Фитнес тренер се фалел дека може да победи секого полесен од 70 кг.-ММА борач го претепа(ВИДЕО)

Турскиот ММА борец Каан Казган (6 победи, 4 порази во професионалната кариера) објави видео на Инстаграм во кое го победи фитнес тренерот и инфлуенсер Савас Чебечи.

Чебечи бил тој што рекол дека никој полесен од 70 килограми не може да го победи, па и да биде светски шампион, на што реагираше Казган и го повика на тепачка.

На Чебечи му порача дека може да се одржи кога, каде и под какви услови сака. Во договорената тепачка, фитнес тренерот е тешко повреден, а Казган на Инстаграм го објави видеото од бруталната тепачка со порака: „Шоуто заврши. Поздрав до оние кои велат дека се најдобри“.

КФОР демантира дека учествувал во преговори за повлекување на Срби од Бањска

Кфор денеска ги демантираше тврдењата од неодамнешниот извештај на Меѓународната кризна група (МКГ) дека учествувала во наводните преговори за повлекување на група „српски борци“ по настаните во селото Бањска минатата година.

„Тоа не е точно. Кфор во ниту еден момент не бил вклучен во наводните преговори“, се посочува во соопштението на Кфор.

Во соопштението се демантираат наводите од извештајот на МКГ дека по настаните во Бањска во септември минатата година, припадници на КФОР преговарале за „повлекување на група српски борци во околните шуми, од каде исчезнале“.

Душко по скандалот со Северина, проговори за развод од Јелена Карлеуша!

Ден по скандалот екс фудбалерот Тошиќ изјави- Разводот е во интерес на сите е!

Екс фудбалерот а сега менаџер Душко Тошиќ проговори за разводот со пејачката Јелена Карлеуша.

Тошиќ откри дека преговорите за договорен развод биле неуспешни!

Вчера топ тема во балканските медиуми беше веста дека фудбалерот Душко Тошиќ, кој се уште е во брак со пејачката Јелена Карлеуша, и испраќал пораки на хрватската пејачка Северина Вучковиќ.

Во пораките Тошиќ на секој начин се обидува да флертува со популарната Севе. Но тој вели дека имал друга намера.

Душко откри дека и испраќал пораки на хрватската пејачка бидејќи „сакал да ја ангажира да пее на неговата јахта“.

Денес екс фудбалерот окри пак детали за него долгоочекуваниот развод од неговата се уште актуелна сопруга Јелена Карлеуша.

„Преку адвокат се обидуваме да договориме спогодбен развод. Одржавме неколку состаноци на таа тема кои, за жал, завршија неуспешно. Се уште се трудам да избегнам развод со тужба, бидејќи тоа би било трауматично искуство за сите на нас, особено на нашите деца, се надевам дека во наредниот период ќе се договориме за развод, што е во интерес на сите“, изјави Тошиќ.

Формула 1: Леклер конечно победи во Монте Карло

Возачот на Ферари, Шарл Леклер победи на денешната трка во Формула 1 за Големата награда на Монако.

Леклер, кој стартуваше од пол-позицијата и водеше во текот на целата трка, победи за прв пат на домашната патека во Монте Карло и во својот роден град ја забележа шестата победа во кариерата.

Второто место го зазеде Оскар Пјастри од Мекларен, а третото Карлос Саинц од Ферари.

Возачот на Мекларен Ландо Норис го освои четвртото место, петти беше Џорџ Расел од Мерцедес, а шести актуелниот шампион Макс Верстапен од Ред Бул.

Седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон од Мерцедес го освои седмото место и освои дополнителен поен за најбрзиот круг на трката.

Денешната трка во Монако беше во прекин четириесетина минути поради инцидент во првиот круг кога возачот на Хас, Кевин Магнусен удри во болидот на Серхио Перез од Ред Бул.

Шампионатот во Формула 1 продолжува на 9 јуни со Големата награда на Канада.

притисни ентер