Фонда за иновации: Процедурата за првиот јавен повик од Планот за економски раст е транспарентна

Фондот за иновации и технолошки развој тврди дека процедурата по која е спроведен првиот јавен повик од Столб 3 на Планот за економски раст на Владата на РМ е целосно транспарентна.

- Ги поздравуваме сите повици да се испита работата на Фондот и ги повикуваме сите надлежни органи да го сторат тоа неодложно. Како и досега остануваме целосно транспарентни и отворени за одговор на сите прашања и дилеми кои се поставуваат во јавноста, се вели во денешното соопштение од Фондот за иновации.

Оттаму потсетуваат дека на првиот јавен повик од Третиот столб се јавиле 236 компании од земјата, а 80 од нив кои ги исполниле критериумите ги добиле бараните средства во првиот инвестициски бран. Исто толку компании, додаваат од Фондот, ќе добијат средства во рамките на вториот инвестициски бран од Првиот повик.

- Би сакале да потенцираме дека Фондот ни досега, ниту во иднина, вршел или ќе врши дискриминација на компаниите по било која основа. Компаниите се оценуваат единствено според квалитетот на понудените проекти и придобивките од нив. Истовремено Фондот нема мандат, ниту обврска да врши анализа на сопственичкиот капитал на компаниите кои аплицираат, ниту да врши проценка на нивната политичка подобност, се истакнува во соопштението.

Од Фондот за иновации посочуваат дека критериумите кои компаниите треба да ги исполнуваат за да може да аплицираат, документација која треба да биде доставена, какви активности и трошоци се подобни за ко-финансирање, критериумите за оценување на проектна апликација како и начинот на пред-селекција и евалуација и роковите поврзани со тоа се јасно наведени и објавени во Јавниот повик и правилниците. (http://www.fitr.mk/portfolio-item/stolb3/)

Пред-селекцијата за првиот повик ја спровеле 80 надворешни лица, експерти од 22 области, кои преку Јавен повик ги ангажирал Фондот.

- Апликациите кои во просек добија најмалку 51 поен поминаа во фазата на селекција. Финалната селекција ја прави Комитет за одобрување на инвестиции на Фондот кој е составен од петмина странски експерти со минимум десетгодишно меѓународно искуство во областа на инвестициите и иновациската дејност, појаснуваат од Фондот за иновации.

Оттаму додаваат и дека избраните компании биле јавно објавени на интернет - страницата на ФИТР со информации за износот на доделените средства, влогот на компанијата и според кој инструмент (технолошки развој или иновативност) се финансирани и истакнуваат дека стојат на располагање за сите дополнителни информации.

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер