3ЦУК: Сѐ уште се активни пожарите што изминатите неколку дена горат во општините Струга, Македонски Брод и Чучер-Сандево
МакедонијаФондацијата „Фросина Кулакова“ и МВР потпишаа меморандум за заедничка борба за поголема безбедност во сообраќајотФондацијата „Фросина Кулакова“ информира дека започнува официјална соработка со Министерство за внатрешни работи преку потпишување на Меморандум за соработка, со јасна и заедничка цел - унапредување на безбедноста во сообраќајот.Фондацијата „Фросина Кулакова“ информира дека започнува официјална соработка со Министерство за внатрешни работи преку потпишување на Меморандум за соработка, со јасна и заедничка цел - унапредување на безбедноста во сообраќајот и спречување на трагедии. Оваа соработка е природно продолжение на мисијата на Фондацијата, која од своето основање работи на создавање долгорочна и одржлива платформа за подигнување на јавната свест, развој на општествено одговорни кампањи и обезбедување психосоцијална и правна поддршка за семејствата погодени од сообраќајни несреќи. Во сржта на оваа иницијатива е убедувањето дека животот не е случајност, туку одговорност - лична, институционална и општествена. Меморандумот претставува конкретен чекор кон градење систем што не реагира само по трагедиите, туку активно работи на нивна превенција, на навремено препознавање на ризиците и на заштита на човечкиот живот како највисок приоритет. Фондацијата „Фросина Кулакова“ е основана во чест на Фросина, чиј млад живот трагично згасна на 22-годишна возраст во сообраќајна несреќа на пешачки премин. Нејзината приказна останува силен потсетник за потребата од промена, но и двигател за создавање култура на грижа, правда и одговорност. Соработката со Министерството ќе овозможи реализација на заеднички активности и јавни кампањи насочени кон подигнување на свеста за безбедноста во сообраќајот, поттикнување одговорно однесување, јакнење на превентивните механизми и обезбедување поддршка за жртвите и нивните семејства. Фондацијата, која својата работа симболично ја започна со донаторската вечер „Threads of Light“, преку која ја обедини уметноста, музиката и граѓанската свест во повик за општествена одговорност, продолжува да ја развива својата улога како активен чинител во креирањето промени. Нејзиниот пристап е јасен – тишината по трагедиите да се претвори во глас за промена и во континуиран притисок за посериозен, поправеден и поодговорен систем. Последните сообраќајни несреќи уште еднаш потврдуваат дека безбедноста во сообраќајот не е само прашање на санкции, туку и на свест, култура и заедничка одговорност. Само преку координирано делување може да се спречат трагедии и да се заштитат човечки животи. Фондацијата „Фросина Кулакова“ останува доследна на својата мисија – да обезбеди поддршка, да поттикне промени и да придонесе кон општество во кое ваквите трагедии нема да се повторуваат. Фросина засекогаш останува нашата најголема болка, но и нашата најсилна причина да продолжиме да се бориме за побезбеден и поодговорен сообраќај за сите.Тагови: Фросина Кулакова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
АвтомобилизамТатра направи вистински ѕвер за војската: Овој камион има 19-литарски V12 мотор„Force 8x8“ може да има максимална бруто тежина до 44 тони, додека носивоста е дури 25,5 тони.Чешкиот специјализиран производител на возила Татра ја претставува новата генерација на моделот „Force“ во воената конфигурација 8x8 на саемот „MSPO“ во полскиот град Киелце. Ова е тежок тактички и логистички камион со рамна платформа и целосно нова продолжена кабина за до шест члена на екипажот. Кабината има 4 врати, подобрени безбедносни системи и дигитализирана контролна табла. Погонскиот склоп привлекува најголемо внимание. Камионот користи нов електронски контролиран, воздушно ладен мотор Татра „T3D-930 V12“ со работна зафатнина од дури 19 литри. Развива 450 kW, или околу 612 КС, и е поврзан со автоматски менувач од „Allison“. „Force 8x8“ може да има максимална бруто тежина до 44 тони, додека носивоста е дури 25,5 тони. Новиот модел е наменет за тешки воени и логистички задачи, каде што големата носивост и можноста за движење по тежок терен се од клучно значење, пишува Ревија ХАК.Тагови: Татра Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Ја поддржуваме идејата на ЛДП - СДСМ веќе даде предлог закон за двојно државјанствоСДСМ веќе даде предлог-закон за двојно државјанство. Да важи и за пратениците од овој состав, да важи за министрите, владините функционери, директорите на јавните претпријатија. Законот да важи за сите. Нека се врати законот во Собранието. Додека траеја прославите за 35 години независност, Законот за ограничување на двојното државјанство на функционерите остана заглавен во фиока. СДСМ уште претходно предложи јасно и доследно решение: • Да важи за пратениците од актуелниот состав. • Да важи за министрите и сите владини функционери. • Да важи за директорите на јавните претпријатија. • Да важи за сите носители на јавни функции – без исклучоци и без „половични“ решенија. Нема место за двојни стандарди. Нема место за молчење на оние што сами го предложија законот, а сега го избегнуваат. Нема место за функционери кои земаат плата од државата, а лојалноста им е поделена. СДСМ ја поддржува иницијативата на ЛДП. Бараме законот веднаш да се врати на дневен ред во Собранието и да се донесе без одложувања и без компромиси. Вистинската независност и вистинскиот патриотизам се докажуваат со лојалност кон една држава - Македонија. Само не може да важи за Стоилковиќ, неговите колеги од БИА што го слават Ратко Младиќ и началникот на медиумите Латас. За големите српски националисти, агенти на службата за безбедност на Србија - не може да важи. Тие мораат да имаат две државјанства. Треба да ја спроведуваат српската и руската агенда и да се чувствуваат како дома и овде и таму. За сите останати - мора да важи. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11Перпарим Бајрами, обвинет во случајот на Државна лотарија, се предал на македонските власти09:08Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста18:19Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста15:16Македонија одбележува 35 години независност 08:09
МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче сами си се препознаа во талогот во општествотоПретседателот на владата Христијан Мицкоски никаде во својот говор на 8ми септември не ги спомена ниту нарече СДС и Венко Филипче за талог во општеството.Очигледно сами си се препознаа. Но тоа е фројдовскиот синдром кај СДС затоа што и тие знаат дека се фабрика за нихилизам, и поделби, кои дури и од прославата за 8ми септември сакаат да направат поделби и расеат омраза. Нивните фрустрации и завист се на најголемо и највисоко ниво. И затоа воопшто не сме изненадени што самите се пронајдоа во терминот талог. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11Перпарим Бајрами, обвинет во случајот на Државна лотарија, се предал на македонските власти09:08Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста18:19Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста15:16Македонија одбележува 35 години независност 08:09
МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11