Фон дер Лајен го промовираше „Компасот за конкурентност“ - Канал 5

Фон дер Лајен го промовираше „Компасот за конкурентност“

Европа има се за да ја врати конкурентноста.

Фон дер Лајен го промовираше „Компасот за конкурентност“

Европската комисија денеска го презентираше „Компасот за конкурентност“, како иницијатива која обезбедува стратешка и јасна рамка за насочување на нејзината работа и која ќе го трасира патот што ќе и овозможи на Европа да стане место каде се иновираат, произведуваат и продаваат нови технологии, услуги и чисти производи и да биде првиот климатски неутрален континент.

- Европа има се што и е потребно за да успее во трката кон врвот, но во исто време мора да ги надминеме нашите слабости за да ја вратиме конкурентноста, порача претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен при денешната презентација на „Компасот за конкурентност“.

Според неа, „Компасот за конкурентност“ ги претвора на „одличните препораки“ од извештајот на поранешниот италијански премиер Марио Драги, насловен „Иднината на европската конкурентност“, во Патоказ за идното дејствување на ЕУ.

- Сега имаме план. Имаме политичка волја. Она што е важно е брзината и единството. Светот не чека нас. Сите земји членки се согласуваат за ова. Значи, ајде да го претвориме овој консензус во акција, порача Фон дер Лајен.

Таа потсети дека во последните две децении, Европа стана зависна од евтините производи од Кина и евтина енергија од Русија и го загуби чекорот со другите големи економии, создавајќи јаз во растот на продуктивноста.

Според Фон дер Лајен, ЕУ го има она се она што и е потребно за да го промени овој тренд со својата талентирана и образована работна сила, капиталот, заштедите, единствениот пазар, единствената социјална инфраструктура, но под услов итно да дејствува за да се справи со долготрајните бариери и структурни слабости што ја кочат.

Извршниот потпретседател на ЕК за просперитет и индустриска стратегија Стефан Сежурне, на промоцијата на документот истакна дека „Компасот за конкурентност“ претставува економска доктрина на Европската комисија за следните пет години.

- Оваа доктрина е едноставна и може да се сумира во еден клучен збор: конкурентност. Конкурентност во секое евро што ќе го потрошиме и во секоја иницијатива што ќе ја предложиме, рече Сежурне.

Според него, од овој документ претставува програма за работа насочена кон поедноставување, инвестирање и забрзување на економските приоритети на ЕУ.

- „Компасот“ мора да поттикне промена на размислувањето во Европа и на Европејците. Тој ја прави Европа попредвидлива, истовремено одржувајќи го курсот на нашиот европски модел - декарбонизиран, социјален и со почитување на нашите вредности, додаде Сежурне.

„Компасот за конкурентност“ предвидува три основни области за дејствување - иновации, декарбонизација и безбедност, како трансформациски императиви за зајакнување на европската конкурентноста.

Првиот од трите столба на „Компасот“ е „затворање на јазот во иновациите“, поради што ЕУ мора повторно да го активира својот иновациски мотор и да стане дома за иновативни старт-апи за промоција на индустриското лидерство во сектори засновани на нови технологии во етаблирани компании и мали и средни претпријатија.

Од тој аспект, ЕК ќе ги предложи иницијативите „Гигафабрики за вештачка интелигенција“ и „Примени ја вештачката интелигенција“ за да се поттикне развојот и прифаќањето на вештачката интелигенција во клучните индустриски сектори насочени кон производство на напредни, квантни, биотехнолошки и вселенски технологии и кон роботиката.

Вториот стол е „заеднички патоказ за декарбонизација и конкурентност“, кој треба да се справи со високите и нестабилни цени на енергијата и да го олесни пристапот до чиста и достапна енергија. Во тие рамки, ЕК ќе изработи Акциски план за достапна енергија, кој треба да помогне за намалување на цените и трошоците на енергијата, како и Закон за забрзување на индустриската декарбонизација, што ќе овозможи забрзување на процедурите за издавање дозволи на секторите во транзиција.

Третиот столб на „Компасот“ е „намалување на прекумерната зависност и зголемување на безбедноста“, во чии рамки се предвидува засилување и воспоставување на ефикасни партнерства, диверзификација и зајакнуваме синџирите на снабдување и гарантирање сигурен пристап до суровини, чиста енергија, одржливи транспортни горива и чиста технологија од целиот свет.

Овие три столба на „Компасот“ се надополнуваат со пет инструменти кои треба да бидат од суштинско значење за поддршка на конкурентноста во сите сектори.

Тие инструменти се „Поедноставувањето“, кое треба да обезбеди драстично намалување на регулаторниот и административниот товар, „Намалување на бариерите за единствениот пазар“ за да се подобри функционирање на сите индустрии, „Финансирање на конкурентноста“ преку изградба на единствен и ефикасен пазар на капитал што ќе овозможи користење на заштедите како инвестиции, „Промоција на стручна оспособеност и квалитетни работни места“ за да се обезбеди усогласеност на образованието и обуката со потребите на пазарот на трудот, и „Подобра координација на политиките на европско и на национално ниво“ преку воведување Инструмент за координација на конкурентноста со кој ќе се обезбеди имплементација на заедничките цели на политиките на ЕУ.

Изработката на „Компасот за конкурентност“, како прва голема иницијатива на новата Еврокомисија, Фон дер Лајен го најави при изборот на Колеџот на комесари во Европскиот парламент кон крајот на ноември минатата година. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тензично во Тирана: Полицијата со водени топови и солзавец, студентите со бехатон плочки и запалени контејнери (ВИДЕО)

Демонстрантите се судрија со полицијата пред Министерството за образование во Тирана. 

Тензично во Тирана: Полицијата со водени топови и солзавец, студентите со бехатон плочки и запалени контејнери (ВИДЕО)

Со слоган на кој пишуваше „Рама во затвор, Бериша во затвор“, студентите јасно им ставија до знаење на демократите дека не се поканети на нивниот протест пред Министерството за образование, објави Топ ченел.

Демократските пратеници не заминаа, туку останаа на крајот од протестот, набљудувајќи ги од далечина поддржувачите кои се судрија со оние кои бараа нивниот претседател да биде во затвор.

Попладнево демонстрантите запалија два контејнера, а полицијата одговори со бибер спреј и солзавец. Агресивните демонстранти беа растерувани со водени топови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Епилог на трагедијата во Шпанија: Европското обвинителство поведе истрага за злоупотреба на пари при реновирање на пругата

Европското обвинителство денеска соопшти дека покренало истрага за можна злоупотреба на средствата на Европската унија (ЕУ) за време на реновирањето на пругата меѓу Мадрид и Севиља.

Епилог на трагедијата во Шпанија: Европското обвинителство поведе истрага за злоупотреба на пари при реновирање на пругата

Европското обвинителство денеска соопшти дека покренало истрага за можна злоупотреба на средствата на Европската унија (ЕУ) за време на реновирањето на пругата меѓу Мадрид и Севиља, каде на 28 октомври се случи тешка железничка несреќа во која загинаа 69 лица.

Агенти на Централната оперативна единица (УЦО) на Цивилната гарда пристигнале во седиштето на Управата за железничка инфраструктура (АДИФ), Државната агенција за безбедност на железницата (АЕСФ) и Ревизорскиот суд за да подигнат документи, пренесува „Паис“.

Истрагата е покрената на иницијатива на тоа обвинителство по трагичната несреќа на 28 октомври во Урда.

Ова не е прв пат Европското обвинителство, независно тело задолжено за истрага на злосторства кои ги загрозуваат финансиските интереси на ЕУ, да покрене истрага за работите на тој дел од шпанската железница.

Тоа тело покрена истрага и по железничката несреќа во Адамуз во јануари годинава, кога загинаа 46 лица.

Во двата случаи, фокусот на истрагата е да се утврди како Шпанија искористила субвенција од 111 милиони евра доделена од Брисел во јуни 2024 година за големото реновирање на железничката линија Мадрид-Севилја, која е најстарата брза линија во Шпанија.

Европското обвинителство побара договори и досиеја за работи поврзани со делниците каде што се случија несреќите.

Обвинителството има истражен модел сличен на оној на многу земји на ЕУ, во кои обвинителите ја водат истрагата, додека судијата назначен во Шпанија е единствено одговорен за надзор над напредокот на постапката во согласност со законските гаранции, надзор на мерките што ги ограничуваат основните права, како што се претреси на куќи или прислушување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Застрелан полицаец од блиску пука во напаѓачот во Краков (Вознемирувачко видео)

Драматично видео од полициската интервенција по денешната пукотница на главниот градски плоштад во Краков, Полска, во која загинаа пет лица, а повеќе од десет беа повредени, се појави на социјалните мрежи. 

Застрелан полицаец од блиску пука во напаѓачот во Краков (Вознемирувачко видео)

Видеото го објави и полскиот портал Niezależna.pl, наведувајќи дека го прикажува моментот во кој полицаецот пука во напаѓачот.

На видеото се гледа полицаец како стои над маж во маскирна облека и пука во него. Недолго потоа, полицаецот исто така паѓа на земја, веројатно ранет.

Полицијата потврди дека напаѓачот е ранет и уапсен

Полската полиција потврди дека напаѓачот е ранет и уапсен за време на интервенцијата.

„Во инцидентот на главниот плоштад, пет лица загинаа, а повеќе од десет беа повредени. Полицајците го раниле сторителот и тој во моментов е превезен во болница. Интервенцијата на службите на местото на настанот сè уште е во тек“, објави полицијата.

Полицијата, исто така, потврди дека меѓу повредените има полицајци, но сè уште не објавила детали за нивните повреди.

Влегол на плоштадот со автомобил и почнал да пука

Нападот се случил околу 15 часот во историскиот центар на Краков, една од најпосетуваните туристички области во Полска.

Според полициското соопштение, мажот влегол на главниот градски плоштад со автомобил и почнал да пука кон минувачите.

„Во тек е полициска операција на главниот плоштад во Краков. Околу 15 часот, еден маж почнал да пука кон случајни луѓе од автомобилот што го користел за да влезе на плоштадот. Сторителот е уапсен“, објави полицијата.

Првичните информации беа за двајца мртви, но полицијата подоцна потврди дека бројот на мртви се искачил на пет.

Идентитетот на напаѓачот и мотивот за пукањето се уште се непознати. Полицијата продолжува да ги истражува околностите на нападот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер