Фолксваген ги негира обвинувањата за присилна работа во нивна фабрика - Канал 5

Фолксваген ги негира обвинувањата за присилна работа во нивна фабрика

Има сѐ повеќе западни производители кои се обвинети за нехуман третман на работниците и кршење на човековите права. На тапет е и Volkswagen.

Фолксваген ги негира обвинувањата за присилна работа во нивна фабрика

Фолксваген, за кој се вели дека практикува принудна работа во својата фабрика во кинеската провинција Ксинџијанг, исто така им се придружи на многуте звучни имиња кои се наоѓаат на столбот на срамот. Фолксваген има голема фабрика во оваа сиромашна провинција со домашен партнер (SAIC), како и голем број подизведувачи. Експертскиот панел во ОН е загрижен дека таму се практикува принудна работа.

Членовите на одборот на VW, Јорг Хофман и Стефан Вајл, за Брауншвајгер Цајтунг изјавија дека Фолксваген мора да ги истражи наводите. „Треба конкретно да ги одмериме фактите и, врз основа на тоа, да одговориме на прашањето дали прекинот на активноста би била правилна одлука“, рече Хофман.

Уште во април, првиот човек на Фолксваген отфрли секаква можност за практикување принудна работа во погоните на Фолксваген. Тој рече дека е убеден дека нема принудна работа во фабриката и дека локалното население е многу подобро откако фабриката се отворила таму.

„Верувам дека присуството на фабриката доведе до подобри услови за луѓето таму. Патуваме таму и, како и секаде во светот, обезбедуваме спроведување на нашите работнички права, почитување на културната и верската различност“, рече Дис.

Приказната за угнетувањето на етничката група Ујгури во провинцијата Ксинџијанг ја вклучи и германската влада, која е загрижена за можните прекршувања на човековите права, пишува Auto News. Канцеларот Олаф Шолц изразил загриженост поради злоупотребата на Ујгурите и повикал на диверзификација на синџирите на снабдување и пазарите.

Volkswagen во својата изјава „остро се спротивставува на принудната работа“, пишува Motor1. „Во нашиот глобален бизнис, обезбедуваме опстанок на нашите вредности и почитување на стандардите. Истото го очекуваме и од нашите локални деловни партнери“, рече портпаролот на VW, Николај Лауде.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Германско здружение поднесе жалба против „Мета“ поради паметни очила, бара забрана за продажба

Германската организација за заштита на дигиталните права „HateAid“ поднесе кривична пријава против „Meta“ и компаниите што ги продаваат нејзините очила со вештачка интелигенција во Германија.

Германско здружение поднесе жалба против „Мета“ поради паметни очила, бара забрана за продажба

Во пријавата се наведува дека овие уреди – конкретно моделот „Ray-Ban Meta Wayfarer“ – ги прекршуваат германските закони за дигитална приватност.

Ова претставува најнов случај на правен притисок во земја каде што правото на приватност е високо ценето, пренесува „Ројтерс“.

Организацијата ја поднесе пријавата до Централната канцеларија за борба против сајбер-криминалот (ZIT) со седиште во Франкфурт, насочена против раководството на „Meta“, производителот на очила „EssilorLuxottica“ (во чија сопственост е брендот „Ray-Ban“), како и против трговците на мало „Fielmann“, „Apollo-Optik“, „Mister Spex“ и „MediaMarkt“.

„Не можете да им побегнете на паметните очила. Во секој момент мора да претпоставите дека некој ве снима и дека снимката ќе ја објави на интернет“, изјави извршната директорка на „HateAid“, Жозефин Балон.

HateAid истакнува дека нејзината претставка се заснова на сојузниот закон за заштита на дигитални податоци. Тој закон ја забранува продажбата на комуникациски уреди наменети за тајно снимање на луѓе.

Од Mister Spex изјавија дека прашањето за заштита на приватноста го сфаќаат многу сериозно, но дека сè уште не се официјално известени за претставката. Другите споменати компании и ZIT не одговорија веднаш на барањата за коментар.

Германскиот регулатор за дигитални комуникации, Сојузната агенција за мрежи (BNetzA), уште кон крајот на 2023 година објави дека се забранети поврзани уреди способни за тајно аудио или видео снимање.

Во средата, агенцијата за „Ројтерс“ изјави дека внимателно го следи пазарот на паметни очила, но во моментов не спроведува официјална истрага.

„Поседувањето, увозот или продажбата на паметни очила не се забранети, под услов функцијата за снимање да биде јасно видлива – на пример, преку светлосен сигнал“, објасни портпарол на агенцијата. Во јули, медиумската куќа SWR објави дека и органот за заштита на податоци на покраината Хамбург презема правни мерки во врска со употребата на паметни очила.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Драмски театар со претставата „Кармен“ го отвора театарскиот фестивал „Бранко Ѓорчев“ во Неготино

Со изведба на претставата „Кармен“ на НУ Драмски театар Скопје утре, на 14 август, во Неготино се отвора Театарскиот фестивал „Бранко Ѓорчев“. Ова е трет фестивал што се одржува во чест на истакнатиот македонски актер Бранко Ѓорчев.

Драмски театар со претставата „Кармен“ го отвора театарскиот фестивал „Бранко Ѓорчев“ во Неготино

Фестивалот се одржува во салата на Центарот за култура „Ацо Ѓорчев“. Претставите започнуваат во 20 часот, а влезот за публиката е слободен. Публиката во Неготино од 14 до 23 август ќе има можност да проследи пет претстави во ревијалната фестивалска програма.

По утрешното отворање на фестивалот со монодрамата „Кармен“ на актерката Биљана Драгиќевиќ- Пројковска во режија на Дејан Пројковски на НУ Драмски театар Скопје, наредната фестивалска вечер ќе биде во вторник на 18 август со изведбата на претставата „Знаме и куфер“ на режисерката Изабела Јакимова во продукција на „Театар за тебе“ од Скопје.

Во среда на 19 август театарот „Ј.Х.К.-Џинот“ од Велес ќе ја изведе претставата „Синиот портокал“ на режисерот Александар Ивановски. На 21 август (петок) на програмата на фестивалот е „Магионичарско шоу“, детска програма со Кристијан Шопов - Кико Магико. Годинашниот театарски фестивал „Бранко Ѓорчев“ се затвора во недела на 23 август со ансамблот на Народниот театар „Ацо Шопов“ од Штип кој ќе ја изведе претставата „ЈЗУ Европа“ на режисерката Кристина Атансова.

Монодрамата „Кармен“ на фестивалот во Неготино ќе биде изведена 51. пат по премиерата што претставата ја имаше во мај 2021 година.

Претставата е работена по мотив од романот „Пет часа со Марио“ од шпанскиот писател Мигел Делибес. Актерката Биљана Драгиќевиќ-Пројковска за улогата Кармен има добиено неколку меѓународни награди и признанија. Режијата и драматизацијата се на Дејан Пројковски, сценографијата на Валентин Светозарев, сценските движења на Олга Панго, костимографијата на Раде Василев, а музиката на Горан Трајкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Филипче: Додека премиерот е на екскурзија, јас решив да го посетам Ново Село

Оваа година немав многу време за одмор.

Филипче: Додека премиерот е на екскурзија, јас решив да го посетам Ново Село

Одговор на претседателот на СДСМ Венко Филипче на прашањето на Канал 5 каде го минува летниот одмор.

Оваа година немав многу време за одмор.

Додека премиерот е на екскурзија, јас решив да го посетам Ново Село, таму каде што беа нападнати младите.

Следната недела планирам да одам и во Гостивар, да видам како се луѓето.

Последниот пат кога бев, состојбата беше многу лоша. Владата испрати само три цистерни вода за цел град.

Во меѓувреме ќе се обидам да поминам неколку дена со моите, а потоа ме чека и работата во болница.

Ако ви требаат информации за реалните проблеми на граѓаните, слободно.

За туристички дестинации, подобро прашајте кај оние што летаат со државен авион.

Поздрав,

Венко Филипче

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер