3Превентивни активности за безбеден сообраќај и спречување на пожари и девијантно однесување на младите
ФудбалФФМ ја казни Шкендија со пет домашни натпревари без публикаДисциплинската комисија во рамки на Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука ФК Шкендија да биде казнета со играње на следните пет домашни натпревари без присуство на публика. Одлуката е донесена поради недолично однесување на навивачите и непочитување на минута молк во рамки на натпреварот ФК Шкендија - ФК Брера од 25. коло во Прва МФЛ одигран минатиот викенд. Дополнително, клубот ФК Шкендија е санкциониран со парична казна во износ од 5.000 евра поради лоша организација на натпреварот. Дисциплинската комисија, исто така, донесе одлука делегатот на натпреварот ФК Шкендија - ФК Брера, Гоце Шоповски од Струга да се суспендира на шест месеци од извршување на каква било функција во фудбалот поради непочитување на пропишаните организациски протоколи. - ФФМ во вакви или слични случаи нема да биде толерантна кон ниту еден клуб и очекува максимална одговорност од сите клубови и официјални лица. Делегатите на натпреварите имаат јасно пропишани протоколи и сите потребни инструменти за делување во вакви ситуации. ФФМ им дава целосна поддршка во нивната примена и одлучност при постапувањето. Расистичко, националистичко или каков било облик на дискриминаторско навивање нема да се толерира и ќе биде строго санкционирано согласно важечките регулативи, соопшти ФФМ. Шоповски на натпреварот во Тетово не дејствуваше во врска со однесувањето на навивачите и не постапи според протоколите за организација на натпревари, кои предвидуваат празнење на трибината во вакви случаи. ФК Шкендија добива автоматска казна во паричен износ од 1.000 евра поради спречување на официјален снимател да ја извршува својата работа.Тагови: ФФМ Шкеднија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеПромотивно-едукативна теренска активност по повод Светската недела на доењетоПреку директна комуникација со мајките, тимот на Институтот обезбеди научно засновани информации и совети за придобивките од доењето.По повод Светската недела на доењето (1–7 август), Институтот за јавно здравје, во согласност со Програмата за активна здравствена заштита на мајките и децата на Министерството за здравство, реализираше промотивно-едукативна теренска активност во ЈЗУ Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство – Скопје. За време на посетата, на идните и новите мајки им беа поделени информативни флаери за поддршка на доењето, како и едукативната брошура „Безбедно низ првата година“, која содржи практични препораки за превенција на повреди кај деца на возраст од 0 до 1 година. Преку директна комуникација со мајките, тимот на Институтот обезбеди научно засновани информации и совети за придобивките од доењето, правилните практики при доење и важноста од безбедната грижа за новороденчето во првата година од животот. Со оваа активност се заокружува одбележувањето на Светската недела на доењето, но Институтот за јавно здравје ќе продолжи со своите континуирани заложби за промоција, заштита и поддршка на доењето, како и за унапредување на здравјето на мајките и децата преку навремена едукација и достапни здравствени информации. Институтот за јавно здравје упатува искрена благодарност до ЈЗУ Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство – Скопје за укажаната поддршка, топлиот прием и успешната соработка во реализацијата на оваа активност. Заедничките активности и партнерскиот пристап се од особено значење за унапредување на здравјето и благосостојбата на мајките и новороденчињата ИЈЗТагови: ИЈЗ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаГрадот Скопје ќе се изврши авионската дезинсекција против ларви од комарциГрадот Скопје ги известува граѓаните дека ќе се изврши авионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против ларви од комарци.Дезинсекцијата ќе се реализира на 11.08.2026 година (вторник), во раните утрински часови. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истите термини. Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.Тагови: комарци Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа Ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска 18:1519 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска15:16Во сообраќајка во Скопје во Радишани загина возач на мотоцикл14:08Шокантни податоци за намалувањето на бројот на првачиња08:47Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00
19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа Ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска 18:15
19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска15:16
Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00
МакедонијаГаши – Хрицова: Потврдена традиционално блиската соработка меѓу Македонија и СловачкаПретседателот на Собранието на Република Македонија, Африм Гаши, денеска оствари средба со амбасадорката на Словачката Република во земјава, Н.Е. Ивета Хрицова.На средбата беше дискутирана традиционално блиската и пријателска соработка меѓу Македонија и Словачка, со посебен акцент на континуираниот политички дијалог и словачката поддршка за европските интеграции на нашата земја. Претседателот Гаши изрази благодарност за принципиелната поддршка од Словачка во процесот на пристапување кон Европската Унија, како и за поддршката преку Вишеградската група во промовирањето на политиката на проширување и европската перспектива на земјите од Западен Балкан. Амбасадорката Хрицова на средбата разговараше за унапредување на парламентарната соработка, особено преку пратеничките групи за соработка и размената на искуства меѓу парламентарните институти на двете земји. Соговорниците ја истакнаа и важноста од понатамошно продлабочување на економската, образовната и културната соработка. Во тој контекст, беше потврдена заедничката заложба за продолжување на интензивниот институционален дијалог и користење на парламентарната дипломатија како значаен инструмент за натамошно унапредување на билатералните односи.Тагови: Африм Гаши Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа Ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска 18:1519 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска15:16Во сообраќајка во Скопје во Радишани загина возач на мотоцикл14:08Шокантни податоци за намалувањето на бројот на првачиња08:47Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00
19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа Ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска 18:15
19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска15:16
Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00