Фолксваген доби нов шеф - Канал 5

Фолксваген доби нов шеф

На местото на извршен директор на брендот Фолксваген е поставен Ралф Брандштатер, додека досегашниот прв човек на најпопуларната германска автомобилска марка, Херберт Дис ќе ја задржи позицијата на шеф на целата Фолксваген групација.

Фолксваген доби нов шеф

Брандштатер претходно бил оперативен директор на брендот Фолксваген, а на новата функција официјално ќе стапи на 1 јули, соопшти германскиот автомобилски гигант.

До сега Херберт Дис се наоѓаше на двете највисоки раководни позиции, беше воедно извршен директор на марката Фолксваген, но и на целата групација, но управниот одбор на Фолксваген одлучил дека Дис во иднина треба да биде фокусиран само на Фолксваген групацијата.

Од Фолксваген велат дека Ралф Брандштатер е еден од нивните најискусни менаџери и дека веќе се докажал во претходните две години како оперативен директор на тој бредн, а сега ќе добие шанса да ја развива идната стратегија на Фолксваген од највисоката раководна позиција,

Брандштатер е во Фолксваген од 1993 година.

Со текот на годините одел се повисоко во раководните функции, а одредено време бил и еден од шефовите на брендот Сеат.

Пред најновата одлука на управниот одбор на Фолксваген се шпекулирало дека на позицијата на извршен директор ќе биде поставен Оливер Бруме од Порше, но таа позиција сепак на крај му е доделена на Ралф Брандштатер.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

72-годишен маж е шестата жртва од западнонилска треска

Западно нилската треска продолжува да зема данок во животи. 

72-годишен маж е шестата жртва од западнонилска треска

Шестата жртва на вирусот е 72 годишен скопјанец од Аеродром, кој по три недели откако бил хоспитализиран и поради критичната состојба ставен на апарати за дишење ја загуби битката, потврдува Директорот на Инфективната клиника д-р Фадил Цана. Во моментот 18 пациенти се во болница поради тешки симптоми на западен нил, односно воспаление на мозокот и мозочните обвивки, и сите клинички се сметаат за потврдени, иако за неколкумина од нив се чека лабораториска потврда. Петмина остануваат критични и се на респиратор. Инфектолозите сметаат дека тоа што лани има евидентирано само двајца, а годинава педесетина случаи на западно нилска треска се должи на тоа што вирусот годинава засилено циркулира во земјава.

-Смртноста ја овие пациенти кои се повозрасни се зголемува. Тоа што имаме тешки случаи не значи дека отстапуваме од другите земји, туку сме во склоп на тие проценти кои научно се веќе потврдени. Порано не сме имале толку многу? Па не сме имале бидејќи вирусот не бил толку присутен, сега како што е повеќе присутен, односно повеќе циркулира, нормално, се очекува бројот на случаи да се зголемува,- - д-р Фадил Цана – директор на инфективна клиника.

Во меѓувреме, потврда дека вирусот е присутен таму и каде што досега нема евидентирано случаи е гавран со западно нилска треска пронајден угинат во центарот на Ресен, во паркот покрај општината. Здравствените власти велат дека и таму ќе се прска против комарци, да се спречи епедемија.

-Веднаш се известени ЦЈЗ Битола и општината во Ресен за преземање засилени мерки и прскање против комарци по индикација. Во моментот уште две птици од скопското подрачје се во фаза на тестирање, ќе следиме како се развива ситуацијата и ќе реагираме. Важно е граѓаните да пријавуваат угинати гаврани, бидејќи гавранот е генерално стационарна птица и е показател на локална циркулација на вирусот, појасни министерот Клековски.

Во Ресен ќе бидат активни мерките на претпазливост што освен прскање против комарци вклучува и засилен надзор од страна на лекарите кои веќе ќе ги имаат упатствата од Министерството, рано да препознаат дека воспалението на мозокот кај одреден пациент е токму од западен нил.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Почина Ратко Младиќ

Генералот Младиќ беше во притворската болница во Хаг од 2024 година.

Почина Ратко Младиќ

Поранешниот командант на Главниот штаб на Армијата на Република Српска, генерал Ратко Младиќ, почина во притворската болница во Хаг на 84-годишна возраст, изјави за Срна државната секретарка во Министерството за човекови и малцински права на Србија, Лидија Павичевиќ.

Таа рече дека оваа информација ја добила од синот на генералот, Дарко Младиќ.

Генералот Младиќ беше во притворската болница во Хаг од 2024 година, каде што беше врзан за кревет изминатата година и пол, а Механизмот за кривични судови во Хаг ги игнорираше барањата да биде пуштен на лекување во Србија од хуманитарни причини.

Српскиот генерал претрпе неколку мозочни удари, од кои последниот беше на 10 април.

Тој имаше сериозни кардиоваскуларни заболувања, висок крвен притисок, невролошки оштетувања и проблеми со бубрезите.

Поради оваа причина беше хоспитализиран неколку пати и беше подложен на разни медицински и терапевтски процедури, вклучително и хируршки интервенции на срцето и ногата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Мета“ ќе плати над 16 милијарди долари, постепено ќе става ограничувања за тинејџерите на Фејсбук и на Инстаграм

„Мета“ ќе плати над 16 милијарди долари во следната деценија и ќе го ограничува начинот на кој тинејџерите ги користат Фејсбук и Инстаграм, согласно договорот со речиси сите сојузни држави во САД.

„Мета“ ќе плати над 16 милијарди долари, постепено ќе става ограничувања за тинејџерите на Фејсбук и на Инстаграм

„Мета“ ќе плати над 16 милијарди долари во следната деценија и ќе го ограничува начинот на кој тинејџерите ги користат Фејсбук и Инстаграм, согласно договорот со речиси сите сојузни држави во САД, откако компанијата беше обвинета дека ги дизајнирала овие социјални мрежи за да создаваат зависност кај децата,

„Мета“ се согласи во следната деценија да го ограничи користењето на Фејсбук и на Инстаграм на тинејџерите на два часа дневно, а и да го блокира целосното користење од полноќ до 6 часот наутро, освен ако родителите не дадат согласност.

Овие ограничувања би можеле да бидат заострени доколку социјалните платформи Снепчет, Тикток и Јутјуб усвојат слични услови.

„Мета“, исто така, ќе ги исклучи повеќето известувања за тинејџерите во текот на наставата, од 8 до 15 часот, и ќе ги зајакне мерките за спречување на пристапот на децата до содржини со старосни ограничувања.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер