УХМР: Под влијание на топла воздушна маса до средината на следната седмица времето ќе биде сончево и многу топло
2УХМР: Под влијание на топла воздушна маса до средината на следната седмица времето ќе биде сончево и многу топло
3Митева: Над 120 македонски уметници ќе бидат дел од проектот за одбележување на 35 години независност на Македонија
ФудбалФлик: Барселона е најдобриот клуб во светотТренерот на Барселона, Ханси Флик, ја сподели својата длабока емотивна врска со каталонскиот клуб и ги пофали условите за работа и атмосферата таму.- Кога првпат го посетив „Камп ноу“, си реков дека еден ден ќе бидам на оваа клупа. Многу го сакам овој клуб. За мене, тоа е најдобриот клуб во светот. Навистина го ценам животот во Барселона. Луѓето се многу љубезни кон нашиот тренерски персонал. Неверојатно е да се работи тука. Имам фантастичен претседател, фантастичен тренерски персонал. Играчите се неверојатни, изјави Флик за „Мундо Депортиво“. Тренерот ја нагласи важноста на достигнувањата и целокупната хармонија во тимот. - Создадовме одлична атмосфера. Освојувањето титули и постигнувањето успех се важни за мене. Поминуваме низ прекрасен период, додаде тој. Флик ја презеде Барселона во летото 2024 година, заменувајќи го Чави. Под водство на Флик, тимот ја освои Ла Лига, Купот на кралот и Суперкупот на Шпанија во сезоната 2024/25. Оваа сезона, Барселона е на чело на шпанската лига и се пласира во плејофот на Лигата на шампионите.Тагови: БАРСЕЛОНА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОпштина Карпош: Започнува реконструкција на улица Трифун БузевОпштина Карпош започнува акција за санирање на дел од улицата Трифун Бузев во населбата Карпош 4.Станува збор за поставување на нова асфалтна база на коловозот во должина од 112 метри, работа на долниот строј, како и замена на рабниците и бекатон плочките долж пешачката патека. Во таа насока ќе бидат реконструирани и двата паркинга кои се наоѓаат во непосредна близина на коловозот, со поединечна должина од 80 метри. По тој повод, заменик – градоначалникот на Општина Карпош, Неделчо Крстевски беше на увид на градежните работи кои се одвиваат на оваа улица. Целата оваа реконструкција ќе трае од 30 до 40 работни денови и ги замолувам граѓаните кои живеат на самата улица и во близина на истата да бидат трпеливи. Општината и во иднина ќе инвестира во модернизација и подобрување на инфраструктурната мрежа на целата територија на Карпош - истакна Крстевски. Изведувач на градежните работи е фирмата „Филип Инженеринг ДООЕЛ“, а целосниот зафат чини 8.441.538 денари. Средствата ги обезбеди Владата на РМ, а во случајов Општина Карпош ја доби оваа финансиска поддршка, откако изработи проект и аплицираше со него на Јавниот повик кој го распиша Министерството за локална самоуправа. Општина КарпошТагови: Општина Карпош Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоУХМР: Под влијание на топла воздушна маса до средината на следната седмица времето ќе биде сончево и многу топлоПод влијание на топла воздушна маса од југ до средината на следната седмица времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа ќе достигне до 39°C. Високи температури ќе се задржат и во текот на ноќните часови.Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
АвтомобилизамАмерика ја затвора вратата за позната автомобилска марка: Кина и Русија – стоп!Причината е нова американска регулатива што го ограничува увозот и продажбата на возила чија технологија има врски со Кина или Русија.„Polestar“ објави дека повеќе нема да може да продава автомобили на американскиот пазар од моделската 2027 година. Причината е нова американска регулатива што го ограничува увозот и продажбата на возила чија технологија има врски со Кина или Русија. Министерството за трговија на САД не ѝ одобрило на компанијата дозвола да продолжи со продажба на возила според новите правила. „Polestar“ е во сопственост на „Volvo“ и „Geely“, кинески автомобилски гигант кој контролира неколку глобални брендови. За разлика од „Polestar“, „Volvo Cars“ доби дозвола да продолжи со продажба на своите возила во САД на крајот на мај. Во исто време, „Ford Motor Company“ се обидува да обезбеди одобрение за моделот „Lincoln Nautilus“, кој се произведува во Кина. „Polestar“ вели дека ќе продолжи да ги продава постојните залихи на „Polestar 3“ и „Polestar 4“ во САД, како и да одржува сервисна мрежа за постојните клиенти. Компанијата истакнува дека американскиот пазар повеќе не е клучен за нејзиното работење, бидејќи 94 проценти од продажбата во првиот квартал од 2026 година била генерирана надвор од САД. Извор: Б92Тагови: Polestar Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАлиу: Европски средства за подобро здравство11:07Утре и задутре ќе изврши авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје09:22Мицкоски: Граѓаните се иселуваат кога ве гледаат во Дубаи како уживате на Харис Џиновиќ и на јахти, а не сте во затвор15:11Мицкоски до Филипче: Кога граѓаните ќе ве видат зад решетки, тогаш ќе веруваат дека правдата дошла12:36Македонското МНР бара објаснување и темелна истрага од Софија за протекувањето на дипломатската нота15:00
Утре и задутре ќе изврши авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје09:22
Мицкоски: Граѓаните се иселуваат кога ве гледаат во Дубаи како уживате на Харис Џиновиќ и на јахти, а не сте во затвор15:11
Мицкоски до Филипче: Кога граѓаните ќе ве видат зад решетки, тогаш ќе веруваат дека правдата дошла12:36
Македонското МНР бара објаснување и темелна истрага од Софија за протекувањето на дипломатската нота15:00