Реакција на Славјанка Петровска за случајот со Сара од Охрид: Сара е во болница. Осомничениот е на слобода. Кој ја гарантира нејзината безбедност?
2Реакција на Славјанка Петровска за случајот со Сара од Охрид: Сара е во болница. Осомничениот е на слобода. Кој ја гарантира нејзината безбедност?
3Стапуваат на сила нови правила во Париз: Полицијата воведува забрана за собири во близина на училишта и факултети
СветФон дер Лајен: Европската Унија мора да ги зголеми капацитетите за производство на оружје Европската унија сè уште не направила доволно за да го зголеми капацитетот за производство на оружје во услови на глобални закани, вклучително и руско-украинската војна, изјави денеска претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.„Заштитата на Европа, пред сè, е обврска на Европа. И додека НАТО мора да остане центар на нашата колективна одбрана, ни треба многу посилен европски столб“, рече Урсула фон дер Лајен на безбедносната конференција ГЛОБЕСЕК во Прага. Таа, исто така, предупреди дека идејата дека Европа направила доволно за безбедноста на почетокот на оваа деценија е „илузија“, додавајќи дека втората половина од деценијата ќе биде со висок ризик, пренесува Ројтерс. ⚡️ Von der Leyen criticizes those who 'muddy the waters' on Ukraine at Globsec conference. European Commission President Ursula von der Leyen criticized certain EU politicians for shifting the blame for Russia's war on Ukraine.https://t.co/DrdjM4qjNf — The Kyiv Independent (@KyivIndependent) August 30, 2024 „Ние Европејците мора да бидеме внимателни. Мораме повторно да го фокусираме нашето внимание на безбедносната димензија на сè што правиме. Мораме да размислуваме за нашата Унија како суштински безбедносен проект“, заклучила Фон дер Лајен.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00Ќе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00
Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
СветПогоден Кримскиот мост, сообраќајот со ограничувањеУкраина го погоди мостот што ја поврзува Русија со полуостровот Крим преку Керченскиот теснец, што доведе до ограничување на сообраќајот, изјави Сергеј Аксјонов, гувернерот на полуостровот поставен од Русија. Најдолгиот мост во Европа ја поврзува Русија со Крим, кој Москва го анектираше од Украина во 2014 година. Тој се смета за еден од најзначајните инфраструктурни проекти на рускиот претседател Владимир Путин. Во објава на „Телеграм“, Аксјонов не наведе детали за штетата, но изјави дека сообраќајот преку мостот ќе биде ограничен до денеска напладне. Каналот на „Телеграм“ „Кримски ветар“ (Crimean Wind), повикувајќи се на информации од своите следбеници, објави дека еден од сводовите – под кој поминуваат бродови – бил погоден во 5:38 часот по локално време. 🚨 BREAKING: Ukrainian forces strike the Crimean Bridge Traffic across the bridge has been restricted until midday. The attack was reported by Russian-installed Crimean leader Sergey Aksyonov. — NEXTA (@nexta_tv) November 16, 2026 Во моментов се проценува обемот на штетата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаРеакција на Славјанка Петровска за случајот со Сара од Охрид: Сара е во болница. Осомничениот е на слобода. Кој ја гарантира нејзината безбедност?Сара е во болница. Осомничениот е на слобода. Кој ја гарантира нејзината безбедност?Во продолжение Ви доставуваме реакција на пратеничката Славјанка Петровска за постапувањето на институциите во случајот со Сара од Охрид. Сара е во болница. Осомничениот е на слобода. Кој ја гарантира нејзината безбедност? Бесна сум што повторно едно семејство мора јавно да бара заштита, додека нивната ќерка закрепнува од брутално насилство. СВР Охрид поднесе кривична пријава за тешка телесна повреда. Барам одговор: дали се проверени и документирани наводите на семејството дека осомничениот мислел дека Сара е мртва и барал начин да се ослободи од нејзиното тело? Дали се испитани сите околности што би упатувале на обид за убиство? Тоа што Сара преживеала не смее да биде изговор за потценување на нападот. Обвинителството мора да одговори дали побарало притвор. Ако не побарало, зошто? Ако побарало, судот треба да објасни зошто определил други мерки. Кој ја проценил опасноста од повторен напад и како се проверува почитувањето на забраната за приближување и контактирање? Го повикувам министерот Панче Тошковски да наложи итна проверка на постапувањето на СВР Охрид и да ги објави резултатите. Наводите на семејството за влијание врз постапката и медицинската документација мора да бидат темелно испитани. Дали осомничениот добива повластен третман како син на „локални шерифи“? Дали некој се јавувал, посредувал или вршел притисок? Ако се утврди дека некој ја злоупотребил функцијата за да заштити осомничен, мора да одговара. Без оглед чие дете е и кој стои зад него. На Сара ѝ посакувам сила и закрепнување. Таа и нејзиното семејство не смеат да бидат оставени сами да се грижат за нејзината безбедност. Нема да прифатам одговорноста повторно да исчезне зад зборот „систем“. Зад секоја пријава, проценка и одлука стојат луѓе со име, презиме и надлежност. Барам одговори и постапување сега, додека Сара може да биде заштитена.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00Ќе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00
Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
ЗабаваФото: Популарна пејачка во секси стајлинг на бината!!Популарната хрватска пејачка, Лидија Бачиќ ги покажа сите свои адути, во кожно здолниште и проѕирен горен дел, таа ја вжешти атмосферата.Хрватската пејачка Лидија Бачиќ Лиле настапи на Економски саем за сирење, мед и вргањ, а покрај со своите песни, вниманието го привлече и со својот моден избор. За настапот, таа избра кратко црно кожно мини-здолниште и проѕирен кафеав горен дел, под кој се гледаше градник во иста боја. Комбинацијата ја заокружи со црн ремен, чевли со високи потпетици и накит, додека долгата руса коса ја носеше пуштена, стилизирана во благи бранови. Пејачката и овој пат остана доследна на својот препознатлив, смел моден стил, а фотографиите од настапот брзо привлекоа внимание. Атрактивната пејачка инаку редовно ги воодушевува фановите на социјалните мрежи со фотки на кои во преден план се нејзините бујни облини. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook