Фолксваген лани продале повеќе колбаси отколку автомобили - Канал 5

Фолксваген лани продале повеќе колбаси отколку автомобили

Currywurst е култна брза храна во Германија. Тоа е колбас со посебен кечап и многу кари.

Фолксваген лани продале повеќе колбаси отколку автомобили

Currywurst е подеднакво легендарен и во работничките мензи на автомобилскиот гигант Volkswagen (VW). Не е ни чудо што овој концерн одамна почна да ги продава овие колбаси во супермаркетите.

Сепак, веста звучи бизарно - VW продаде повеќе колбаси од автомобили минатата година. Ова зборува за популарноста на нивниот каривурст, но и за кризата во германската автомобилска индустрија, пишува Дојче веле.

Како што е соопштено, минатата година концернот со седиште во Волфсбург продал 8,5 милиони порции колбаси во триесетина кантини и киосци, како и во супермаркети. Тоа е за околу 200.000 повеќе отколку во 2023 година, која исто така беше рекордна година. Но, не е целата заслуга на currywurst, но во оваа бројка доаѓа и хот-догот, кој беше вклучен во палетата на производи на VW пред неколку години.

Во исто време, минатата година се продадени само 5,2 милиони возила со логото на VW. Ако е некаква утеха, кога ќе се избројат сите брендови кои припаѓаат на концернот – да речеме Škoda, SEAT, Audi, Porsche, Lamborghini – продадени се девет милиони примероци, што е сепак повеќе од бројот на колбаси. Но, дури и таа бројка падна за 2,3 отсто во споредба со претходната година.

Остар пад на профитот

Беше објавено и дека Volkswagen лани заработил 12,4 милијарди евра, што за нив е огромен пад од 30 отсто. И ова иако вкупниот промет се зголеми на 345 милијарди. Причината за падот на профитот е големиот пад на продажбата на кинескиот пазар, како и големите инвестиции, на пример во новата фабрика на Audi во Брисел.

Засега вработените во VW според колективниот договор можат да бидат среќни што се уште добиваат бонуси за минатата година, по 4.800 евра. Од ова имаат корист околу 120.000 вработени во Германија. Шефовите на концернот некако ќе преживеат со милионските плати, а според агенцијата ДПА, за оваа и за следната година се откажуваат од околу 11 отсто од приходите.

Проблемите допрва ќе следуваат, бидејќи Фолксваген објави на крајот на минатата година, поради големите протести од вработените, па дури и од политичарите, дека ќе укине 35.000 работни места во Германија до 2030 година. Ова е прв пат во историјата овој автомобилски гигант да отпушта луѓе.

Нема потреба да се грижите за каривурст.

Но, кога станува збор за колбасот, секој може мирно да спие. VW најави дека планира да воведе нови видови колбаси во мензите, како и во супермаркетите.

Кога пред неколку години VW го повлече каривурстот од една од своите десетици кантини, се крена голема медиумска врева. Се вклучи дури и поранешниот германски канцелар Герхард Шредер, кој секогаш се претставуваше како човек од народот. Тој потсети дека колбасот е „работничка чоколадна лента за сила“.

Volkswagen започна со производство на currywurst уште во 1973 година. Го произведува месарница основана од концернот. Овој колбас има дури и производствен број, исто како и секој дел од автомобилот. Тој број е 199.398.500 А.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Повторно гори во теснецот (ВИДЕО)

Иранската војска денеска соопшти дека два нафтени танкера се запалиле откако удриле во поморски мини во Ормускиот теснец.

Повторно гори во теснецот (ВИДЕО)

Морнарицата на Иранската револуционерна гарда (ИРГЦ) наведе дека два нафтени танкера – кои ги прекршиле прописите – ги исклучиле своите системи за навигација и идентификација и се обиделе да го напуштат Ормускиот теснец преку неовластена рута, под закрила на американските воени сили. Притоа, тие удриле во поморски мини и се запалиле, пренесува агенцијата ИРНА.

Во соопштението се додава дека, и покрај напорите на американскиот воен персонал да ги изгаснат пожарите, пловилата остануваат зафатени од пламени и се напуштени.

Во соопштението, упатено до сопствениците на бродовите, се напоменува дека за безбедно поминување низ Ормускиот теснец е неопходна „координација со иранските вооружени сили“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Повторно зачестени измамнички пораки за наводна наплата на сообраќајни прекршоци

МВР апелира на внимателност

Повторно зачестени измамнички пораки за наводна наплата на сообраќајни прекршоци

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека во изминатиот период повторно е забележана зачестена појава на измамнички пораки преку СМС, електронска пошта и социјалните мрежи, со кои граѓаните се доведуваат во заблуда дека треба да извршат уплата за наводно направен сообраќаен прекршок регистриран од системот „Безбеден град“.

Станува збор за обиди за фишинг измами, при што преку лажни пораки и линкови се бара од граѓаните да пристапат до веб-страници и да внесат лични и банкарски податоци, со цел нивна злоупотреба.

МВР апелира до граѓаните да бидат особено внимателни и да не отвораат сомнителни линкови, да не внесуваат податоци од платежни картички, лозинки и други лични информации на непроверени веб-страници, ниту да вршат уплати преку линкови добиени во сомнителни пораки.

Воедно, потсетуваме дека официјалните СМС известувања за сообраќајни прекршоци од системот „Безбеден град“ се испраќаат од испраќачот „MVR-SC“, задолжително ја содржат регистарската ознака на возилото со кое е направен прекршокот, а линкот води до официјалната веб-страница со домен http://safecountry.mvr.gov.mk

Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи презема мерки и активности за откривање и санкционирање на сторителите на ваков вид измами.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Петкоска: Навременото препознавање на безбедносните закани и размената на информации со НАТО се од клучно значење

Навременото препознавање на безбедносните закани и размената на информации со НАТО се од клучно значење за националната и финансиската безбедност.

Петкоска: Навременото препознавање на безбедносните закани и размената на информации со НАТО се од клучно значење

На денешната надзорна расправа во Собранието во рамки на Комисијата за финансирање и буџет, на тема „ Причини за воведувањето администрација во АЛТА банка АД Битола, улогата и постапувањето на Народната банка и институционалната одговорност“, се обрати пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Лидија Петкоска која истакна дека во услови на сложени и променливи безбедносни, политички и економски околности од особено значење е институциите да постапуваат одговорно, транспарентно и навремено, особено кога станува збор за прашања кои директно влијаат врз стабилноста и довербата во финансискиот систем и посочи дека утврдувањето на причините за одредени институционални постапки, како и јасното дефинирање на одговорноста на надлежните органи се неопходни за заштита на јавниот интерес и зајакнување на довербата на граѓаните во институциите.

„Во услови на динамични геополитички промени и се посложени безбедносни предизвици навременото препознавање на ризиците и правилната процена на нивното влијание врз националната безбедност се од особено значење за секоја држава. Сведоци сме дека безбедносната состојба во Европа и поширокиот регион е под влијание на повеќе паралелни процеси. Нашата држава како членка на НАТО има дополнителна одговорност но и обврска активно да допринесува за колективната безбедност, а тоа подразбира следење на состојбите и ефикасна размена на информации, координација и навремено информирање на институциите кои носат одлуки“, посочи Петкоска.

Петкоска постави прашање во областа на регионалната и националната безбедност, со фокус на следењето на безбедносно-стратешките појави од страна на Агенцијата за разузнавање, навременото информирање на државниот врв и размената на информации со НАТО партнерите.

„Во таа насока би сакала да ви го поставам следното прашање: Кои тековни регионални и безбедносно стратешки појави што може да имаат ефект на прелевање кон Македонија ги следи Агенцијата за разузнавање и со која динамика го известува државниот врв за истите? Дополнително, ме интересира како се одвива текот на информирање на државниот врв за безбедносните предизвици од една страна и размената на информациите со НАТО партнерите од друга страна? Дали станува збор за редовно и систематско известување или динамиката се приспособува согласно интензитетот и сериозноста на конкретните безбедносни случувања. Колку е важно во овој процес навременото споделување на информациите особено кога станува збор за појави кои во почетната фаза можеби не претставуваат директна закана за нашата држава, но доколку не се препознаат навреме можат да прераснат во сериозен безбедносен предизвик“, рече Петкоска, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер