Форд планира во Европа да го врати легендарниот модел Капри - Канал 5

Форд планира во Европа да го врати легендарниот модел Капри

Најатрактивниот модел на Форд во Европа се произведуваше до 1986 година.

Форд планира во Европа да го врати легендарниот модел Капри

Она што беше Мустангот за Америка, Капри беше за Европа. Атрактивното купе беше претставено во 1968 година, а благодарение на американизираниот изглед набрзо се здоби со култен статус. По неговото пензионирање, Форд не го напушти купето, но ниту еден модел не постигна значителен успех.

Сега Капри треба да се врати. Форд веќе одлучи во Европа да ја прекине програмата на класични автомобили и да ги задржи само зголемените, а идејата за оживување на Капри не оди подалеку од името.

Во Форд, очигледно инспирирани од успехот на Пума, решиле да го повторат рецептот. Последните извештаи велат дека по Explorer, европскиот пазар ќе добие уште еден електричен модел кој ќе ја носи значката на Ford и технологијата на Volkswagen. Тоа ќе биде вториот модел на Ford базиран на MEB.

Во неодамнешното интервју за британскиот Autocar, шефот на европската гранка за дизајн, Амко Ленартс, потврди дека оживувањето на класичните имиња е важна тактика на брендот. Тој јасно посочи дека ретро дизајнот не е решението, но и дека тотално нова интерпретација е многу поинтересна. Во исто време, тој рече дека „на публиката ѝ се допаѓа тоа што враќаме познати имиња и ги носиме на нова територија“.

Ленартс истакна дека новиот модел ќе донесе дизајнерски пробив, пред сѐ затоа што повратните информации досега беа лоши. „Она што навистина ме повреди е тоа што велеа дека сме здодевни. И тоа беше делот во кој навистина се вклучив“, рече Ленартс. „Реков: „Во ред, мораме да излеземе со уникатни предлози: дизајн на автомобил кој е јасно различен, кој нуди единствена перспектива што никој друг ја нема“.

Тој пресврт го најави Explorer, а сега се подготвува нов модел опишан како „спортски кросовер“. Ленартс ветува емотивен, па дури и секси дизајн и вели дека нема да изгледа досадно. Иако не потврди дека тоа е Капри, сѐ повеќе се шушка дека Форд го избрал тоа име. Кој знае, можеби наскоро ќе се вратат и Сиера, Таунус, па дури и Scorpio.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претседателката на Европската централна банка - Кристин Лагар се повлекува од функцијата, веќе не сака да молчи

Претседателката на Европската централна банка - Кристин Лагард ќе се повлече 9 месеци порано од својата функција, бидејќи како што вели, повеќе не сака да молчи.

Претседателката на Европската централна банка - Кристин Лагар се повлекува од функцијата, веќе не сака да молчи

Лагард се пожали дека неутралноста која се очекува од централните банкари, која ја опиша како „цената за нивната независност„ повеќе не е нешто што може да го прифати. Околу тоа која од европските монетарни политики лагард ја смета за погрешна, засега нема информации, меѓутоа, нејзината оставка доаѓа откако ЕЦБ ги остави своите клучни каматни стапки непроменети, со депозитна стапка од 2,5%.

Иако одлуката била едногласна, таа порача на пазарите дека оваа пауза може да трае само до декември. Лагард пред оваа функција беше и директор на Меѓународниот монетарен фонд.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Монтреал Канада, денеска се оддржува самитот ЕУ-Канада

Во Монтреал Канада, денеска се оддржува самитот ЕУ-Канада каде се очекува подетална разработка на партнерството кое иницијално беше наречено придружно членство на Канада во ЕУ,

Во Монтреал Канада, денеска се оддржува самитот ЕУ-Канада

Во Монтреал Канада, денеска се оддржува самитот ЕУ-Канада каде се очекува подетална разработка на партнерството кое иницијално беше наречено придружно членство на Канада во ЕУ, меѓутоа, Германија, Италија, Франција и Грција се спротивставија на оваа формулација, наведувајќи дека создава правна несигурност и преседан за други земји.

Сепак, на овој самит се очекува да се прошири соработката во повеќе клучни и стратешки области, вклучувајќи ја безбедноста и Арктикот, трговијата и инвестициите, со што Канада би ја заменила досега традиционалната улога на Соединетите Американски Држави како најголем партнер на ЕУ надвор од Европа.

И Канада и ЕУ се обидуваат да создадат алтернативни партнерства без САД под водство на претседателот Доналд Трамп, со оглед на неговите закани за царини кон ЕУ но и реториката дека ќе ја претвори Канада во 51-та држава на САД, што силно ги потресе добрососедските односи меѓу двете северноамерикански држави.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Четворица италијански државјани загинаа при уривање на воен хеликптер на ЕУФОР во Босна и Херцеговина

Четворица италијански државјани загинаа вчера при уривање на воен хеликоптер на ЕУФОР во близина на градот Горице во Босна и Херцеговина.. 

Четворица италијански државјани загинаа при уривање на воен хеликптер на ЕУФОР во Босна и Херцеговина

Мисијата ЕУФОР потврди дека нивниот авион се урнал за време на рутинска операција во областа Брчко..

Повредени се 12 лица.

Во несреќата не е оштетен цивилен имот или инфраструктура и нема повредени цивили.. Од ЕУФОР најавија целосна и темелна истрага за инцидентот и ќе објават повеќе информации откако ќе се утврдат сите факти.

Во исто време, ги повикаа граѓаните да ги следат само официјалните канали за да избегнат дезинформации..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер