Показна вежба во Ѓорче Петров : Подобра подготвеност и координација за безбедност на повозрасните лица
2Показна вежба во Ѓорче Петров : Подобра подготвеност и координација за безбедност на повозрасните лица
3Николоски: Инвестираме околу 11 милиони евра во проекти да обезбедиме повеќе можности за жителите на Карпош
АвтомобилизамФорд во Франкфурт ќе се претстави со новата Пума Титаниум Х (ФОТО)Форд на Саемот на автомобили во Франкфурт ќе го промовира новиот кросовер.Форд Пума ќе биде претставен во новата верзија Титаниум Х , кој меѓу другото ќе се разликува од претходникот со 18 – инчни алу бандажи и металик сива боја. Производителот се пофали дека тапацирот од сериштата лесно се вади и се пере и дека предните седишта се опремени со лумбален масер, кој според Форд е првиот ваков додаток во овој автомобилски сегмент. Ford Puma Titanium X исто така има безжичен полнач за паметни телефони, систем за отворање и затворање на вратата и премиум аудио-уред со звучници од 575 вати. Купувачите ќе можат да избираат помеѓу две верзии од 1.0-литарскиот EcoBoost трицилиндричен мотор со турбо полнач (заедно со благ хибриден систем од 48 волти), со 125 и 155 КС, додека погонот на сите тркала не е предвиден како опција. Кросоверот Пума ќе се произведува во Романија за европскиот пазар, а ќе пристигне во изложбените салони до крајот на годината. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22Мицкоски ќе присуствува на промоција на проектот за набавка на 100 нови амбулантни возила 08:52Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на правосудниот испит на албански јазик?17:50Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на Правосудниот испит на албански јазик?15:16
Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38
Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22
Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на правосудниот испит на албански јазик?17:50
Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на Правосудниот испит на албански јазик?15:16
ЖивотГерманец го тужеше „Google“ поради снимки од куќа на „Google Maps“Германски суд пресуди дека фотографии од станбени објекти во Германија не смеат да се објавуваат на „Google Earth“ и „Google Maps“ доколку сопствениците се спротивстават. Одлуката уследи откако сопственик на куќа во Франкфурт го тужеше „Google“ поради користење сателитски снимки од неговиот имот. Претходно, истиот сопственик успеа да издејствува заматување на фотографиите од предниот дел на неговата куќа на сервисите „Google Street View“ и „Apple Look Around“. Сега, тој покрена постапка и во врска со снимките од воздух на „Google Earth“ и „Google Maps“. Регионалниот суд во Франкфурт повторно пресуди во негова корист, утврдувајќи дека користењето на такви снимки без негова согласност е незаконско. „Никој не треба да биде принуден да прифати јавно дистрибуирање на снимки од воздух од неговиот имот ширум светот без негова согласност, особено кога фотографиите прикажуваат делови од имотот што не се видливи за јавноста“, се наведува во соопштението на судот. Во овој случај, снимките на „Google Earth“ и „Google Maps“ го прикажуваа и задниот дел од куќата, кој минувачите не можат да го видат од улицата. Судот го обвини „Google“ за шпионирање Судот го обвини „Google“ дека дошол до снимките преку шпионирање, со образложение дека сопствениците на имотите не биле однапред известени оти сателити ќе ги снимаат нивните домови. Поради тоа, тие немале можност навреме да ги покријат деловите од својот имот што не сакале да бидат јавно достапни. Судиите исто така заклучија дека „Google“ не може да го оправда ваквото однесување повикувајќи се на правото на корисниците на интернет да пристапуваат до информации. Судот оцени дека целта на „Google“ – придонесот кон демократизацијата на знаењето и создавањето транспарентно информатичко општество – е легитимна. Сепак, заклучи дека оваа цел не го оправдува навлегувањето во приватниот простор на сопствениците на имоти. Пресудата сè уште не е правосилна, бидејќи постои можност за жалба. Извор: Индекс.хрТагови: Google Германија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОКТА ја продолжи иницијативата за попуст од два денари по литар дизел горивоОКТА продолжува со мерките за поддршка на домашниот пазар на горива, воведувајќи привремен попуст од два денари по литар дизел..Попустот стапува во сила денеска и ќе важи до 2 ноември 2026 година.. намалувањето ќе се однесува на дизел-горивото што ОКТА АД – Скопје им го испорачува на трговците на големо и на мало. крајните малопродажни цени и понатаму ќе ги определуваат самите трговци, согласно со своите комерцијални политики и актуелните пазарни услови.. Со попусот на ОКТА, цената на дизелот ќе изнесува 97 денари.. цената што вчера ја испорача регулаторна изнесуваше 99 денари за литар..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПоказна вежба во Ѓорче Петров : Подобра подготвеност и координација за безбедност на повозрасните лицаВо Пензионерскиот дом во Општина Ѓорче Петров денеска се одржа показна вежба за постапување при пожар, со цел проверка на подготвеноста за итни ситуации, координацијата меѓу надлежните служби и процедурите за безбедна евакуација на повозрасните лица.Вежбата се реализираше по повод Меѓународниот ден за намалување на ризиците од катастрофи, под мотото „Отпорноста започнува дома“, со акцент на превенцијата и заштитата на граѓаните на кои им е потребна дополнителна поддршка. Во вежбата учествуваа просторните сили за заштита и спасување на Општина Ѓорче Петров, Пожарната бригада на Град Скопје, Центарот за управување со кризи (ЦУК), Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Црвениот крст, Полициската станица од општа надлежност Ѓорче Петров и СВР Скопје, заедно со раководството и персоналот на Пензионерскиот дом. На настанот присуствуваа претставници на локалните и националните институции и постојаниот претставник на УНДП, Армен Григорјан. Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски ја истакна важноста на практичната подготовка и заедничкото дејствување на институциите. -Безбедноста на нашите сограѓани е приоритет, а повозрасните лица заслужуваат особено внимание и грижа. Во итни ситуации секоја секунда е важна. Со ваквите вежби ја проверуваме подготвеноста, ги унапредуваме процедурите и ја зајакнуваме координацијата меѓу службите. Благодарност до сите учесници и до УНДП за партнерството и поддршката во градењето побезбедна и поотпорна општина - порача Стојкоски. Постојаниот претставник на УНДП, Армен Григорјан, нагласи дека отпорноста започнува дома, но се гради заеднички. -Затоа е важно редовно да ги проверуваме процедурите, да ја подобруваме координацијата меѓу институциите и да бидеме сигурни дека секој може навремено и безбедно да биде евакуиран - изјави Григорјан. Повозрасните лица се меѓу најранливите категории при катастрофи. Ограничената подвижност, здравствените состојби и потребата од помош при евакуација ја нагласуваат важноста на јасните процедури, обучениот персонал и навремената интервенција. Целта е ваквите практични вежби да станат редовна практика и да придонесат за постојано унапредување на локалниот систем за заштита и спасување, затоа што навремената подготовка и добрата координација можат да спасат животи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook