Фон дер Лајен : Сакаме иднина во која Косово и Западен Балкан ќе бидат дел од ЕУ

Шефицата на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен ги повика Косово и Србија во Приштина да го надминат заострениот спор околу границата и повторно да се вклучат во преговорите со посредство на Брисел.

Силите на НАТО во понеделникот ги зголемија патролите на Косово во близина на граничните премини блокирани од локалните Срби, разгневени од забраната за влез на автомобили со српски регистарски таблички во земјата, во услови на најновите тензии меѓу соседите.

„Знам што значи да се надминат споровите. Јас доаѓам од земја што и` ја донесе Втората светска војна на светот и е одговорна за Холокаустот“, рече шефицата на ЕК при посетата на соседниот главен град пред ЕУ -Балканскиот самит на 6 октомври..

Србија, Косово, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија и Македонија се стремат кон членство во ЕУ, но нивниот напредок стагнира откако Европската унија во 2003 година вети дека ќе ги прифати откако ќе ги исполнат сите критериуми.

Косово прогласи независност во 2008 година и е поддржано од САД, Велика Британија и повеќето членки на Унијата. Но, Србија не ја признава независноста на Косово и го блокира признавањето на Косово во Обединетите нации.

И Косово и Србија, која е официјален кандидат за членство во ЕУ, мора да ги подобрат односите доколку сакаат да се приклучат на блокот. Нивните преговарачи се упатија кон Брисел на последната рунда преговори со посредство на ЕУ.

"Се надевам дека ќе излезат со силен мандат за преговори. Тоа е најдобриот начин да се реши проблемот и да се продолжи напред. Длабоко сум убедена дека е многу важно да се деескалира ситуацијата и да се врати на дијалог што е конструктивен “, рече Фон дер Лајен.

„Сакаме иднина во која Косово и целиот Западен Балкан се дел од Европската унија“, додаде таа.

И покрај силната поддршка на Комисијата за членството на Западен Балкан во ЕУ, блокот од 27 нации е поделен околу темпото на „проширување“, а особено околу тоа дали да започнат пристапни преговори со Албанија и Македонија.

Нуркачи снимија како изгледа силен земјотрес под вода: Сега имам уште еден страв (ВИДЕО)

Страшно искуство е да се почувствува силен земјотрес, а група нуркачи го доживеале под вода додека јачината била 7,2 степени според Рихтеровата скала.

Видеото се рашири на социјалните мрежи, а корисниците пишуваат дека откако го погледнале, се наежиле и откриле нов страв.

На видеото се гледаат неколку нуркачи како пливаат меѓу коралниот гребен и уживаат во живописната глетка. Но, сè се менува кога ќе започне земјотресот. Прашина и нечистотија од морското дно се креваат и изгледаат како морничава магла.

So this is what an earthquake looks like underwater
byu/Literally_black1984 ininterestingasfuck

Се гледаат и нуркачи како се држат до коралите додека водата се движи побрзо и побрзо. „Да, мора да е кошмар“, „Изгледа страшно“, „Морничаво“, се само дел од коментарите.

Ужас во Англија: 80- годишен човек е запален во двор, соседите слушнале крици (ВИДЕО)

Две лица се уапсени откако полицијата пронашла изгорено тело на маж во задната градина на домот на едно „многу повлечено“ семејство, како што ги опишале соседите во Бредфорд.

Соседите во тивка уличка во Бредфорд пријавиле дека слушнале врисоци пред да видат како чад се издига зад куќата. Според извештаите, жртвата била 80-годишен маж кој живеел во куќата со помлада жена и нејзиниот син, објави Сан.

Многумина во соседството биле убедени дека човекот починал, затоа што не го виделе од пандемијата на коронавирус.

„Од градината доаѓаше чад, но не можевме да влеземе бидејќи портата беше затворена. Се обидовме насилно да ја отвориме портата и можевме да видиме крв и осакатено тело. Не можев да верувам, беше како нешто од хорор филм“, рекол соседот Мухамед.

„Семејството буквално никогаш не излегуваше надвор, тие се многу повлечени. Ова се случи целосно од ведро небо и сите се многу шокирани од тоа“, рече друг сосед кој сакал да остане анонимен.

Полицијата денеска соопшти дека го идентификувала телото на возрасен маж, но дека се уште се обидуваат официјално да го идентификуваат мажот и да им влезат во трага на неговите најблиски.

„Според информациите достапни во овој момент, ова го третираме како истрага за убиство. Мојот тим работи на утврдување на околностите кои довеле до смртта на човекот. Имаме две лица во притвор и не бараме никој друг во врска со овој инцидент, што се случи во тивка станбена улица, разбирам дека овој инцидент предизвика загриженост во пошироката заедница и има многу шпекулации за тоа што се случило и кој бил инволвиран.“

На местото на настанот се испратени пожарникарски екипи, полиција и брза помош, а соседите велат дека досега не виделе толку големо присуство на итните служби.

Противпожарната и спасувачка служба во Западен Јоркшир соопштија дека екипите го изгаснале пожарот на имотот.

„Ова беше многу шокантен инцидент за многу тивка и мирна заедница“, рече локалниот лабуристички советник Сајмон Канингам.

Иранските пораки ги намалија цените на нафтата

Цените на нафтата денеска паднаа на 86 долари на меѓународните пазари, бидејќи инвеститорите беа смирени од пораките од Иран по „сомнителниот“ инцидент со беспилотни летала, намалувајќи ги стравувањата од ескалација на израелско-иранскиот конфликт.

На лондонската берза цената на барелот по пладне беше пониска за 72 центи во однос на затворањето на тргувањето вчера и изнесуваше 86,39 долари.

На американскиот пазар барелот за испорака во мај се тргува по пониска цена од 66 центи, по 82,07 долари. Речиси за исто толку падна и цената на барелот за испорака во јуни и се лизна на 81,42 долари.

Пазарите утрово беа катапултирани од извештаите на западните медиуми за експлозија во близина на иранскиот град Исфахан. Американската ТВ компанија ABC објави, цитирајќи неименуван американски функционер, дека израелски проектили погодиле локација во Иран.

Иранската државна телевизија објави дека „на небото над Исфахан биле забележани три дронови. Системот за противвоздушна одбрана бил активиран и ги уништил беспилотните летала“. Иранските медиуми не го спомнаа Израел во извештаите, а еден аналитичар изјави за државната телевизија дека беспилотните летала се управуваат од луѓе кои се инфилтрирале во Иран.

Техеран го минимизираше инцидентот и посочи дека не планира да реагира. Пораката беше најјасно дадена од висок ирански функционер, кој за Ројтерс изјави дека Техеран не планира одговор во овој момент.

Берзите стравуваат од ескалација откако Техеран објави одговор на израелскиот напад врз иранскиот конзулат во сирискиот главен град Дамаск, во кој загинаа неколку високи ирански воени претставници и конзуларни претставници.

Иран пред десет дена испрати стотици беспилотни летала и проектили во Израел, кои главно беа соборени од системот за противвоздушна одбрана. Никој не беше убиен и беше предизвикана само ограничена штета, но Тел Авив сигнализираше дека планира одговор, и покрај предупредувањето на САД дека нема да ги поддржи нивните офанзивни акции.

„Почетниот скок на цените на нафтата можеби ги нагласи првичните стравувања од понатамошна ескалација, но видовме дека пазарите на капитал и нафта го сменија курсот по тие прелиминарни потези“, рече Џошуа Махони од Scope Markets.

Инвеститорите очекуваа одговор на Израел на нападите со ирански беспилотни летала и постепено намалување на премијата за ризик, па цената на нафтата падна за повеќе од четири отсто од понеделникот, забележува Ројтерс.

Но, тензијата сè уште не е целосно смирена бидејќи Иран е трет по големина производител на нафта во Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК), според податоците на Ројтерс, така што ескалацијата би загрозила значителен дел од понудата, забележува Бјарне Шилдроп од СЕБ.

Американските пратеници укажаа дека би можеле да воведат санкции за извозот на нафта од Иран, вклучувајќи ги во пакетот помош за Украина во очекување на гласање во Конгресот. Предложени се казнени мерки за бродови, пристаништа и рафинерии кои преработуваат иранска нафта и за трансакции на кинески финансиски институции поврзани со купување на иранска нафта.

Одделно, ОПЕК објави дека барел од нафтената кошница на нејзините членки вчера се намалила за 2,29 долари на 87,35 долари.

притисни ентер