Фирмата „Скопстер“ ќе врши централна стерилизација на сите клиники и хируршки болници - Канал 5

Фирмата „Скопстер“ ќе врши централна стерилизација на сите клиники и хируршки болници

Скопстер ДОО Скопје е фирмата која ќе биде одговорна за централната стерилизација на сите клиники и хируршки болници, потврдија од министерството за здравство. 

Фирмата „Скопстер“ ќе врши централна стерилизација на сите клиники и хируршки болници

Во тендерската документација релизирана во 2019 година учествуваа две странски компании, а договорот беше доделен на групата економски оператори Сервици- Италија-Евира- Албанија кои согласно обврските од тендерската документација беа обврзани да се здружат и основаа ново трговско друштво на одлуката за доделување на Скопстер ДОО Скопје.

Новата локација е во завршна фаза и во дел од објектот „Мајчин Дом“. Од министерството за здравство велат дека приватниот партнер ќе покрива материјални трошоци од сетови за операција во сала, болнички отпад, трошоци за транспорт на инструменти. Хирурзите не се сложуваат и стравуваат дека пакетите од седум илјади денари сет за операција заедно со складирање на отпадот со новата фирма ќе биде и до 16 илјади денари и дека ќе имаат помали буџети за операции. Од министерството тврдат дека побарувањата кон Фондот нема да се зголемат. Канал 5 стапи во контакт минатата недела со Фондот за здравство и одговорија:

„ФЗОРСМ нема склучено никаков договор со било кој оператор, ниту пак има законско право да склучува договори за потребите на било кое ЈЗУ. За сите прашања поврзани за Централната стерилизација ве упатуваме одговор да побарате во Министерството за здравство.

Се огласија и од фирма „Скопстер ДОО Скопје“ тие велат дека Согласно Договорот приватниот партнер ќе доставува уредни спецификации услуги кои биле уредно договорни со договори и во колку региони ќе се користат нивните услуги, кои по одобрување од страна на Комисија за надзор ќе бидат фактурирани кон јавниот партнер.

„Методологијата за пресметка на услугите и не се однесува само на сет со инструменти, туку на сите погоре наведени услуги. Ценовниот ранг на услугите се движи од 6.000 до 16.000 денари, пред сѐ во зависност од типот на употребени инструменти, а не од нивната количина. За илустрација, доколку еден хирург употреби повеќе од еден ист вид сет, во финалната пресметка ќе биде пресметан само првиот“.

Она што одговорија од министерството за здравство е дека според договорот вработените од стерилизација ќе работат во новиот објект, но има најава да се отвори и нови работни места. Приватниот партнер има обврска да инвестира 24 милиони евра во времетрање на договорот од 15 години.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Њујорк Тајмс: Тајните служби го предупредиле Трамп, среде патување го смени претседателскиот авион

На почетокот на јуни, поради иранската закана, американскиот претседател Доналд Трамп одеднаш го смени авионот што го користеше за да го напушти самитот на НАТО во Анкара.

Њујорк Тајмс: Тајните служби го предупредиле Трамп, среде патување го смени претседателскиот авион

На почетокот на јуни, поради иранската закана, американскиот претседател Доналд Трамп одеднаш го смени авионот што го користеше за да го напушти самитот на НАТО во Анкара, летајќи во постар „Ер Форс Уан“ наместо оној што му го даде Катар, пишува денеска „Њујорк тајмс“.

Американските медиуми, врз основа на тврдењата на анонимни извори, пишуваат дека заканата се појавила додека Трамп учествувал на состанок на НАТО. Тој претходно пристигнал во турската престолнина со нов „Боинг 747-8“, подарок од Катар, без напредните одбранбени капацитети на стариот „Ер Форс Уан“.

Замена на авионот и објаснување

По предупредување од тајните служби, Трамп го смени авионот, тврдејќи дека промената е направена за да им се даде можност на американските војници во Велика Британија да го видат новиот авион, пишува „Тајмс“. Трамп ја напушти Турција со стар авион, а потоа во Обединетото Кралство се качи на новиот претседателски авион, кој го користеше за да го продолжи летот до Вашингтон.

Истрага за протекување информации

„Њујорк тајмс“ претходно овој месец објави дека властите имаат сомнежи за безбедносните капацитети на авионот што му бил подарен на републиканецот од земја од Блискиот Исток. Властите одговорија на тие написи со истрага за протекувањето на информации, барајќи сведочење од неколку новинари пред порота, како и предавајќи список на повици до нив и нивните семејства.

Трамп минатиот викенд призна дека на новиот авион му недостасуваат некои карактеристики што ги имаат старите претседателски модели на Боинг, одговарајќи на новинар кој го забележа недостатокот на противракетна одбрана. Тој рече дека катарскиот авион наскоро ќе биде „целосно опремен“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Промена на приоритетите: БМВ го откажа учеството на саемот во Париз

BMW потврди дека нема да учествува на овогодинешниот Париски автомобилски саем, кој се одржува во октомври. 

Промена на приоритетите: БМВ го откажа учеството на саемот во Париз

Со ова, германскиот производител се придружи на голем број брендови кои ги прескокнуваат еднаш клучните индустриски настани, чија важност и популарност постепено опаѓаат. За разлика од БМВ, конкурентите Audi и Mercedes го потврдија своето доаѓање во Париз, каде што се очекуваат повеќе од 60 изложувачи.

Промена на приоритетите

Иако одлуката е донекаде изненадувачка, Bloomberg пишува дека причината за повлекувањето е „промена на приоритетите“. BMW изјави дека тие остануваат „посветени на селективно учество на саеми за автомобили во иднина“. Таквиот пристап веројатно подразбира дека компанијата ќе ги избере само најголемите настани каде што планира да претстави важни нови модели.

Добар пример за таква стратегија беше неодамнешниот саем Auto China. Таму, BMW ја искористи можноста да претстави голем број новини, вклучувајќи го iX3 со продолжено меѓуоскино растојание, редизајнираната серија 7 и концептите на брендот Mini.

Премиери надвор од саемските сали

Во исто време, BMW сè повеќе ги заобиколува саемите и избира различни локации за премиерите на своите возила. Концептот M Neue Klasse дебитираше на 24-часовната трка Ле Ман, додека фејслифтираниот X5 беше прикажан на јавноста за прв пат во фабриката во Спартанбург, Јужна Каролина.

Поврзаност со деловните резултати

Одлуката да се пропушти саемот во Париз доаѓа кратко откако компанијата ја ревидираше својата деловна прогноза за целата 2026 година. Како главни причини, тие го наведоа брзиот пад на продажбата во Кина и силната конкуренција на тој пазар. Компанијата појасни дека „позитивниот развој на продажбата во Европа и САД не може да го компензира падот на продажбата во Кина и Азиско-пацифичкиот регион“.

Покрај проблемите во Кина, производителот ја спомена војната во Иран и други тешкотии како отежнувачки околности. Овие фактори доведоа до „значаен пад на профитот и слободниот паричен тек во вториот квартал“, поттикнувајќи ја компанијата да ги „зајакне и забрза своите тековни иницијативи за намалување на трошоците“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Русија наесен подготвува масовна мобилизација- Зеленски предупредува на нов бран регрутации

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека украинските разузнавачки служби имаат информации дека Русија подготвува нов, значаен бран на мобилизација за оваа есен.

Русија наесен подготвува масовна мобилизација- Зеленски предупредува на нов бран регрутации

„Имаме јасни разузнавачки информации дека Русија подготвува нов бран на мобилизација на есен, и тоа во прилично голем обем“, рече Зеленски во вечерното видео обраќање.

Тој оцени дека руските сили во моментов трпат поголеми загуби на фронтот отколку што успеваат да компензираат со нови регрути, но дека рускиот претседател Владимир Путин, и покрај ова, планира да ги интензивира воените операции.

„Русите сега губат повеќе војници на фронтот отколку што регрутираат, а Путин има намера да го зголеми бројот на напади и да ја прошири оваа војна. Му требаат повеќе луѓе да учествуваат во нападите“, рече Зеленски.

Украинскиот претседател нагласи дека Киев мора превентивно да одговори на ваквите планови со зајакнување на одбраната на фронтот, дополнителни санкции врз Русија, напади врз воени цели, дипломатски активности и меѓународна поддршка.

„Мораме превентивно да се браниме на сите нивоа - на фронтот, со помош на нашите санкции со долг дострел, исто така и во напади со среден дострел, во нашата дипломатија и, секако, во комуникацијата со сите оние кои се способни да одржат живот, кои се способни да го доближат мирот“, рече Зеленски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер