Шпанската полиција ја истражува смртта на фудбалерот на Тенерифе, што го очекува голманот со кој се судри?
1Шпанската полиција ја истражува смртта на фудбалерот на Тенерифе, што го очекува голманот со кој се судри?
СветФон дер Лајен од Париз најави 200 милијарди евра инвестиции во вештачката интелигенција Според неа, создавањето голема инфраструктура за вештачка интелигенција е потребна за да се овозможи отворен заеднички развој на нејзините најкомплексни модели и Европа да стане „континент со вештачка интелигенција“. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска на Самитот за иднината на вештачката интелигенција во Париз најави нова иницијатива на ЕУ наречена „ИнвестАИ“, чија цел е мобилизирање на 200 милијарди евра за инвестиции во развојот на вештачката интелигенција, како и нов европски фонд вреден 20 милијарди евра за поддршка на овој индустриски сектор. Според неа, создавањето голема инфраструктура за вештачка интелигенција е потребна за да се овозможи отворен заеднички развој на нејзините најкомплексни модели и Европа да стане „континент со вештачка интелигенција“. - Вештачка интелигенција ќе ја подобри нашата здравствена заштита, ќе ги поттикне нашите истражувања и иновации и ќе ја зајакне нашата конкурентност. Сакаме вештачката интелигенција да биде сила за доброто и за растот, рече Фон дер Лајен. Таа порача дека за таа цел ЕУ го користи својот сопствен европски пристап, заснован на отвореност, соработка и користење талентот, кој сепак треба да се надополни. - Затоа, заедно со нашите земји членки и со нашите партнери, ќе мобилизираме капитал без преседан преку „ИнвестАИ“ за европските гигафабрики за вештачка интелигенција. Ова уникатно јавно-приватно партнерство за вештачката интелигенција, слично на ЦЕРН, ќе им овозможи на сите наши научници и компании, не само најголемите, да ги развијат најнапредните модели потребни за Европа да стане „континент со вештачка интелигенција“, истакна Фон дер Лајен. Поддршка на иницијативата најави и претседателката на Европската инвестициска банка (ЕИБ), Надија Калвињо, според која, вештачката интелигенција е клучен двигател на иновациите и продуктивноста. - Заедно со Комисијата на ЕУ, групацијата на ЕИБ ја засилува поддршката за вештачката интелигенција, како клучен двигател на иновациите и продуктивноста во Европа, порача Калвињо. Според планот, се предвидува преку „ИнвестАИ“ да се финансира отворање на четири гигафабрики за вештачка интелигенција низ ЕУ, специјализирани за обука на најкомплексните и многу големи модели со вештачка интелигенција. - Ваквите модели од следната генерација бараат обемна компјутерска инфраструктура за откритија во одредени домени, како што се медицината или науката. Гигафабриките ќе имаат околу 100.000 чипови за вештачка интелигенција од последната генерација, околу четири пати повеќе од фабриките за вештачка интелигенција што постојат во моментов, порача ЕК. Предвидено е овие гигафабрики да му служат на европскиот модел на кооперативни и отворени иновации, со фокус на сложените индустриски и критични апликации и да се овозможи секоја компанија да може да пристапи до компјутер со голема моќ за да ја гради својата иднина. Почетните средства за „ИнвестАИ“ ќе бидат обезбедени од постоечките програми за финансирање на ЕУ, како што се „Дигитална Европа“, „Хоризонт Европа“ и „ИнвестЕУ“, како и со финансии од земјите членки. Финансирањето на овие фабрики со вештачка интелигенција преку грантови и инвестиции ќе послужи како пилот-проект за поддршка на стратешките технологии, предвидена со Компасот за конкурентност, што кон крајот на минатиот месец го промовираше ЕК. ЕУ досега издвои 10 милијарди евра поддршка за фабриките за вештачка интелигенција, што претставува најголемата јавна инвестиција во вештачката интелигенција во светот и веќе обезбедува пристап за компаниите и индустријата до суперкомпјутери./МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЉубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00Во Богданци пронајдени две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојка14:19Фијаско на Трамп и републиканците, демократите ги освоија двата дома на Конгресот08:33Народната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08Тројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка 11:00
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00
БалканВулин сепак пристигнал во Москва, се огласи од Црвениот плоштад (ВИДЕО)Александар Вулин, претседателот на Социјалистичкото движење на Србија, поранешен министер во неколку влади, а сега претседател на Надзорниот одбор на „Србијагас“, објави дека пристигнал во Москва. Тој тврди дека не избегал никаде, туку дека отишол во Русија, каде што ќе има серија состаноци за продолжување на гасниот аранжман, објави Телеграф. Вулин објави видео на социјалната мрежа Инстаграм со пораката: Пристигнав во Москва. View this post on Instagram A post shared by Aleksandar Vulin (@aleksandar_vulin_rs) Во видео изјавата тој објаснува дека не избегал никаде, дека нема да оди никаде без своето семејство, но ги напаѓа и сите што ја објавија информацијата дека авионот во кој првично се наоѓал бил вратен на белградскиот аеродром затоа што самиот Вулин не ги почитувал безбедносните процедури. Вулин тврди дека планира серија состаноци во руската престолнина за продолжување на гасниот аранжман на Србија со таа земја. Летот на „Ер Србија“ JU134, кој полета од аеродромот „Никола Тесла“ во Белград кон Москва во вторник вечерта, беше вратен во Белград истата вечер откако, според неофицијални информации од порталот „Нова.рс“, беше утврдено дека Александар Вулин не ја поминал безбедносната проверка.Тагови: Вулин Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЃорѓиевски: 3.500 нови садници во Скопје - 6.000 до крајот на сезоната!Секое ново дрво е влог во градот во кој живееме и во иднината на нашите деца. Повеќе сенка за летните денови, почист воздух и повеќе зелени места за прошетки, игра и дружење! Започна големата акција за засадување 3.500 садници низ Скопје, со која го обновуваме зеленилото и ги раззеленуваме јавните површини. До крајот на сезоната ќе бидат засадени вкупно 6.000 нови садници! Ги опфаќаме постојните паркови, новите паркови што ги подигаме, зелените површини долж булеварите и јавните простори низ целиот град. Во секоја општина, за секое маало, за сите скопјани! Зелено и чисто Скопје е обврска на која сум силно посветен. Секој засаден корен денес е ветување за поздраво и поубаво утре. Зад нас нека останат дрвја што ќе растат, паркови што ќе живеат и дела што ќе траат! За Скопје што дише. За генерациите што доаѓаат. Скопје се сака со дела!, објави на ФБ градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски: Македонија станува енергетски и транспортен крстопат на регионотМакедонија станува енергетски и транспортен крстопат на регионот, со конкретни инфраструктурни проекти за транспорт, енергија, гас и железница. Преку изградба на гасните интерконектори со Грција и Србија, создаваме вистинска алтернатива на руската енергетска инфраструктура, поврзувајќи го терминалот за ЛНГ во Александруполи со Централна Европа, со капацитет од 3 до 6 милијарди кубни метри годишно, рече премиерот Христијан Мицкоски на самит во Диселдорф. .Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter