Андоновски: Со поддршка од Фондот за развојно партнерство Индија–ОН ќе го унапредуваме Централниот регистар на население
2Андоновски: Со поддршка од Фондот за развојно партнерство Индија–ОН ќе го унапредуваме Централниот регистар на население
3Македонија со најбројна делегација досега – околу 130 учесници во 19 спортови на Медитеранските игри во Таранто
ФудбалФлик: Против Лас Палмас не игравме најдобро, но најважна е победатаТренерот на Барселона, Ханс Флик, не е задоволен од играта на неговите фудбалери на синоќешниот натпревар со Лас Палмас од 25. коло на шпанскиот шампионат.Барселона победи со 2:0 со головите на Олмо и Феран Торес во второто полувреме. - По натпреварот се чувствувам уморен. Не одигравме најдобро. Беше многу тежок натпревар, но најважно е тоа што победивме. Не одигравме најдобро но затоа имаме играчи на клупата кои добиваат шанса да покажат што знаат. Голот на Олмо беше многу важен и за нас и за него. Неговото појавување на теренот беше многу позитивен момент, ја цитира „Marca“ изјавата на Флик. По овој меч Барселона е прва во поредокот со 54 бодови, еден бод повеќе од Атлетико и три бода пред Реал, кој има натпревар помалку. Лас Палмас е на 17. место со 23 бодови./МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо невремето во Скопје: Петнаесет повредени,117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари08:33Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар18:26Обвинителството бара 30 дена притвор за раководството на гостиварски „Комуналец“15:16Гостивар и натаму останува без вода за пиење15:00Обвинителство: Истрага против три лица, водата во Гостивар е многу загадена08:47
По невремето во Скопје: Петнаесет повредени,117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари08:33
ЕкономијаМФ: По комисиската расправа Владата го усвои дополнетиот Ребаланс По комисиската расправа Владата го усвои дополнетиот Ребаланс - обезбедени средства и за поддршка на земјоделките и жртвите на семејно и родово насилство.Владата на седница го усвои Дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2026 година, во кој се имплементираа усвоените амандмани, со кои се обезбедија дополнителни средства за жените коишто вршат земјоделска дејност, средства за воспоставување национална СОС линија за поддршка на жртвите на родово и семејно насилство, како и средства за отворање и ставање во функција на два згрижувачки центри за жртви на семејно и родово базирано насилство. Дополнетиот предлог ребаланс со вградените амандмани по расправата во Комисијата за финансирање и буџет во Собранието и предложените измени ќе биде доставен во Собранието на усвојување. Со ребалансот на Буџетот вкупните приходи се планирани на ниво од 379,5 милијарди денари. Вкупните расходи се проектирани на ниво од 425,8 милијарди денари, при што дополнителните средства се насочени кон јасно утврдени приоритети. Со ребалансот се обезбедени дополнителни средства за земјоделските субвенции, повеќе средства за субвенциите во железничкиот сообраќај, поддршката на спортот, како и за студентскиот и ученичкиот стандард. Oбезбедена е и дополнителна поддршка за најранливите категории граѓани преку средства за социјални надоместоци, за заштитни друштва, народни кујни и мерки за деинституционализација, како и дополнителни средства за здравствена заштита. Со ребалансот се обезбедуваат дополнителни средства за капитални инвестиции и се на ниво од околу 46 милијарди денари, што е зголемување за 14,5% во однос на иницијалниот Буџет. Истовремено се намалуваат расходите за стоки и услуги. Со Ребалансот буџетскиот дефицит е проектиран на ниво 46,3 милијарди денари или 4,1% од БДП. Економскиот раст е проектиран на ниво од 3,5%.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаАндоновски: Со поддршка од Фондот за развојно партнерство Индија–ОН ќе го унапредуваме Централниот регистар на населениеМинистерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, се обрати на Бизнис-форумот меѓу Македонија и Индија, каде што го претстави предлог-проектот за унапредување на Централниот регистар на населениеМинистерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, се обрати на Бизнис-форумот меѓу Македонија и Индија, каде што го претстави предлог-проектот за унапредување на Централниот регистар на население, за чија реализација е предложена поддршка од Фондот за развојно партнерство Индија–Обединети нации (India-UN Development Partnership Fund). Во присуство на претседателката на Република Индија и претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, министерот Андоновски истакна дека проектот претставува конкретен и перспективен прв чекор кон продлабочување на дигиталната и економската соработка меѓу двете земји. „Целта е практична и насочена кон граѓаните – доверливите и точни податоци да ги претвориме во подобри одлуки и поквалитетни јавни услуги. Централниот регистар на население веќе претставува основа за сигурни дигитални услуги и проверка на идентитетот, а со неговото унапредување ќе создадеме уште поефикасен и поповрзан систем“, нагласи Андоновски. Предлог-проектот предвидува поврзување на клучните матични евиденции, подобрување на квалитетот на податоците со примена на вештачка интелигенција и развој на аналитички алатки за креирање политики засновани на податоци и докази. Примената на новите технологии ќе се спроведува со институционална проверка и задолжителен човечки надзор. Со реализацијата на проектот се очекуваат побрзи и поквалитетни услуги за граѓаните и компаниите, помалку административни постапки и подобро насочување на јавните инвестиции. „Компаниите не треба да бидат курири меѓу институциите. Податоците треба да се движат, а не граѓаните и бизнисите. Токму затоа, унапредувањето на Централниот регистар на население е значајно за изградбата на ефикасни, сигурни и целосно дигитални јавни услуги“, порача министерот. Андоновски посочи дека Индија, со своето искуство во развојот на дигиталната јавна инфраструктура и системите како Aadhaar, DigiLocker, UPI и India Stack, претставува исклучителен партнер за Македонија. Истовремено, Македонија може да биде посветен европски партнер и регионален пример за приспособување на индиската експертиза кон потребите на помала земја, во согласност со европските стандарди. Министерот ги повика индиските компании, инвеститори, универзитети и истражувачки центри да воспостават партнерства со Македонија во областите на дигиталните јавни услуги, вештачката интелигенција, сајбер-безбедноста, финансиските технологии, облачните решенија и дигиталните вештини. „Да изградиме дигитален и економски мост по кој слободно ќе се движат знаењето, инвестициите, технолКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈП Комунална хигиена спроведува активности за расчистување по вчерашното невремеВо текот на вчерашната ноќ и утринава, ЈП Комунална хигиена-Скопје спроведува засилени активности за расчистување по обилните дождови што вчера го зафатија градот.Во координација со Градот Скопје, екипите на Претпријатието реализираат активности за расчистување на јавните и на сообраќајните површини, со цел да се овозможи проодност на движењето на пешаците и безбедно одвивање на сообраќајот. Се реализираат рачно и машинско метење и миење, а екипите на Претпријатието се ангажирани и за повторно поставување на садовите за одлагање на отпадот што беа изместени во текот на невремето. Активностите ќе продолжат во текот на целиот ден, во насока на целосно санирање на последиците од невремето. Тагови: ЈП Комунална хигиена Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter