Форумот на жени на СДСМ ќе поднесе пријави против Миленко Неделковски и Сашо Тасевски за омраза и навреди - Канал 5

Форумот на жени на СДСМ ќе поднесе пријави против Миленко Неделковски и Сашо Тасевски за омраза и навреди

Следната недела ќе биде познато дали и каква санкција ќе изрече Фудбалската федерација на Македонија за фудбалерите и членовите на ФК Вардар, кои шампионската титула ја прославија пеејќи вулгарна навивачка песна.

Форумот на жени на СДСМ ќе поднесе пријави против Миленко Неделковски и Сашо Тасевски за омраза и навреди

Следната недела ќе биде познато дали и каква санкција ќе изрече Фудбалската федерација на Македонија за фудбалерите и членовите на ФК Вардар, кои шампионската титула ја прославија пеејќи вулгарна навивачка песна, во која се споменуваат пејачката Каролина Гочева и градот Битола. Од ФФМ за Канал 5 велат дека дисциплинскиот инспектор се уште постапува по случајот, а дека во пракса слични инциденти во минатото завршувале и со суспензија.

Дополнителни реакции во јавноста предизвика и објавата на социјалните мрежи на извршниот директор на Вардар, Миленко Неделковски, кој извинувајќи и се на Гочева, упати навреди кон потпретседателката на Собранието Весна Бендевска. Од Форумот за жени на СДСМ најавија пријави, за како што велат, јавно ширење на омраза кон жените, а побараа и итно разрешување на Неделковски од фукцијата.

-Форумот на жени на СДСМ ги осудува и најавува дека ќе поднесе соодветни пријави. Одговорност мора да има. Бараме Миленко Неделковски веднаш да биде разрешен од функцијата извршен директор на ФК Вардар. Фактот што Унијата на жени на ВМРО не најде сила да ги осуди овие навреди и понижувања е уште една потврда. Молчењето е охрабрување на насилството и соучешништво. До кога ќе молчите?- Каја Шукова – потпретседателка на Форум на жени на СДСМ.

Оградување на клубот од Неделковски побараа и од партијата ЗНАМ, но тој до сега не се огласи по однос на повиците за негово разрешување. Во меѓувреме на социјалните мрежи за в сабота најави и официјална прослава за титулата на Вардар, со свирка од рок бенд на школка во Градски парк.

Скандалозната прослава на шампионската титула на ФК Вардар се случи во петокот во ресторан во Струга, по победата над домаќинот. Од Обвинителството најавија дека соодветно ќе постпат, доколку МВР им достави пријава за дејствија со која се исполнети елементи на кривично дело, бидејки за клевета и навреда законот предвидувал граѓанска, а не кривична одговорност. Од МВР пак велат дека се уште преземаат соодветни активности за видеата споделени на социјалните мрежи..

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Орбан гостин во Гуча на фестивалот на трубачи (ВИДЕО)

Поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан, летниот одмор деновиве го минува во Гуча, србија, каде што се одржува 65-тиот собир на трубачи.

Орбан гостин во Гуча на фестивалот на трубачи (ВИДЕО)

Присутните биле изненадени од ненајавениот гостин, кој го опишуваат како обичен, без дистанца, насмеан, опуштен и подготвен да ужива во скара и пиво.

Српските медиуми објавија и видео на кое се гледа дека Орбан не одбива да прави селфи слики со посетителите и мирно шета по улиците, без видливо обезбедување.

Орбан беше премиер 16 години, пред да ги загуби изборите во април годинава од Петар Маѓар.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нагасаки одбележа 81 година од атомското бомбардирање

Во Нагасаки денеска се одржа комеморација по повод 81-годишнината од американското атомско бомбардирање на градот.

Нагасаки одбележа 81 година од атомското бомбардирање

Во 11.02 часот по локално време, присутните оддадоа минута молчење во чест на жртвите. Токму во тој час на 9 август 1945 година американски бомбардер фрлил атомска бомба врз Нагасаки.Градоначалникот на Нагасаки, Широ Сузуки, во декларацијата за мир порача дека нуклеарното оружје не е „нужно зло“, туку „апсолутно зло“ кое не може да коегзистира со човештвото.

Јапонската премиерка Санае Такаичи порача дека земјата останува посветена на трите ненуклеарни принципи и дека ќе продолжи со „реални и практични“ напори за создавање свет без нуклеарно оружје.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Иран објави снимка од Хамнеи, но непознато е кога и каде е направена

Иранската агенција „Мехр“ објави нова снимка на врховниот лидер на Иран, Модџтаба Хамнеи, во момент кога сè погласни се шпекулациите за неговата здравствена состојба.

Иран објави снимка од Хамнеи, но непознато е кога и каде е направена

На краткото видео, кое „Мехр“ го објави на „Телеграм“ и на својата официјална веб-страница, Хамнеи разговара со група луѓе.

Агенцијата не соопшти кога и каде е направена снимката, ниту пак ги идентификуваше лицата кои се појавуваат со него.

Снимката е објавена откако во медиумите и на социјалните мрежи се појавија тврдења дека Хамнеи бил хоспитализиран и дека неговата здравствена состојба е сериозна. Хамнеи беше избран за врховен лидер во март годинава, откако во воздушен удар беше убиен неговиот татко и неколку членови на семејството, а од тогаш воопшто не се појавил во јавност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер