ЕвропаФон дер Лајен и еврокомесарите нема да присуствуваат на гласањето недоверба на ЕК во ЕвропарламентотПретседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен не се очекува да присуствува на дебатата во Европскиот парламент по иницијативата за изгласување недоверба на извршното тело на ЕУ покрената од десничарската група Патриоти за Европа.Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен не се очекува да присуствува на дебатата во Европскиот парламент по иницијативата за изгласување недоверба на извршното тело на ЕУ покрената од десничарската група Патриоти за Европа, што треба да се одржи в понеделник во Стразбур. Според извори во Европската комисија, покрај Фон дер Лајен на дебатата нема да присуствуваат ниту останатите членови на Колеџот на комесари, со исклучок најверојатно на еврокомесарот за трговија Марош Шефчович, имајќи предвид дека дебатата за недоверба се покренува поради склучувањето на трговскиот договор меѓу ЕУ и Меркосур, што треба да биде потпишан утре во Парагвај. Ова е четврта инцијатива за гласање недоверба на Европската комисија во изминатава половина година, но прва на кој се најавува неприсуство на еврокомесарите. За разлика од ова на претходните три парламентарни дебати Европската комисија беше присутна во полн состав на чело со Фон дер Лајен. Новата иницијатива за недоверба на ЕК ја најави лидерот на ПФЕ, Жордан Бардела минатиот четврток во пресрет на седницата на Комитетот на постојаните претставници на владите на земјите на ЕУ (Корепер), на кое и покрај противењето на Франција и уште неколку други членки, беше донесена одлука за потпишување на Договорот. За покренување на иницијатива за недоверба на Европската комисија потребна е поддршка од најмалку една десетина европратеници или во случајов 72. Уште пред доставувањето на оваа четврта иницијатива беше иницирана расправа за промена на минималниот праг за покренување ваков предлог, но раководството на Европскиот парламент засега не презеде ништо, стравувајќи дека таквата одлука би можела да биде искористена за обвинувања за цензура и за ограничување на правата на европратениците. Инаку, според дневниот ред на јануарската сесија на Европарламентот, дебатата по иницијативата за недоверба на ЕК треба да се одржи в понеделник вечер, а гласањето по неа е предвидено за в четврток. Тагови: ЕП Урсула фон дер Лајен Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјаниИзјава на премиерот Христијан Мицкоски од увид на градежни активности на мостот на улица „Љубљанска“.„Добар ден и од мене, благодарам на присуството на медиумите. Денеска сме овде за да направиме увид би рекол на овој клучен проект за градот, јас можам само да додадам на тоа што претходните говорници го кажаа, дека оваа Влада, општините и локалната самоуправа ја поддржува како ниту една Влада претходно. Од почетокот кога беше оваа влада избрана, таму некаде пред 27 месеци отприлика половина милијарда евра се проектите коишто ги финансираме директно од централниот буџет. И ако земете наназад, можеби во 35 години независност толку многу проекти од централната Влада за локалната самоуправа и општините не биле финансирани досега. Така што тоа претставува сериозна поддршка за општините, тоа претставува нешто што за нас како Влада е политика од самиот почеток и така и ќе продолжиме во периодот којшто следи. Голем дел од општините подготвуваат проекти за следниот циклус којшто би го финансирала Владата и ценам дека на тој начин ги подобруваме условите за живот на граѓаните, им го подобруваме начинот на живот. Проблеми има, тие проблеми се таложеле, предизвици има, предизвиците се присутни децении наназад. Во зависност од ресурсите и приоритетите, тие предизвици се надминуваат, проблемите се решаваат. Наша стратегија е да не креираме нови проблеми, а старите да ги решаваме, започнатите да ги довршуваме. Еве слушнавте мислам дека овие три, или четири капитални проекти коишто ќе бидат завршени за градот Скопје до нова година јас ценам дека значително ќе го подобрат начинот на функционирање на скопјани, но и на оние коишто често го посетуваат Скопје. Би сакал да им честитам на градоначалниците коишто се тука со мене, да се заблагодарам на советниците коишто ја поддржуваат работата на советниците, на пратениците коишто се борат за проект повеќе во општините од каде што доаѓаат и како претседател на Влада можам да кажам дека посакувам да има уште повеќе проекти коишто ние како Влада би ги финансирале во периодот којшто следи.“ Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
АвтомобилизамДачија подготвува нов електричен автомобил за само 11.500 евра! Дачија Хипстер ќе биде поевтин од Спринг и ќе се произведува во Кина.Дачија наскоро би можела да добие еден од најнеобичните модели во својата понуда. Сериската верзија на концептот Хипстер наводно ќе се произведува во Кина од следната година, а се очекува да чини помалку од 11.500 евра во Европа. Хипстерот треба да биде позициониран под новата генерација на Спринг. За разлика од тој автомобил, кој ќе се произведува во Словенија, Хипстерот треба да се произведува во фабриката во Шијан, Кина, каде што се произведуваше претходната генерација на Спринг. Долг е само три метри Концептот Хипстер беше претставен минатата година и беше развиен во согласност со европската категорија на лесни квадрицикли L7e. Долг е само 300 см, висината на возилото е 154 см, а ширината е 155 см. Тежината на Хипстер без батерија е ограничена на 450 кг, што покажува колку е мал и лесен овој модел. Конечната спецификација на батеријата сè уште не е потврдена, но се очекува капацитет на пакетот од околу 15 kWh. Таквата батерија би била значително помала од оние што се користат во повеќето електрични автомобили денес, но поради малата маса, би можела да биде сосема доволна за урбани потреби. Производствениот модел останува верен на концептот Како што објавува „Autoweek“, патентните цртежи покажуваат дека производствениот Хипстер ќе задржи речиси идентичен дизајн како концептот. Промените се главно козметички и вклучуваат поедноставен преден браник и решетка, мал бришач на шофершајбната, различни врати и промени околу страничните прозорци. Обликот на задниот прозорец, задната врата и задниот браник исто така се променети. Според достапните информации, фабриката во Шијан моментално не е ангажирана, а нејзините инженери треба да учествуваат и во развојот на новиот електричен модел. Доколку се потврди најавената цена од околу 11.500 евра, Хипстер би можел да стане еден од најевтините нови електрични автомобили достапни за европските купувачи. Извор: Индекс.хрТагови: Дачија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветЛансирана балистичка ракета, итно се огласи јужнокорејската војскаСеверна Кореја истрела балистичка ракета кон Источното Море, соопшти денес војската на Јужна Кореја.Здружениот штаб на вооружените сили соопшти дека го детектирал лансирањето околу 6:30 часот наутро по локално време од областа Вонсан, без да даде детали за типот на лансирана ракета, објави Јонхап. Ракетата прелетала повеќе од 700 километри пред да падне во морето, соопшти Здружениот штаб на вооружените сили, додавајќи дека точните карактеристики на лансирањето се анализираат со американската страна. Разузнавачките агенции на Јужна Кореја и САД го следеле лансирањето од самиот почеток и разменувале релевантни информации, соопшти Здружениот штаб на вооружените сили. Иако јужнокорејската војска не прецизираше за каков тип ракета станува збор, наводно се анализираат нејзините карактеристики, оставајќи ја отворена можноста дека може да станува збор за балистичка ракета со среден дострел или за балистичка ракета со среден дострел. Последното лансирање беше на 20 септември, кога Северна Кореја, во рок од неколку часа, испали две балистички ракети со краток дострел од областа Вонсан кон Источното Море. Извор: Б92Тагови: балистичка ракета Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter