3Шпанската полиција ја истражува смртта на фудбалерот на Тенерифе, што го очекува голманот со кој се судри?
Најстарите остатоци од брод на светот се пронајдени кај Турција, влезе во Гинисовата книга на рекорди (ВИДЕО)
2Најстарите остатоци од брод на светот се пронајдени кај Турција, влезе во Гинисовата книга на рекорди (ВИДЕО)
Шоу бизФизичката трасформација на Адел е главна тема, таа се чувствува вознемирено поради тоаИако многумина и завидуваат на линијата и бараат совети за намалување на килограмите, личност блиска до пеачката тврди дека таа се чувстввуа вознемирено.Американската пеачка Адел последните неколку дена е во центарот на вниманието, но не заради нејзината музика, турку заради неверојатната физичка трансформација. Пеачката за краток период успеала да ослабне 45 килограми. View this post on Instagram Thank you for the birthday love. I hope you’re all staying safe and sane during this crazy time. I’d like to thank all of our first responders and essential workers who are keeping us safe while risking their lives! You are truly our angels ♥️ 2020 okay bye thanks x A post shared by Adele (@adele) on May 5, 2020 at 9:38pm PDT Иако сега многу дами и завидуваат на линијата и бараат совети за губење на килограмите, липност блиска до пеачката тврди дека Адел се чувствува вознемирено затоа што нејзнината физичка трансформација предизвикала толку винимание.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЉубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00Во Богданци пронајдени две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојка14:19Фијаско на Трамп и републиканците, демократите ги освоија двата дома на Конгресот08:33Народната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08Тројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка 11:00
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00
МакедонијаИзраелските доктори ќе продолжат да ги лекуваат повредените во катастрофалниот пожар во Кочани Тим хирурзи од израелскиот медицински центар „Шеба“ (Sheba Medical Center) повторно пристигна во Македонија за да продолжи со специјалистичкото лекување на повредените во трагичниот пожар во „Пулс“ во Кочани од16 март 2025 година. Како што соопштија од медицинскиот центар преку својот официјален Instagram-профил, израелските специјалисти повторно ќе работат со македонските медицински тимови, при што се предвидени дополнителни прегледи и хируршки интервенции во Кочани и Скопје. Во тимот се д-р Моти Харац, директор на Националниот центар за изгореници при „Шеба“, д-р Матан Шерф, раководител на Одделението за микрохирургија во рамките на Одделот за хирургија на рака, и д-р Тал Канфино Кац, ортопедски и реконструктивен хирург, специјализиран за зачувување на екстремитетите. Д-р Харац и д-р Канфино Кац беа дел и од медицинскиот тим на „Шеба“ што пристигна во земјата непосредно по трагедијата, кога заедно со домашните лекари учествуваа во згрижувањето и лекувањето на повредените. Нивната повторна посета е насочена кон продолжување на третманите и дополнителните хируршки процедури кај пациентите на кои им е потребна понатамошна специјализирана медицинска грижа. Во објавата, медицинскиот центар сподели и фотографии од хируршкиот тим за време на интервенциите. „Во Шеба веруваме во надеж без граници“, порачаа од израелскиот медицински центар.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈанчев: Гласот на секое населено место е важен! Продолжуваме со средбите во населените места на општина Кавадарци.Вечерва во фокусот беа Глишиќ, Марена и Сопот, каде остваривме директни средби со жителите и разговаравме за нивните потреби, предлози и идеи за идниот развој на населените места. Размената на мислења и конкретните иницијативи се важен дел од подготовката на Програмата за работа за 2027 година, со цел да се утврдат приоритетите и активностите што ќе одговорат на барањата на граѓаните. Гласот на секое населено место е важен!, објави на ФБ градоначалникот Митко Јанчев. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЉубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00Во Богданци пронајдени две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојка14:19Фијаско на Трамп и републиканците, демократите ги освоија двата дома на Конгресот08:33Народната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08Тројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка 11:00
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00
МакедонијаДОМ: Кога пријавата не спасува живот, кој ја презема одговорноста? Убиството на 17-годишната девојка во Богданци не е „трагична несреќа“, ниту пак „уште една страшна вест“. Ова е суров потсетник на институционалниот неуспех и на колапсот на системот што треба да ги штити граѓаните. До кога жртвите ќе ја бараат заштитата низ бирократски лавиринти, додека надлежните институции ги третираат пријавите како обична статистика? Девојката претходно пријавила насилство. Побарала помош. Институциите имале сознанија за претходните случаи на насилство, а сепак таа не добила ефикасна заштита. Нејзиниот живот заврши во опожарено возило. Која е смислата на законите, мерките за заштита и службите што постојат само на хартија, ако насилството може да ескалира до ваков исход? Институциите не смеат да се кријат зад фразата дека „постапувале според протокол“. Кога жена или девојка пријавува насилство, а потоа е убиена, тоа не може да се третира како обичен административен пропуст! ДОМ бара итно, бескомпромисно и транспарентно утврдување на целата институционална одговорност: • Кој конкретно во полицијата, обвинителството и центарот за социјална работа постапувал во овој случај? Како бил проценет ризикот, дали биле спроведени и контролирани мерките за заштита и зошто тие не го спречиле трагичниот исход? • Истрагата мора да ги испита сите околности и евентуалните пропусти во постапувањето на институциите. Смртта на осомничениот не смее да значи и крај на утврдувањето на одговорноста на службените лица. Мора да има последици за секој за кого ќе се докаже дека со своето несовесно постапување придонел за овој трагичен исход. Доста е од празни соопштенија, ветувања и експресни осуди што се повторуваат по секој нов фемицид. Секое следно убиство на жена или девојка е ново обвинение против државата, која декларативно зборува за родова еднаквост, а во пракса не успева да им обезбеди основна заштита на оние што бараат помош. ДОМ бара одговорност! Бараме итна ревизија на сите активни пријави за семејно и родово базирано насилство, утврдување индивидуална одговорност и конкретни мерки за отстранување на институционалните пропусти. Не утре, кога ќе има нова жртва, туку сега – за да се спаси нечиј живот, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЉубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00Во Богданци пронајдени две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојка14:19Фијаско на Трамп и републиканците, демократите ги освоија двата дома на Конгресот08:33Народната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08Тројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка 11:00
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00