ФК Струга за тепањето на Радевски: Нападот не е поврзан со Шкендија - Канал 5

ФК Струга за тепањето на Радевски: Нападот не е поврзан со Шкендија

Македонскиот фудбалски шампион Струга Трим Љум потврди дека нивниот фудбалер Марјан Радески бил нападнат, но ги отфрли шпекулациите дека инцидентот е поврзан со ФК Шкендија.

ФК Струга за тепањето на Радевски: Нападот не е поврзан со Шкендија

- На јавноста сакаме да и појасниме дека инцидентот што денеска му го направија на нашиот играч Марјан Радески по мечот со Шкендија, дури и откако самиот играч им го објаснил на органите на прогонот, нема никаква врска со фудбалот воопшто, а уште помалку со ФК Шкендија од Тетово, ниту со навивачите.

Сакаме да ја искористиме оваа прилика да му се заблагодариме на тимот домаќин, кој како и секогаш се грижи за гостопримството на нашиот клуб, раководството и навивачите, стои во објавата на стружани.

Натпреварот одигран вчера во Тетово беше прв од полуфиналето во Купот на Македонија и заврши со победа на Струга со 2:1.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Со одлука на Апелација за убиството на партнерката казната за кавадарчанецот зголемена од 16 на 20 години затвор

Апелационот суд во Скопје ја зголеми зaтворската казна од 16 на 20 години на 44 годишниот Илија Панов.

Со одлука на Апелација за убиството на партнерката казната за кавадарчанецот зголемена од 16 на 20 години затвор

Апелационот суд во Скопје ја зголеми зaтворската казна од 16 на 20 години на 44 годишниот Илија Панов, кој беше прогласен за виновен за убиството на вонбрачната партнерка 52 годишната Сузана Серенакова извршено во јануари 2025 година во Кавадарци.

И одбраната на Панов и обвинителството се жалеа на првичната пресуда. Но, апелација одлучи казната да биде повисока со цел да има поголема казна врз основа на направеното дело за лице кое било осудувано и претходно и во чести состојби на афект ја физички и психички ја малтертриал неговата партнерка. Обвинетиот не го признал делото негирајќи дека не бил кај жртвата дома, но ДНК анализата покажала дека траги од него биле пронајдени на облеката и под ноките на жртвата, за што биле клучни во истрагата. Панов беше обвинет за убиство за дело кое е привидена најстрога казна доживотен затвор.

Семејното насилство е во пораст, од периодот од 2018 до 2025 година извршени се 42 убиства, 24 обиди и 192 тешки повреди, а имало скоро 45 илјади пријави за семејно насилство. Психологот Мирјана Јовановска Стојановска објаснува дека високите затворски казни се во ред, но самата казна не ја менува мотивацијата кај насилникот и неговата внатрешна намера, го менува само однесувањето да ја избегне казната.

„Она што се случува внатре во личноста казната не го менува. Да треба казна но најдобро е да има комбиниран систем каде освен казна ќе му се помогне на оној што ги прави делата. Затоа што очигледно е дека им треба многу помош“, вели изјава Мирјана Јовановска Стојановска.

Со новите измени во законот за спречување и заштита од насилство се предложува полицајците да имаат ново овластување со кое полицаецот врс основа на процена на ризик ќе може веднаш да изрче мерка за заштита на жрвата, насилникот да се отстрани од домот без согласност на жртвата и да трае до 48 часа со што судот може да ја продолжи до 30 дена или да ја укине.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Скопјанец управувал возило со 3,29 промили алкохол во организмот и предизвикал сообраќајна незгода, следува соодветна пријава

За настанот е известен јавен обвинител, а возилото било одземено.

Скопјанец управувал возило со 3,29 промили алкохол во организмот и предизвикал сообраќајна незгода, следува соодветна пријава

На 06.08.2026 во 17:00 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода И.А.Л.(34) од Скопје. Претходно, во 15:10 часот на ул.„Пролет“ во Скопје, со патничко возило „матиз“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, учествувал во сообраќајна незгода со патничко возило „хонда“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.П.(20) од Скопје, при што била причинета материјална штета. При преземање мерки и вршење на увидот, полициските службеници констатирале дека И.А.Л. возел под дејство на алкохол, односно му биле измерени 3,29 промили во крвта.

За настанот е известен јавен обвинител, а возилото било одземено. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Мицкоски сака статистика – граѓаните гледаат празни фрижидери

Евростат повторно објави податоци.

СДСМ: Мицкоски сака статистика – граѓаните гледаат празни фрижидери

Највисока минимална бруто месечна плата во Европа има Луксембург 2.771 евра.

Словенија е со 1.482 евра.

Македонија?

624 евра бруто, односно околу 421 евро нето.

Пред нас не се само западноевропските земји. Пред нас се и Србија и Црна Гора.

Ние сме на долниот дел од листата.

Мицкоски сака да зборува за проценти, раст, просеци и „позитивни трендови“. Прва, трета, најбрзорастечка економија…

Граѓаните не живеат од проценти.

Граѓаните живеат од тоа што го имаат во паричникот и во фрижидерот.

И таму статистиката е јасна: празно.

Две години оваа власт нема ниту еден вистински резултат за обичниот човек.

Минималната плата останува меѓу најниските во Европа.

Цените растат.

Инвестициите паднаа.

Младите си одат.

Дури и кога се обидуваат да се пофалат со некој инфраструктурен проект - најчесто станува збор за работи што ги започнала претходната власт.

А она што самите го допреа, најчесто го упропастија.

Или само се фотографираат.

Оваа власт е неспособна да создаде подобро.

Способна е само за тендери, за криминал и за корупција.

Тоа се „тендер-патриотите“ - силни во поделба на пари, слаби во сè друго.

Граѓаните не треба да чекаат нова статистика од Евростат за да разберат како живеат.

Тие тоа го гледаат секој ден.

И тоа е единствената статистика што важи.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер