Фолксваген се откажа од електричните и хибридните верзии на Амарок - Канал 5

Фолксваген се откажа од електричните и хибридните верзии на Амарок

Фолксваген направи пресврт во своите планови, напуштајќи го развојот на целосно електрична и plug-in хибридна верзија на глобалниот модел Амарок.

Фолксваген се откажа од електричните и хибридните верзии на Амарок

Наместо електрификација, популарниот пикап од сегашната генерација ќе се држи само до дизел и бензински мотори, одложувајќи го влегувањето во електричната ера, барем засега.

Зошто се напушта електрификацијата?

Оваа одлука е особено интересна бидејќи глобалниот Амарок дели платформа со Форд Ренџер, кој веќе нуди опција за plug-in хибрид. Системот на Форд комбинира 2,3-литарски турбо бензински мотор со електричен мотор, а батеријата од 11,8 kWh овозможува возење до 40 километри исклучиво на електрична енергија. Иако претходно оваа година се чинеше дека и Фолксваген ќе ја искористи достапната технологија, интересот очигледно се намали.

Според австралискиот портал CarExpert, Натан Џонсон, директор на брендот за комерцијални возила Volkswagen, потврдил дека извршниот директор Стефан Меха „јасно ставил до знаење... дека PHEV и BEV Amarok повеќе не се разгледуваат во овој момент, во оваа генерација“, нагласувајќи дека тоа е глобална одлука.

Иднината сепак носи промени

Сепак, вратата кон електрификацијата не е затворена засекогаш. Џонсон навести дека ситуацијата може да се промени со доаѓањето на следната генерација Amarok, кое се очекува на крајот од деценијата. Со оглед на тоа што сегашниот модел беше претставен во 2022 година, неговиот наследник е сè уште неколку години оддалечен. Дотогаш, електрификацијата во сегментот на пикап возила од средна класа веројатно ќе стане стандардна, што ја прави хибридната или целосно електричната верзија речиси неизбежна.

Различен хибриден Amarok за Јужна Америка

Додека глобалниот пазар останува без електрифициран Amarok, во Јужна Америка се подготвува сосема поинаква приказна. Таму, Фолксваген го продолжува развојот на моделот од првата генерација, а веќе е најавен сосема нов хибриден наследник за 2027 година. Тој модел ќе биде базиран на платформата на кинескиот производител SAIC, партнер на Фолксваген, и ќе се произведува во фабриката Генерал Пачеко во Аргентина.

Иако ќе дели база со кинески модели како што се Maxus Interstellar X и LDV Terron 9, Фолксваген ќе примени свој дизајнерски израз. Важно е да се напомене дека овој нов хибриден Амарок ќе биде достапен исклучиво на јужноамериканските пазари, со што ќе се избегне преклопување со глобалната верзија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Цветаноски: 5.5 милиони евра за криминални договори на Мицкоски, нула денари за лозарите – грозјето скапува!

Пет милиони евра народни пари за криминални договори на Мицкоски и ВМРО ОКГ преку Лотарија– а нула денари за лозарите. 

Цветаноски: 5.5 милиони евра за криминални договори на Мицкоски, нула денари за лозарите – грозјето скапува!

Лозарите се пред пропаст, а Владата не прави ништо за да им помогне.

Грозјето скапува по лозјата. Вранецот не се откупува. Откупната цена на белото грозје е мизерни 14 денари, во услови на енормно зголемени трошоци.

Лозарите се во безизлезна состојба, оставени сами, без никаква поддршка.

Цела година работат, вложуваат, плаќаат работници, гориво, препарати и ѓубрива, а денес се принудени да ги копачат лозјата, да им скапува родот.

До оваа ситуација ги доведе криминалната власта на арамијата Мицкоски – да гледаат како нивниот труд пропаѓа.

Каде е сега производната или, како што ја претстави министерот за земјоделство, откупната цена на грозјето? 14 денари се далеку од 20 денари, како што министерот објави во јули годинава.

Недозволиво е власта да се претставува како посредник, таа е директен актер на пазарот и со закон учествува во формирањето на откупната цена.

За две години ВМРО направи пустош во секоја гранка на земјоделството.

Не им е грижа за земјоделците. Не им е важен човекот кој произведува храна. Не им е важен лозарот кој со својот труд ја одржува Тиквешијата и целиот лозарски крај и е заслужен за квалитетното македонско вино.

Важни им се криминалните партиски тендери и договори – за тоа секогаш имаат ставка како да најдат пари. Тоа е арамискиот концепт на Мицкоски и неговата криминална организација.

СДСМ бара Владата веднаш да реагира. Да обезбеди откуп. Да донесе интервентни мерки. Да ги заштити лозарите.

Вранецот 28 денари, Смедеревката 25 денари – земјоделците мора да добијат достоинствена цена!

Секој ископачен лозов насад е уништена една семејна инвестиција, еден животен труд и една иднина.

Итно зголемување на откупната цена за 5 денари по килограм, укинување на 8-процентниот попуст што се бара за побрза исплата и интервентен откуп од страна на државата на црното грозје кое ќе остане непродадено.

Тоа се мерки кои ќе им помогнат на лозарите да ја пребродат кризата.

YouTube video

Прес конференција на СДСМ, Симона Цветаноски – членка на Извршниот одбор

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Арамијата Мицкоски ќе го намали ДДВ-то на горивата - откако цените веќе го удрија плафонот

Шефот на ВМРО-ОКГ денеска открива дека државата има мерка. ДДВ на горивата од 18 на 10 проценти. 

СДСМ: Арамијата Мицкоски ќе го намали ДДВ-то на горивата - откако цените веќе го удрија плафонот

Очекува поевтин дизел. Глуми заштитник на стандардот.

Каде беше со месеци?

СДСМ уште на почетокот на кризата бараше конкретни мерки: ДДВ на горивата да падне на 5 проценти, акцизата да се укине веднаш, ДДВ на основната храна да се симне на нула. Не за камера. За да остане леб на масата.

Владата на бандата не мрдна. Ги пушти цените да побеснат. Го гледаа народот како полни резервоар на рати и купува половина корпа.

Сега, кога штетата е направена, излегуваат со половична мерка и бараат аплауз.

Ова не е грижа. Ова е доцна шминка. Прво те дере. Потоа ти враќа ситно и се претставува како спасител.

Мицкоски признава и сам: цената „во суштина не е ниска“. Само била поевтина од соседството. Тоа е целата филозофија на ВМРО-ОКГ. Не да живееш достоинствено. Да те тешат дека некој друг плаќа уште повеќе. Како да му кажеш на човек без леб дека во друга држава лебот е поскап.

Горивото не е луксуз. Горивото е превоз до работа, леб до продавница, стока до пазар, плата што се топи пред да стигне дома.

Кога дизелот лета, лета сè. Тие тоа го знаеа. Чекаа.

Пазарот го оставија на бандата и на берзата, а граѓанинот на касата.

Сега велат ќе има импликации врз буџетот, ама ќе се борат. Секако дека ќе има. Буџетот го истрошија на спектакли, криминални тендери и Лотарија, па се прават сиромашни кога треба да се симне данокот што го јаде народот секој ден.

СДСМ не бара од арамијата да глуми социјала. Бараше да ја примени мерката кога требаше - на почеток. Не откако цените го скршија стандардот. Намалување од 18 на 10, по месеци тивко гледање, не е политика.

Тоа е признание дека доцнат. И дека доцнат намерно.

Нема поевтин живот со доцна одлука. Има поевтина лага.

Прво ве оставија без леб. Сега ви продаваат денар на литар како државничка храброст.

ВМРО-ОКГ не ја води кризата. Ја молзе. А шефот на бандата излегува пред камери дури кога сметката веќе е платена - од граѓаните.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Министерот Тошковски и премиерот Мицкоски во СВР Велес: „Безбеден град“ ставен во функција

Модернизиран команден центар, „Безбеден град“ ставен во функција, значително намален бројот на жртви во сообраќајот.

Министерот Тошковски и премиерот Мицкоски во СВР Велес: „Безбеден град“ ставен во функција

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, заедно со претседателот на Владата Христијан Мицкоски, денеска во рамки на посетата на Велес, го посетија модернизираниот команден центар на СВР Велес, каде што се запознаа со неговото функционирање и го означија почетокот на функционирањето на системот „Безбеден град“ на подрачјето на СВР Велес.

Министерот Тошковски информираше дека новиот команден центар е сместен во целосно реконструирани и реновирани простории кои во минатото биле користени од Министерството за одбрана, а потоа околу 15 до 20 години не биле во употреба. Со нивното ставање во функција, СВР Велес добива современ простор од кој се реализираат активностите поврзани со системот „Безбеден град“.

„Само во текот на вчерашниот ден, за 24 часа, имаме констатирано околу 124 казни, а денеска досега околу 27, односно за ден и половина околу 150 казни на територијата на СВР Велес, што ги опфаќа Велес, Кавадарци, Неготино и Демир Капија. Најголем дел се за брзо возење, а три-четири казни се за поминување на црвено светло. Тоа е фрапантно подобрување на почитувањето на сообраќајните правила од страна на македонските граѓани“, истакна Тошковски.

Министерот нагласи дека основната цел на системот „Безбеден град“ не е казнувањето и полнењето на буџетот, туку промена на сообраќајните навики и спасување човечки животи.

„Сакам уште еднаш да им се заблагодарам, пред сè, на македонските граѓани, затоа што со имплементирањето на еден систем чијашто првична цел е спасување човечки животи, а не полнење на буџетот, покажавме дека навистина можеме да се однесуваме европски. Позитивните ефекти од таквото однесување се многу помал број жртви, многу помал број сообраќајни незгоди и многу помалку негативни последици од непочитувањето на сообраќајните правила“, потенцираше Тошковски.

Осврнувајќи се на последиците од непочитувањето на сообраќајните правила, министерот посочи дека трагичните сообраќајни незгоди се реалност која може да го погоди секого, притоа посочувајќи на вчерашната сообраќајна незгода на патот Миладиновци – Аеродром, во која две лица починале на самото место, а три лица биле повредени, од кои две се во особено тешка, животозагрозувачка состојба.

„Сето ова што ни се случува поврзано со сообраќајните незгоди не е некаде далеку. Тоа е тука и може да му се случи на секого. Повторувам, никогаш немаме сообраќајна незгода со смртни последици доколку се почитуваат сообраќајните правила. Ова треба навистина да допре до сите“, порача министерот.

Тошковски изрази благодарност и до медиумите, општествено одговорните компании и организациите кои се вклучија во кампањата за подигнување на сообраќајната култура, издвојувајќи ја Фудбалската федерација на Македонија и фудбалерите кои учествуваа во промотивната кампања за почитување на сообраќајните правила.

Како особено значаен показател за ефектите од преземените мерки, министерот ги посочи податоците за бројот на жртви во сообраќајот.

„Заклучно со месец август, ако минатата година сме имале 96 жртви, оваа година за истиот период имаме 61 жртва. Тоа е фрапантна разлика за период од една година. Според информациите што ги добивам од експертите, доколку продолжиме вака и со почитување на правилата од страна на сите македонски граѓани, можеме да бидеме пример не само во Европа, туку и во светот, како за многу краток период сме успеале да го намалиме бројот на жртви за околу 40 проценти“, истакна Тошковски.

Министерот порача дека сите активности, инвестиции и кампањи што се преземаат во областа на сообраќајната безбедност имаат една заедничка цел – Македонија да стане побезбедна држава за сите.

„Сето ова го правиме само за да дојдеме до држава којашто ќе биде побезбедна за сите“, заклучи министерот Тошковски.

YouTube video


Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер