3Серафимовски: Зголемена поддршката за зелена нафта, доделувањето на картичките започнува оваа недела
Мадрид и Казабланка го посакуваат финалето на Светското првенство во 2030, но и Барселона има свој адут
1Мадрид и Казабланка го посакуваат финалето на Светското првенство во 2030, но и Барселона има свој адут
ФудбалФламенго по само пет месеци го отпушти Сампаоли Бразилскиот прволигаш Фламенго објави синоќа дека ја раскина соработката со аргентинскиот фудбалски стратег Хорхе Сампаоли по неуспехот во финалето на бразилскиот куп против Сао Паоло (0-1, 1-1).-Тренерот Хорхе Сампаоли и неговиот стручен тим веќе нема да го водат црвено – црниот тим, објави Фламенго на социјалните мрежи, посакувајќи му на аргентинскиот стратег „среќа“ во продолжението на кариерата. Сампаоли е отпуштен по само пет месеци откако дојде во Фламенго од редовите на шпанска Севиља, каде, исто така, претходниот ангажман му траеше пет месеци. Сампаоли со Фламенго потпиша договор до крајот на 2024 година, и според локалните медиуми, клубот поради предвремениот раскин на соработката ќе треба да плати обесштетување од 1,8 милиони евра. Медиумите наведуваат дека главен кандидат за наследник на Сампаоли на клупата на клубот од Рио де Жанеиро е поранешниот бразилски селектор Тите. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00Горивата поевтинуваат, дизелот за 3 бензините за 1,5 денари 12:35ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење11:08Мицкоски на пуштање во употреба на детска градинка во Општина Теарце08:54Лице со целосно слепило дискриминирано од страна на стручна комисија, му била намалена помошта15:01
Од полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00
ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење11:08
МакедонијаАнализа на Фискалниот совет: Пензискиот систем е загрозен, потребни се реформиПензискиот систем е под се поголем притисок. Анализата на Фискалниот совет и „Фајнанс тинк“ покажува дека јазот веќе изнесува 5,2 отсто од БДП, а без реформи до 2037 година може да достигне и до 6,6 отсто. Анализите покажуваат и дека се помалку осигуреници финансираат се повеќе пензионери. Во 2024 година на еден пензионер имало 1,67 осигуреници, а поради нискиот наталитет, иселувањето на младите и стареењето на населението, проекциите покажуваат дека овој сооднос во иднина може да падне и под еден. Дополнителен проблем е неформалната економија. Според анализата, околу 95 илјади работници не плаќаат придонеси или плаќаат помалку од реалната заработка. Препораките се постепено зголемување на придонесите од 18,8 на 20%, промена на начинот на усогласување на пензиите, но и соодветни мерки за намалување на неформалната економија и зголемување на бројот на луѓе на пазарот на труд. -Дел од состојбите коишто се во делот на демографија веќе и не можеме да делуваме, па така прозорецот за реформи се затвора околу 2035 година, односно колку повеќе ја одложуваме оваа потенцијална реформа, толку цената ќе биде поголема и ќе бидат поболни тие реформи. Така што параметарски реформи се неопходни, меѓутоа не се и доволни,- Благица Петрески – Фајнанс тинк. Годинава дефицитот на ПИОМ достигнува околу 1,07 милијарди евра, а директорот Никола Мемов вели дека само годинава дефицитот пораснал за над 160 милиони евра. Тој се есогласува дека придонесите треба постепено да се зголемуваат, но додава дека потребно е да се промени и методологијата за пресметка на пензиите, да се преиспитаат и правилата за минималната и максималната пензија и повластените категории. Како значителен товар на фондот ги потенцира и обврските кон ФЗО, кои сочинуваат над 220 милиони евра од вкупниот дефицит. -Како растат пензиите, така расте и обврската на ПИОМ спрема ФЗО. А цената на здравствените услуги не расте.Само за 2026 година обврската на ПИОМ спрема Фондот за здравство порасната е за 3,5 милијарди денари, затоа што пензиите се пораснати за 7.000 денари кумулативно, тоа значи 30 милијарди денари за цела 2026 година. Ова значи дека пензионерите во 2026 година добиваат повеќе пола милијарда евра во споредба со 2024 година. И административно се зголемува долгот за цели 60 милиони евра на ПИОМ спрема Фондот за здравство. Ова треба да се смени,- Никола Мемов – директор на ПИОМ. Во однос на вториот пензиски столб, Мемов смета дека е потребна поголема слобода за пензиските друштва при инвестирањето, односно поголем дел од средствата да се насочуваат кон акциски инвестиции наместо кон државни обврзници. Тој уверува дека средствата на осигурениците се одвоени од државните и дека државата не може да ги користи, додека нивното инвестирање го контролира МАПАС. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОд полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литарЗа три денари поевтинува дизелот, додека бензините од полноќ ќе бидат поевтини за денар и половина. РКЕ ги објави новите цени на нафтените деривати, според кои литар дизел ќе се продава за 97 денари, Еуросупер 95 за 98, 5, а Еуросупер 98 за 100, 5 дВо пресметката остануваат и намалениот ДДВ за дизелот од 18 на 10 проценти и акцизата за горивата за четири денари, мерки што важат до 12 октомври а се однесуваат на ублажување на ценовниот притисок врз граѓаните и економијата. Но, поевтиното гориво на бензинските пумпи ќе значи и помали приходи во државната каса. Премиерот Христијан Мицкоски денеска повтори дека токму намалените приходи од акцизите и ДДВ се една од причините поради кои до крајот на месецот ќе се прави ребаланс на Буџетот. Според пресметките ќе се кратат околу 120-130 милиони евра и на приходната и на расходната страна. -Ние остануваме држава со најниски цени кога станува збор за дизел-горивото и безоловниот бензин од 95 и 98 октани. Отприлика, од 25 до 50 центи по литар е поевтино кај нас горивото отколку во соседството. Нормално, тоа си има своја цена. Цената е отприлика од 7 до 8 милијарди денари и затоа, за да се избалансираат сите овие работи, ние ќе правиме ребаланс. Очекувам во текот на овој месец да биде завршена процедурата и за нас приоритет е стандардот на граѓаните – изјави Христијан Мицкоски -Премиер на Македонија. Од опозицијата, пак, сосема поинакво толкување за потребата од ново прекројување на државната каса. Соред Венко Филипче премиерот манипулира со граѓаните кога ребалансот го поврзува со намалените давачки за горивата. Тој тврди дека ако буџетскиот недостиг е 130 милиони евра, тогаш бројките од ДДВ-то и акцизите на горивата не ја потврдуваат тезата на премиерот. -Ако и покрај намалувањето на едно одредено изминатите месеци на ДДВ и Акцизите вкупната цена на горивата е зголемена за повеќе од 50 проценти, тоа зналчи дека и со намалено ддв и акцизата на поголема влезна цена на горивата, ако не повеќе најмалку исто ќе биде приливот по основ на Акциза и ДДВ од поскапи горива, уште една лага на Мицковски, што е лагата, лошо испланиран Буџет – изјави – Венко Филипче – Претседател на СДСМ. Во дебатата за цените на горивата се вклучи и ЛДП. Од партијата бараат, Владата да воведе поврат на дел од ДДВ за горивата за домашните граѓани и компании. Според партијата, со сегашниот модел индиректно се субвенционираат и граѓани од соседството кои доаѓаат да полнат гориво во земјава па наместо тоа, бараат Владата да најде модел како ДДВ-то би се вратило на домашните потрошувачи. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалМадрид и Казабланка го посакуваат финалето на Светското првенство во 2030, но и Барселона има свој адут Во трката за домаќин на финалето на Светското фудбалско првенство во 2030 година би можел да се појави и трет сериозен кандидат. Покрај Мадрид и Казабланка, и Барселона ја подготвува својата кандидатура, сметајќи на целосно реновираниот стадион „Камп Ноу“. Иако првичните шпански планови главно го поврзуваа финалето со Мадрид, Мароко во последните месеци значително ги засили напорите за да го доведе финалниот натпревар во Казабланка. Вклучувањето на Барселона во конкуренцијата дополнително би ја усложнило одлуката, која е во надлежност на ФИФА. Реновираниот стадион на Барселона, Камп Ноу ќе има капацитет од 104.000 гледачи, со што ќе стане најголем во Шпанија. Завршувањето на работите моментално е планирано за првиот квартал од 2028 година, што остава доволно време за тестирање на функционалноста пред Светското првенство. Претседателот на клубот, Жоан Лапорта, како клучни аргументи ги истакнува капацитетот на стадионот и можноста градот за првпат да биде домаќин на финале на Светското првенство. Мадрид претходно ја имаше таа чест во 1982 година, но тоа не ја исклучува можноста за нова кандидатура; ФИФА не наложува приоритет да му се даде на град кој претходно не бил домаќин на финале. Капацитетот на „Камп Ноу“ исто така носи и дополнителни логистички предизвици. Прифаќањето на повеќе од 100.000 навивачи би барало крајно сложени подготовки во однос на транспортот, безбедноста и пристапот до стадионот. Казабланка го смета стадионот „Хасан II“ – планиран да прими 115.000 гледачи – за својот најсилен адут. Проектот се наоѓа надвор од центарот на градот, на околу 38 километри од Казабланка; затоа, покрај завршувањето на стадионот, од клучно значење ќе биде и воспоставувањето соодветни транспортни врски. Од друга страна, Мадрид се потпира на своето искуство и на реновираниот „Сантијаго Бернабеу“, во чија реконструкција до јуни 2026 година ќе бидат вложени околу 1,4 милијарди евра. Негов недостаток во споредба со конкурентите е помалиот капацитет. Во извештајот за евалуација на кандидатурата се наведуваат 78.297 седишта, иако конечниот број на седишта за конфигурацијата наменета за Светското првенство сè уште не е потврден. Изјавите на шпанските и мароканските функционери не претставуваат потврда за добивање на правото за домаќинство. Конечната одлука ќе ја донесе ФИФА, која сè уште нема објавено официјален датум за изборот. Според извештаите на шпанските медиуми, исходот би можел да биде познат во 2028 година, иако тој временски рок сè уште не е официјално потврден. Во меѓувреме, покрај фокусот на стадионите и инфраструктурата, ќе се одвива и политичка и дипломатска битка околу најпрестижниот натпревар во светскиот фудбал.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter