Форд развива „предавнички систем“- автомобилот сам ќе снима престапи и ќе пријавува во полиција - Канал 5

Форд развива „предавнички систем“- автомобилот сам ќе снима престапи и ќе пријавува во полиција

Компанијата „Форд“ работи на патент за систем за камери што автоматски ги пријавува возилата кои возат со брзина поголема од дозволената до властите.

Форд развива „предавнички систем“- автомобилот сам ќе снима престапи и ќе пријавува во полиција

Овој систем, наречен „Системи и методи за откривање на прекршувања на ограничувањата на брзината“, може значително да го промени начинот на кој се спроведуваат сообраќајните закони.

Форд ја поднесе апликацијата за патент на 12 јануари 2023 година, а Канцеларијата за патенти и трговски марки на САД (USPTO) ја објави апликацијата на 18 јули. Системот работи така што опремените автомобили откриваат возила кои патуваат над дозволената брзина и користат камери за да ги снимаат тие возила. Потоа, собраните податоци за брзината и сликите на возилото се испраќаат директно до полиција.

Овој систем вклучува и испраќање на GPS податоци, што овозможува точна локација на сторителот. Форд изјави дека овој систем ќе ја олесни работата на полицијата, бидејќи нема да мора сама ги идентификува прекршувањата и да учествува во претресите. Исто така, дел од работата би можела да се префрли на автономни возила, кои би можеле да бидат опремени за откривање на пребрзо возење, пишува Local12.

И покрај тоа што идејата е иновативна, се поставува прашањето како правно ќе се регулира ситуацијата, бидејќи вистинските полицајци не би биле присутни за да бидат сведоци на наводниот прекршок. Во моментов, стационарни камери за брзина издаваат казни врз основа на регистарски таблички, но не можат да го потврдат идентитетот на возачот.

Форд често поднесува барања за патенти за нови технологии, но не секој патент се имплементира во производството. Останува да видиме дали овој систем навистина ќе стане дел од секојдневната контрола на сообраќајот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кичевец управувал возило за време на активна забрана, предизвикал сообраќајна незгода и одбил да му биде извршен алкотест

Тој, со возилото „фолксваген голф“ со кичевски регистарски ознаки, кое го управувал, на кружен тек на ул.„Борис Кидрич“ удрил во бетонски рабник и излетал од патот. 

Кичевец управувал возило за време на активна забрана, предизвикал сообраќајна незгода и одбил да му биде извршен алкотест

На 09.09.2026 во 03:10 часот на магистрален пат Охрид - Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода Д.С.(32) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Тој, со возилото „фолксваген голф“ со кичевски регистарски ознаки, кое го управувал, на кружен тек на ул.„Борис Кидрич“ удрил во бетонски рабник и излетал од патот. При преземање мерки во врска со незгодата било констатирано дека го управувал возилото за време на активна забрана за управување со моторно возило од Б категорија. Тој одбил да му биде извршен алкотест, а по наредба на јавен обвинител возилото е одземено.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Татра направи вистински ѕвер за војската: Овој камион има 19-литарски V12 мотор

„Force 8x8“ може да има максимална бруто тежина до 44 тони, додека носивоста е дури 25,5 тони.

Татра направи вистински ѕвер за војската: Овој камион има 19-литарски V12 мотор

Чешкиот специјализиран производител на возила Татра ја претставува новата генерација на моделот „Force“ во воената конфигурација 8x8 на саемот „MSPO“ во полскиот град Киелце.

Ова е тежок тактички и логистички камион со рамна платформа и целосно нова продолжена кабина за до шест члена на екипажот. Кабината има 4 врати, подобрени безбедносни системи и дигитализирана контролна табла.

Погонскиот склоп привлекува најголемо внимание. Камионот користи нов електронски контролиран, воздушно ладен мотор Татра „T3D-930 V12“ со работна зафатнина од дури 19 литри. Развива 450 kW, или околу 612 КС, и е поврзан со автоматски менувач од „Allison“.

„Force 8x8“ може да има максимална бруто тежина до 44 тони, додека носивоста е дури 25,5 тони.

Новиот модел е наменет за тешки воени и логистички задачи, каде што големата носивост и можноста за движење по тежок терен се од клучно значење, пишува Ревија ХАК.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Ја поддржуваме идејата на ЛДП - СДСМ веќе даде предлог закон за двојно државјанство

СДСМ веќе даде предлог-закон за двојно државјанство. Да важи и за пратениците од овој состав, да важи за министрите, владините функционери, директорите на јавните претпријатија. 

СДСМ: Ја поддржуваме идејата на ЛДП - СДСМ веќе даде предлог закон за двојно државјанство

Законот да важи за сите.

Нека се врати законот во Собранието.

Додека траеја прославите за 35 години независност, Законот за ограничување на двојното државјанство на функционерите остана заглавен во фиока.

СДСМ уште претходно предложи јасно и доследно решение:

• Да важи за пратениците од актуелниот состав.

• Да важи за министрите и сите владини функционери.

• Да важи за директорите на јавните претпријатија.

• Да важи за сите носители на јавни функции – без исклучоци и без „половични“ решенија.

Нема место за двојни стандарди.

Нема место за молчење на оние што сами го предложија законот, а сега го избегнуваат.

Нема место за функционери кои земаат плата од државата, а лојалноста им е поделена.

СДСМ ја поддржува иницијативата на ЛДП.

Бараме законот веднаш да се врати на дневен ред во Собранието и да се донесе без одложувања и без компромиси.

Вистинската независност и вистинскиот патриотизам се докажуваат со лојалност кон една држава - Македонија.

Само не може да важи за Стоилковиќ, неговите колеги од БИА што го слават Ратко Младиќ и началникот на медиумите Латас.

За големите српски националисти, агенти на службата за безбедност на Србија - не може да важи.

Тие мораат да имаат две државјанства. Треба да ја спроведуваат српската и руската агенда и да се чувствуваат како дома и овде и таму.

За сите останати - мора да важи.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер