3Сиљановска-Давкова во Будимпешта: Унгарската револуција е траен симбол на борбата за слобода и достоинство
Голем пресврт: Азија го поддржа Инфантино, се очекува негова победа на изборите за претседател на ФИФА
2Голем пресврт: Азија го поддржа Инфантино, се очекува негова победа на изборите за претседател на ФИФА
БалканФон дер Лајен: Грција е силен и горд столб на нашата Европска УнијаФон дер Лајден говореше на последниот ден од Конгресот на партијата што е дел од ЕПП, со што го означи и почетокот на нејзината кампања за европските избори во јуни.Грција денеска е столб на меѓународната заедница и економијата, Грција е столб на НАТО, Грција е столб на нашата колективната безбедност и на поддршката за Украина и Грција е силен и горд столб на нашата Европска Унија, истакна претседателката на Европската комисија и главната кандидатката на Европската народна партија (ЕПП) за истата позиција, Урсула фон дер Лајен во нејзиното обраќање во Атина на Конгресот на Нова демократија, јави дописничката на МИА од Атина. Фон дер Лајден говореше на последниот ден од Конгресот на партијата што е дел од ЕПП, со што го означи и почетокот на нејзината кампања за европските избори во јуни. Се осврна за тоа што Грција го постигна во изминатите години, рече дека тоа е благодарение на народот, на Нова демократија, но и на актуелниот грчки премиер Киријакос Мицотакис и „приказната на Грција во последните години е приказна на импресивно закрепнување“. Истакна дека земјата „не толку одамна гледаше кон бездна“, а сега со актуелната власт „економијата на Грција го надмина европскиот просек“. Говореше и за европскиот пакт за миграција, порачувајќи дека „ние, Европејците сме оние кои одлучуваме кој доаѓа во Европа и под кои услови, а не криумчарите“. За претстојните евроизбори, рече дека Европа е пред предизвици како никогаш досега, истакнувајќи ја руската агресија, не само врз Украина, туку и врз самата ЕУ. - Пријателите на Путин овде во Европа се обидуваат одново да ја испишат нашата историјата и да ни ја земат иднината. Без разлика дали се популистите или демагози, истакна фон дер Лајен и додаде дека „можеби имињата на овие партии се различни во секоја земја, но целите се исти, сакаат да ја уништат Европа и ние никогаш нема да дозволиме да се случи ова“. На последниот ден од Конгресот на Нова демократија што започна во петокот, освен фон дер Лајен, на делегатите им се обрати и претседателот на Република Кипар, Никос Христодулидис, како и грчкиот премиер и претседател на Нова Демократија Киријакос Мицотакис. Конгресот на Нова демократија оваа година е и јубилеен со оглед на тоа што партијата одбележува 50 години од формирањето, а се одржува во палатата Запио, каде што во 1979 година тогашниот премиер и лидер на НД Константинос Караманлис го потпиша протоколот за влез на Грција во европскиот семејство. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21
„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Ресен и Преспа со нови проекти за подобра иднинаРесен и Преспа со нови проекти за подобра иднина, пешачко-велосипедска патека во должина од 180 километри, нови улици и грижа за најмладите.Општина Ресен продолжува со унапредување на инфраструктурата и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните. Развојот на инфраструктурата е еден од најзначајните предуслови за подобар живот на граѓаните. Во изминатава година реализирани се повеќе активности во оваа област како реконструкција на патен правец Мост на Голема Река до раскрсница со Депонија, хидротехнички истражни работи во с.Штрбово ( бушотина за вода), изведба на примарна водоводна мрежа и асфалтирање на ул„Наум Веслиевски“ крак 1 и крак 2 по постоечка состојба, изведба на примарна водоводна мрежа со куќни приклучоци на ул„11-ти Септември“ и ул„Бигла“, изградба на атмосферска канализација на дел од ул „Борис Кидрич“, примарни фекални канализациони системи во Долно Дупени, Крани, Стење, Брајчино, а во тек е изградби на пречистителни станици за истите. Исто така отпочнати се градежни активности за изградба пешачко-велосипедска патека од 180 километри низ Преспа, со поддршка од Европската Унија, за развој на туризмот и промоција на природните убавини. Се работи на подобрување на комуналните услуги преку набавка на два камиони за отпад, кипер и мини багер за потребите на јавното комунално претпријатие. Се прави реконструкција на улици и водоводна и канализациска мрежа, со цел подобра инфраструктура и поквалитетни услуги за граѓаните. Инвестициите во образованието, грижата за најмладите и создавањето подобри услови за нив, се инвестиции во иднината на општината. Општината дава поддршка на секое запишано прваче и за секој запишан средношколец во прва година на средно образование во нашата општина. Воедно, локалната самоуправа дава поддршка на секое првородено дете, како и на ранливите категории граѓани, старите лица и семејствата на кои им е потребна помош. Со континуирани инвестиции и посветена работа, Општина Ресен гради подобри услови за живот и нови можности за развој на Ресен и Преспа, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21
„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21
МетеоПроменливо облачно време со сончеви периоди и температура до 21 степен Денеска времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, соопштуваат од УХМР.МИНИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (во 0С) -1 Берово, 1 Битола, 2 Скопје-Петровец, Крива Паланка, Демир Капија, Струмица, Лазарополе, 3 Тетово, Прилеп, Велес, Куманово, 4 Скопје-Зајчев Рид, Штип, Кавадарци, Попова Шапка, 5 Претор, Крушево, Маврови Анови, 6 Охрид, Виница, 7 Гевгелија. ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА Променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 16 до 21 степен. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Максималната температура ќе достигне до 19 степени.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21
„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21
МакедонијаСиљановска-Давкова во Будимпешта: Унгарската револуција е траен симбол на борбата за слобода и достоинствоПретседателката Гордана Сиљановска-Давкова присуствуваше на одбележувањето на 70-годишнината од Унгарската револуција од 1956 година во Будимпешта.Во рамките на меѓународната програма, таа ја проследи свечената седница на Националното собрание на Унгарија, на којашто се обратија неговата претседателка, Агнеш Форстхофер, унгарскиот претседател Андреш Бака, претседателката на Европската комисија, Урсула вон дер Лајен, претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта и министерот за финансии на Норвешка, Јенс Столтенберг. Унгарскиот претседател Бака се осврна на идеалите и историското значење на револуцијата во 1956 година. За него, седум децении потоа, европската демократија и солидарност повторно се исправени пред голем предизвик. Тој повика на меѓусебна почит, одговорност и разбирање. Вон дер Лајен и Кошта го потенцираа европското единство, ги поздравија демократскиот напредок и реформите во Унгарија и ги нагласија придобивките коишто земјата ги стекнала со членството во ЕУ изминативе 22 години. Со едноминутно молчење, присутните оддадоа почит кон жртвите на револуцијата. На свечената седница беше прикажан и документарен филм. За Сиљановска-Давкова Унгарската револуција е траен симбол на храброст, слободољубивост и достоинство на еден народ. Според неа, чест е да се присуствува и да се оддаде признание на овој значаен историски настан, не само за Унгарија, туку и за Европа. „Убаво е да се чујат највисоките претставници на ЕУ, кога велат дека Унгарската револуција има голем придонес во изградбата на демократијата, дека вреди да се бориме сите за Европа, како наш заеднички дом“, изјави претседателката. Централниот комеморативен собир се одржа на плоштадот „Лајош Кошут“. Сиљановска-Давкова присуствуваше на гала свеченоста во Унгарската државна опера и на приемот во Музејот на ликовните уметности, чијшто домаќин беше премиерот на Унгарија, Петер Маѓар, соопштуваат од Кабинетот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter