Флекенштајн: Името не може веќе да го сопре патот на Скопје кон ЕУ

Европратеникот Кнут Флекенштајн го поздрави потпишувањето на Протоколот за членство во НАТО.

Флекенштајн им го честиташе вчерашниот чин на премиерот Зоран Заев и министрите Никола Димитров и Радмила Шеќеринска преку Твитер и ги поздрави напорите на сите кои придонесоа за, како што вели, овој историски успех.

Ден пред ратификацијата на овој документ во Атина, Флекенштајн за МИА изјави дека фактот што Грција го потпиша протоколот вчера е „веќе голем успех".

– Тоа јасно покажува дека оспоруваниот Преспански договор беше корисен и оти го исполнува своето ветување да се стави крај на долги година блокади за земјата, смета европратеникот од редовите на социјалдемократите.

Според Флекенштајн, иако НАТО не игра важна улога во процесот за ЕУ бидејќи не сите членки на ЕУ се членки на НАТО и обратно, сепак вчерашното потпишување испраќа важен сигнал.

– Се разбира, има земји за кои членството во НАТО е важно, но за мене успехот лежи во фактот што деценискиот спор за името не може повеќе да го сопре Скопје на патот кон Европската Унија, сега треба целосно да се посветат на потребните реформи, апелираше европарламентарецот.

Истрели во близина на Амбасадата на Израел во Стокхолм

Шведската полиција приведе неколку лица и блокира голема област во Стокхолм откако патролата слушнала сомнителни истрели.

Полицијата ја блокира областа помеѓу мостот Диргарден во главниот град, Нобеловиот парк и црквата Оскар. Во оваа област е лоцирана Амбасадата на Израел.

Започната е истрага под сомнение за сериозни прекршоци со оружје.

Без струја дел од скопските општини Илинден и Кисела Вод

 Поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, денеска без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од скопските општини Илинден и Кисела Вода, соопшти РЦУК - Скопје.

Во периодот од 08:30 до 09:30 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од улицата „34“ во населбата Илинден, а од 09:00 до 13:00 часот корисниците од улицата „Востаничка“ во општина Кисела Вода.

Во Скопје санкционирани 108 возачи

На територија на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се 108 мерки за прекршоци во областа на сообраќајот, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи. 

Од нив, девет мерки се за возење без возачка дозвола, четири санкции за минување на црвено светло, седум мерки за користење на мобилен телефон при возење, осум санкции за некористење на сигурносен појас...

притисни ентер