ФК Вардар: Осуда и гнев за нападот врз младинците

Фудбалскиот клуб Вардар жестоко реагира на немилите сцени што се случија по завршувањето на вчерашниот реванш полуфинален натпревар во рамките од младинскиот Куп на Македонија помеѓу ФК Шкупи и ФК Вардар, кога беа нападнати неколку деца, членови на младинската школа на „црвено-црните“.

- Со голем гнев и со жалење гледавме на она што се случуваше по последниот свиреж на судијата кога нашите фудбалери се упатуваа кон соблекувалната. Неколку неуниформирани лица влегоа и почнаа да ги удираат со боксови и клоци нашите деца, младинските фудбалери на ФК Вардар. Ние што бевме тука од нашиот тим не бевме толку бројни да реагираме. Нападнати се децата на Вардар, фудбалери помлади од 18 години. Четири наши фудбалери заработија повреди од боксовите и од клоците, сите фудбалери, стручниот штаб едвај спасуваа жива глава, стои во реакцијата на Вардар.

Од таму упатија јавно прашање до фудбалерите и раководството на ФК Шкупи дали и тие го имаа истиот третман на првиот натпревар од полуфиналето кога ФК Вардар беше домаќин?

- Одговорот е не. Беа пречекани на највисоко ниво и испратени кон своите домови и тие и нивните родители кои беа да го следат натпреварот. Ниту влакно не им фалеше. Што ќе се случеше на стадионот „Чаир“ ако ние победевме и влеговме во големото финале? На такво нешто не ни сакаме да помислиме. Тогаш ќе беше уште повеќе распалена и онака наелектризираната атмосфера како што беше во текот на целиот меч. Сигурно насилството ќе беше уште поголемо, е ставот на Вардар.

Раководството на вардарци замерува и на Фудбалската федерација на Македонија околу организациските пропусти на овој натпревар.

- Зошто ФФМ дозволува да се одигра натпревар без делегат, како што тоа беше случајот со денешниот натпревар Шкупи - Вардар? Зошто беа присутни само двајца полицајци кои се обидоа да реагираат, додека обезбедувањето ангажирано од страна на ФК Шкупи само гледач повеќе во сите случувања? Како обезбедувањето дозволи лица од трибините да влезат на терен и да ги нападнат нашите деца? Зошто немаше поголем број на полиција? Ова се прашања на кои бараме одговор од оние кои се надлежни во целата ситуација.
За каков развој на фудбалот зборуваме кога на стадионите има „нула“ безбедност, па се дозволува да влегуваат лица и удираат деца без никаква милост... Имаше и луѓе од Федерацијата на трибините. Самите се уверија во она што се случуваше, и сега очекуваме да превземат драстични мерки околу овој инцидент, реагира ФК Вардар.

Со верување дека виновниците ќе бидат најдени и санкционирани ФК Вардар најави поднесување кривична пријава против сторителите на ова дело, а за повредените деца очекува да добијат соодветна материјална отштета при судската пресуда.

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер