Фон дер Лајен: Европа не може да го реши секој проблем во светот - Канал 5

Фон дер Лајен: Европа не може да го реши секој проблем во светот

- Тој свет нема да се врати. Секогаш сме го бранеле системот на правила создаден со нашите сојузници, но тоа повеќе не е единствениот начин за заштита на нашите интереси -  рече Фон дер Лајен.

Фон дер Лајен: Европа не може да го реши секој проблем во светот

Европската надворешна политика секогаш ќе биде ограничена и Европа мора да прифати дека не може да го реши секој проблем во светот, изјави претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен на годишната средба на амбасадорите на Европската Унија во Брисел.

Таа оцени дека Европа повеќе не може да биде чувар на стариот светски поредок.

- Тој свет нема да се врати. Секогаш сме го бранеле системот на правила создаден со нашите сојузници, но тоа повеќе не е единствениот начин за заштита на нашите интереси - рече Фон дер Лајен.

Претседателката на Европската комисија повторно го отвори прашањето дали европскиот систем на одлучување, кој се темели на едногласност и компромиси, му помага или му пречи на ЕУ да биде геополитички актер.

Таа повика Унијата да биде поодлучна во спротивставувањето на агресијата и обидите за надворешно мешање, како и да биде попрагматична во економската соработка со светот.

- Во срцето на Европската Унија е мирот. Но, за да обезбеди мир во денешниот свет, Европа мора да може да демонстрира сила, да одвраќа и да реагира - истакна Фон дер Лајен.

Таа додаде дека на ЕУ ѝ се потребни средства за заштита на територијата, демократијата и начинот на живот, а безбедноста мора да биде земена предвид во сите европски политики.

Осврнувајќи се на најновите настани на Блискиот Исток, Фон дер Лајен оцени дека тие може да имаат долгорочни последици врз меѓународниот поредок заснован на правила и врз единството на Европската Унија.

Таа посочи дека смртта на иранскиот лидер Али Хамнеи кај многумина била пречекана со надеж дека тоа може да отвори пат кон послободен Иран.

- Не треба да се пролеваат солзи за иранскиот режим. Тој донесе смрт и репресија врз сопствениот народ, ја дестабилизираше регијата и уби илјадници млади луѓе - рече таа.

Според Фон дер Лајен, постојат различни мислења за тоа дали нападите врз Иран претставуваат „војна по избор“ или „војна од неопходност“.

Таа исто така најави дека Европската Унија ќе го обезбеди ветениот заем од 90 милијарди евра за Украина.

- Војната мора да заврши на начин што нема да ги посее семињата на нов конфликт. Сакаме ова крвопролевање да престане. Европа секогаш ќе биде покрај Украина, без оглед на тоа што се случува во други делови од светот - нагласи Фон дер Лајен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Драма на небото над Сплит: Принудно слета патнички Боинг 737-800

Британски авион „Џет2“, кој денес леташе од Самос, Грција, до Манчестер, беше пренасочен поради технички проблеми кон сплитскиот аеродром „Свети Јероним“.

Драма на небото над Сплит: Принудно слета патнички Боинг 737-800

Во авионот имало 165 патници и шест члена на екипажот, и сите се добро, според информациите од аеродромот. Екипажот го активирал меѓународниот код 7700 за општа вонредна состојба, пишува „Далмација Данас“.

Летот бил LS1750 и „Боинг 737-800“ со регистрациски број G-JZBU. Аеродромот „Свети Јероним“ објави дека во 14:20 часот добил известување од хрватската контрола на летање за вонредно слетување поради технички проблеми. Аеродромот започнал целосна постапка за тревога и ги ставил во состојба на тревога сопствените служби и надворешните служби за вонредни ситуации.

Патеката на авионот ја следеле корисниците на платформата „Флајтрадар24“. Боингот направил неколку свртувања над морето во близина на Трогир и Сплит, а во еден момент летал на надморска височина од приближно 700 метри, со брзина од околу 306 километри на час. Откако ја сменил дестинацијата, не го продолжил патувањето кон Обединетото Кралство, туку се упатил кон Сплит.

Кодот 7700 го користат пилотите за да сигнализираат општа вонредна состојба до контролорите на летање. Неговото активирање му обезбедува на авионот посебно внимание од контролата на летање и, доколку е потребно, иницира безбедносни процедури. Самиот код не мора да значи дека авионот е во непосредна опасност од пад. Аеродромот ги потврди техничките проблеми, но не ја откри нивната точна природа.

Според аеродромот Свети Јероним, сите патници и членови на екипажот биле добро. Целосната тревога завршила во 14:42 часот, 22 минути по известувањето за вонредно слетување. Воздушниот сообраќај на аеродромот во Сплит потоа продолжил нормално.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Цариниците занемеле кога отвориле контејнер- зад содржината се крие морничав масакр

Бразилските власти запленија повеќе од 17 тони перки од ајкула наменети за извоз во Малезија, при што се проценува дека за пратката се убиени 5.700 ајкули, соопштија официјални лица.

Цариниците занемеле кога отвориле контејнер- зад содржината се крие морничав масакр

Запленетиот товар е откриен на 27 октомври во пристаништето Итапоа, во бразилската држава Санта Катарина, откако цариниците се посомневале во содржината на контејнер кој бил деклариран како пратка замрзнати сардини.

Идентификувани се два вида

При пребарување на контејнерот се пронајдени вреќи со перки од ајкула, за кои Бразилската агенција за заштита на животната средина (IBAMA) утврди дека припаѓаат на сината ајкула (Prionace glauca) и краткоперката мако ајкула (Isurus oxyrinchus), кои се загрозени.

IBAMA ја казни компанијата поврзана со нелегалниот обид за извоз со 50 милиони бразилски реали (околу 8,3 милиони евра).

Според агенцијата, цената на перките од ајкула на некои азиски пазари достигнува 3.000 долари за килограм, што укажува на голема побарувачка што придонесува за заканата за популацијата на овие морски предатори.

Важна улога во екосистемот

Запленетата пратка беше откриена откако Бразил во март 2026 година воведе построги прописи што ја регулираат меѓународната трговија со сини ајкули, вклучувајќи го нивниот извоз, увоз и реекспорт.

Ајкулите играат важна улога во одржувањето на рамнотежата на морските екосистеми, но нивните популации низ целиот свет се загрозени од прекумерен риболов и комерцијална експлоатација.

Бразилските власти оценуваат дека заплената претставува значаен чекор во борбата против нелегалната трговија со заштитени морски видови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вучиќ си го зема знамето на Србија од зградата на Претседателството (ВИДЕО)

Доскорешниот српски претседател Александар Вучиќ, кој ја предводеше листата на СНС на парламентарните избори, го зеде српското знаме од Претседателството и  објави на Инстаграм со свое објаснување.

Вучиќ си го зема знамето на Србија од зградата на Претседателството (ВИДЕО)

„Решив да го понесам со себе знамето на Србија што го носев за време на борбата во Обединетите нации, кога успеавме да ја победиме иницијативата на најмоќните земји во светот да го прогласат нашиот народ за геноциден.

Ќе го вратам знамето на нашите институции кога ќе бидам сигурен дека ќе се однесуваат кон него со почитта што ја заслужува и дека нема да го уништат, како што ги уништуваат муралите на нашите светци низ цела Србија“, напиша Вучиќ на својот Инстаграм профил, објави Телеграф.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер