата на возниот парк.

Полициската управа на тој јужноафрикански град набави дури 50 примероци од актуелниот „Golf GTI“ од осмата генерација, кои веќе почнаа да патролираат по локалните улици и патишта.

Тоа е верзијата пред редизајнот од почетокот на оваа година, но со респектабилни перформанси.

За ова е свесна и полицијата, па организиран е посебен курс за возење што ќе треба да го помине секој полицаец пред да преземе ново возило.

Под хаубата на „Golf 8 GTI“ се наоѓа 4-цилиндричен „2.0 TSI“ турбо-бензинец, кој во фабричката верзија пред редизајнот има 245 КС. За споредба, ажурираниот модел за 2024 година нуди 20 „коњи“ повеќе.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Божиновска и Ризваноли: Посилно енергетско партнерство за посигурен регион

Посилно енергетско партнерство за посигурен регион – „Колку повеќе сме поврзани како соседи, толку сме посигурни како држави“.

Божиновска и Ризваноли: Посилно енергетско партнерство за посигурен регион

Во рамки на Неформалниот министерски совет на Енергетската заедница во Приштина, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска оствари билатерална средба со министерката за економија на Косово Артане Ризваноли, на која беше потврдена заедничката определба за продлабочување на енергетската соработка меѓу двете земји.

Во фокусот на разговорите беа регионалното енергетско поврзување, сигурноста во снабдувањето, диверзификацијата на енергетските извори и забрзаната интеграција на регионот во единствениот европски енергетски пазар.

Министерката Божиновска истакна дека денешните предизвици бараат партнерства што ги надминуваат националните граници и дека Западен Балкан мора да настапува како поврзан и отпорен енергетски простор.

„Енергетската безбедност денес не се гради поединечно, туку заеднички. Колку повеќе сме поврзани како соседи, толку сме посигурни како држави. Македонија останува силно посветена на регионалната соработка, затоа што само преку заеднички инфраструктурни проекти, интегрирани пазари и координирани политики можеме да обезбедиме стабилно, сигурно и достапно снабдување со енергија за нашите граѓани и стопанството“, истакна Божиновска.

На средбата беше оценето дека регионалната инфраструктурна поврзаност и развојот на нови енергетски коридори претставуваат клучен предуслов за поголема енергетска независност, подобра отпорност на идни кризи и привлекување нови инвестиции во регионот.

Двете министерки ја потврдија подготвеноста за интензивирање на институционалната соработка и за координиран пристап во реализацијата на заедничките енергетски приоритети, во согласност со европските политики и целите на Енергетската заедница.

Божиновска нагласи дека Македонија останува активен и кредибилен партнер во сите регионални иницијативи што придонесуваат за поголема енергетска сигурност, забрзана зелена транзиција и побрза интеграција на Западен Балкан во европскиот енергетски систем.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МО: Презентација на опремата набавена преку Европскиот мировен фонд

Презентација на опремата набавена преку Европскиот мировен фонд, Мисајловски порача дека таа покажува колку е значајна поддршката од ЕУ за зајакнување на капацитетите на Армијата

МО: Презентација на опремата набавена преку Европскиот мировен фонд

Денеска (3 јули) во касарната „Илинден“ во Скопје, во присуство на претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, министерот за одбрана Владо Мисајловски, началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски и амбасадорот на Европската Унија, Михалис Рокас, беше реализирана методско показна вежба и беше извршен приказ на тактичко-техничките средства и опрема, набавени преку Европскиот мировен фонд.

На настанот премиерот Мицкоски порача дека приоритет на Владата е да продолжи да инвестира во македонска Армија, со цел таа да остане конкурентна. Тој се заблагодари на Европската Унија затоа што во македонската Армија препозна квалитет, како и на амбасадорот Рокас, за неговата лична посветеност во реализација на процесите за набавка и испорака на опремата.

„Ми останува само да се заблагодарам на амбасадорот за неговата лична посветеност, на Европската унија, што еве донира и препознава во македонската Армија квалитет, посветеност како армија којашто е составен дел на НАТО алијансата. Исто така би сакал да се заблагодарам на мојот колега од Владата, министерот за одбрана, на заменикот, на луѓето од Министерството за посветената работа. Се разбира сакам да ја искористам оваа прилика да ја истакнам работата на началникот на Генералштабот и да се заблагодарам на неговата неуморна работа и посветеност за да може нашата Армија да изгледа вака како што изгледа, да биде конкурентна, да биде подготвена“, рече Мицкоски и истовремено се заблагодари на сите припадници на македонската Армија.

Министерот Мисајловски ја истакна исклучителната соработка со Европската Унија и Делегацијата на ЕУ во нашава земја кои придонесоа оваа набавка да стане реалност за македонската Армија, што е од особена важност за јакнење на одбранбените капацитети.

„Зад мене може да го видите првиот пакет на опрема што стигна [за што] работиме постојано. Се надевам дека во наредниот период ќе најавиме дополнителни пакети каде што ќе опфатат дополнителна опрема“, рече министерот.

Министерот појасни дека станува збор за целосен грант – директни средства од Европската Унија и додаде дека тоа е резултат на нашата Заедничка европска безбедносна политика, нашиот однос, учеството во операциите на ЕУ и постојаната комуникација.

Амбасадорот на Европската Унија во државава, Михалис Рокас истакна дека безбедноста е суштински дел од европското партнерство, особено имајќи предвид дека во 2024 година потпишавме партнерство за безбедност и одбрана. „Ги гледаме резултатите и гледаме како ова партнерство не само што со себе носи нова опрема, туку вклучува и обука. Гледаме извонредни симулирани вежби од страна на силите“, подвлече тој.

Со поддршка на Европскиот мировен фонд набавена е опрема во вредност од над 40 милиони евра, сегментирана во три пакети од кои опремата од првиот пакет и дел од опремата од вториот пакет се пристигнати во земјава. Станува збор за опрема од различен вид – радари, термални камери, транспортни возила, симулатори, 3Д радар и преносни сензори, додека во рамките на третиот пакет ќе пристигне опрема за логистика и комуникациски и пешадиски единици.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

САД со предупредување до Полска, Русија планира да изврши притисок врз НАТО со напад врз Полска

Москва планира да изврши притисок врз НАТО со напад врз Полска, тврдат извори блиски до Навроцки.

САД со предупредување до Полска, Русија планира да изврши притисок врз НАТО со напад врз Полска

САД ја предупредија Варшава дека Русија планира вооружена „провокација“ против Полска за да ја тестира решителноста на НАТО.

Евентуален напад би можел да вклучува ракетни или беспилотни напади врз клучната полска инфраструктура, па дури и премин на руски војници преку границата на територијата на алијансата, пишува „Индипендент“.

Извори блиски до полскиот претседател Карол Навроцки изјавија за полскиот медиум „Онет“ дека целта на евентуалниот напад во Москва, кој би можел да се случи за неколку месеци, би била да се создадат тензии и да се изврши притисок врз западните сојузници да ја сопрат воената и финансиската помош за Украина.

„САД систематски ја информираат Полска за новите руски планови за конвенционален напад врз источниот крило на НАТО, а Полска во никој случај не е исклучена“, изјави извор близок до полскиот претседател.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер