Формула 1 продадена на американска компанија за 8 милијарди долари! - Канал 5

Формула 1 продадена на американска компанија за 8 милијарди долари!

„Либерти медија“ ја купи Формула еден од компанијата „ Си Ви Си Партнерс“ која го водеше овој спорт од 2005 година. Скај спортс пренесе дека со ова преземање, извршниот директор Берни Еклстон, кој има 5,3% акции од Формула 1, ќе добие повеќе од 356 милиони евра!

Формула 1 продадена на американска компанија за 8 милијарди долари!
Сопственик на компанијата е милијардерот Џон Мелоун, кој прво ќе мора да го плати долгот на „најбрзиот циркус на светот“ кој изнесува 4,1 милијарди долари.

- Ова е еден од најголемите договори во историјата на спортот и еден од најважните моменти во Формула 1. Под водство на Еклстон натпреварувањето во последната деценија доби глобална популарност. Сегашниот сопственик ќе продолжи по тој пат и ќе обезбеди уште повеќе навивачи, посебно во САД - изјави за Би Би Си спортскиот новинар Ден Роан.

Еклстон уште 3 години, во преодниот период, ќе остане во Формула 1.

Договорот се состои од два дела - првата транша се однесува на набавка на 18,7 % а остатокот од 81,3% од Формула 1 „Либерти медија“ ќе ги стекне со одобрение на одредени регулатори, како и од Меѓународната автомобилска федерација.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Теодора Евтимовска-Бојковска е избрана нова судијка во Уставниот суд

Теодора Евтимовска-Бојковска е избрана на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата за предлог за нова судијка во Уставниот суд. 

Теодора Евтимовска-Бојковска е избрана нова судијка во Уставниот суд

Нејзиниот избор следува по оставката на досегашниот уставен судија Гоце Наумовски, со што се пополнува испразнетото место во Судот.

Евтимовска-Бојковска доаѓа од Основниот суд Гостивар, каде што за судијка е избрана во ноември 2008 година. Претходно работела како стручен соработник во Основниот суд Тетово, а во 2023 година Судскиот совет одлучил времено да ја упати на работа во овој суд, во период од една година.

Предлогот за нејзин избор треба да помине и на пленарна седница во Собранието. Уставните судии се избираат со мандат од девет години, без право на повторен избор.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави

Утре Охрид ќе биде домаќин на состанокот на лидерите на земјите учеснички во Процесот Брдо-Бриони.

Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави

Утре Охрид ќе биде домаќин на состанокот на лидерите на земјите учеснички во Процесот Брдо-Бриони, во организација на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова заедно со претседателката на Република Словенија Наташа Пирц Мусар како и претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ.

На состанокот ќе учествуваат претседателот на Албанија, Бајрам Бегај; претседавачката и членовите на претседателството На Босна и Херцеговина, Жељка Цвијановиќ, Денис Беќировиќ и Даријана Филиповиќ; претседателката на Косово, Јустина Широка-Пула; вршителот на должноста претседател на Србија, Александар Чупиќ и претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ. процесот Брдо-Бриони е регионална иницијатива воспоставена во 2013 година со цел европска интеграција на земјите од Западен Балкан и стабилизирање на состојбите преку јакнење на регионалната соработка и решавање на отворените прашања.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Два нови полначи за електрични возила во Општина Ѓорче Петров, донирани од Гоу Грин

Општина Ѓорче Петров доби два нови полначи за електрични возила, донирани од Здружението за  одржлив развој и заштита на животната средина „Гоу Грин“ (Go Green). 

Два нови полначи за електрични возила во Општина Ѓорче  Петров, донирани од Гоу Грин

Полначите, со моќност од по 22 kW, се поставени на општинскиот паркинг на улицата „Ѓорче Петров“ бр. 22, каде што се инсталирани, тестирани и ставени во функција.

Со оваа донација се унапредува инфраструктурата за електрична мобилност во општината и се создаваат подобри услови за користење електрични возила од страна на локалните жители и посетители. Полначите се приклучени на електричната мрежа, со придонес од соларната енергија произведена од фотонапонските панели на општинската зграда. На овој начин, локалното производство на обновлива енергија се поврзува со потребите за полнење електрични возила.

Здружение за одржлив развој и заштита на животната средина „Гоу Грин“ Скопје

Донацијата е реализирана во рамките на проектот Community Mobility Co-operative Pilot (COMOCO), што во Македонија го спроведува „СмартАП - Лабораторија за социјални иновации“, чија цел е развој и тестирање модели за заедничко користење и управување со инфраструктурата за електрична мобилност. Преку соработката со Општина Ѓорче Петров, „Гоу Грин“ придонесува за развој на практични решенија за одржлива урбана мобилност и поголема примена на електричните возила во локалната заедница.

Поставувањето на двата полначи претставува конкретен пример за тоа како соработката меѓу граѓанските организации и локалната самоуправа може да резултира со функционална инфраструктура и долгорочни придобивки за граѓаните. Ваквите иницијативи се важен чекор кон почиста, поодржлива и поефикасна мобилност во урбаните средини.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер