Фото: Адријана Лима позираше без шминка за шпански Вог - Канал 5

Фото: Адријана Лима позираше без шминка за шпански Вог

Адријана Лима позираше за шпански Вог.

Фото: Адријана Лима позираше без шминка за шпански Вог

43-годишната манекенка позираше без шминка, а на Инстаграм беа објавени фотографии од ноемвриската насловна страна на магазинот.

„Посилна и похрабра од кога било. Адријана Лима се врати да позира за нашата насловна страница“, објави магазинот, додавајќи дека Лима се присетила на раната кариера.

На првата насловна Лима позираше во маица на Кристијан Диор и шешир на „Clyde x Collina Strada“. На втората корица манекенката позираше во црн фустан на Диор.

Во интервју за Вог таа се осврна и на мајчинството. „Тешко е, имам пет деца, а да се биде мајка на 40 не е исто што и да се биде мајка на 20 години, но отсекогаш сум сакала да имам големо семејство и сум млада во срцето. Исто така, сакам да тренирам, тоа е дел од нашата култура овде во Рио де Жанеиро“, рече Лима.

Таа се осврна и на негативните коментари за нејзиниот изглед

"Точно е дека обично се дебелеам многу за време на бременоста, но морам да размислувам за себе. Имав други приоритети. За среќа, ја имав поддршката од моето семејство, а сега сето тоа е во минатото. Модата е за нас жените, кои вообичаено купуваме и сме свесни што се случува таму, така што секој момент во животот треба да се слави и во моментов се чувствувам одлично“, рече таа. Додаде дека во моментов сака да се гледа себеси без шминка.

Најбогатиот ангел на Викторија

Адријана Лима се појави на неодамнешната ревија на Викторија Сикрет, која се одржа во Њујорк по шестгодишна пауза.

Адријана е една од ангелите на Викторија со најдолго служење во историјата на Викторија Сикрет. Бразилката уште во 2014 година го зазеде второто место меѓу најплатените модели во светот. Покрај тоа што долги години беше модел на Викторија Сикрет, Адријана во текот на нејзината кариера соработуваше со бројни луксузни брендови и ги красеше насловните страници на познатите списанија.

Нејзиното богатство се проценува на 95 милиони долари.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Нвидија“ истражува наводи за врски на извршниот директор со осомничена кинеска шпионка

Американскиот технолошки гигант „Нвидиа“ отвори независна истрага по медиумските извештаи дека нејзиниот извршен директор Џенсен Хуанг имал блиски односи со жена осомничена дека е  кинески шпион.

„Нвидија“ истражува наводи за врски на извршниот директор со осомничена кинеска шпионка

Според „Њујорк Тајмс“, американските разузнавачки претставници веруваат дека кинеската бизнисменка Алис Хуанг работела за Пекинг.

Од компанијата соопштуваат дека одборот на директори засега нема причина да верува дека биле компромитирани деловните тајни или националната безбедност на „Нвидиа“.

Хуанг, пак, признал дека бил неверен на сопругата и јавно ѝ се извинил за болката што ѝ ја нанел нејзе и на нивните деца.

Од „Нвидиа“, која е меѓу највредните компании во светот и е клучен производител на хардвер за вештачка интелигенција, порачуваат дека Хуанг и натаму е посветен на водењето на компанијата. Независната истрага треба да ги разјасни наводите и евентуалните последици од неговите контакти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во болница почина убиецот од Полска

 Напаѓач кој во саботата уби шест лица во Краков, Полска, при смртоносен напад на главниот градски плоштад, почина во болница, објави новинската агенција Ројтерс, повикувајќи се на полициски извори.

Во болница почина убиецот од Полска

24- годишниот убиец бил прогласен за мртов во 4:30 часот наутро.

„Уште од самиот почеток, неговата состојба беше многу сериозна, критична. Се водеше постојана борба за спасување на животот на овој човек, и покрај злото што го стори. Тој имаше најмалку три операции“, стои во соопштението.

Нападот на Главниот плоштад во Краков се случи во саботата, околу 15 часот. Дваесет и четиригодишен маж со автомобил влета на плоштадот и почна да пука кон луѓето што се наоѓале таму. Шест лица загинаа, а 16 беа повредени, меѓу кои и полицајците што интервенираа, како и самиот сторител.

Напаѓачот беше застрелан за време на размена на оган со полициски службеници и е приведен. Околностите на нападот и мотивот на сторителот се предмет на тековна истрага во која се вклучени обвинителството и специјалните служби.

Истиот ден, во семејната куќа на Михал О. на улицата Тилна во Островјец Свјентокшиски, полициските службеници пронашле тела на три лица, членови на семејството на напаѓачот. Станува збор за 53-годишен татко, 52-годишна мајка и 21-годишна сестра.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

АЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица

Од денеска, клиентите на АЛТА банка ќе можат да располагаат со поголем износ од своите средства.

АЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица

Неделниот лимит за подигање готовина од банкомат и плаќање со платежни картички се зголемува од 10 на 15 илјади денари. Истовремено, се проширува и мрежата за шалтерска исплата. Од денеска ќе бидат отворени и шалтери и во тетово и во струмица, каде што клиентите кои немаат платежни картички ќе можат да подигнат до 20 илјади денари во период од две недели, исто како и во експозитурата во Битола.

Олеснување, како што најави гувернерот Трајко Славески, ќе има и за идните приливи. Платите, пензиите и социјалните трансфери кои допрва ќе легнуваат на сметките на клиентите, доколку доаѓаат од институции или компании кои имаат сметки во други банки, ќе можат да се повлекуваат во целост..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер