Финтек револуција во Македонија: Flex Pay официјално доби лиценца за издавање електронски пари од Народната банка - Канал 5

Финтек револуција во Македонија: Flex Pay официјално доби лиценца за издавање електронски пари од Народната банка

Во период на интензивна дигитализација на финансискиот сектор, Flex Group ја потврди својата стратешка доминација со уште еден клучен деловен успех.

Финтек револуција во Македонија: Flex Pay официјално доби лиценца за издавање електронски пари од Народната банка

Нивната членка, Flex Pay, официјално доби дозвола од Народната банка на Република Северна Македонија за работење како институција за електронски пари.

Со оваа одлука, Flex Pay овозможува модерна алтернатива на традиционалните платежни сервиси преку брзи, сигурни и целосно дигитализирани платежни решенија, носејќи ново искуство на тивки и невидливи плаќања. Овој успех доаѓа како логично продолжение на рекордниот раст на Flex Group, групација која преку своите членки е позиционирана како број 1 на македонскиот пазар на финансиски друштва

За менаџментот на компанијата, лиценцата е само почетна точка во реализација на една поширока, глобална амбиција.

„Добивањето на лиценцата е потврда за нашиот професионализам, но за нас вистинскиот успех ќе дојде кога ќе изградиме институција што ќе стане глобален симбол за модерни и финансиски услуги. Сакаме да поставиме нов стандард на пазарот каде довербата и иновацијата одат рака под рака, креирајќи вредност за секој корисник,“ изјави Сашка Костовска-Длака, генерална директорка на Flex Pay.

Flex Pay планира да ја редефинира достапноста на паричните трансфери и трансакции, водејќи се од корпоративното мото: „Платежни услуги за секого!“.

Со ова, Flex Group го заокружува својот екосистем, нудејќи интегрирана платформа која ги опфаќа сите аспекти на личните финансии – од кредитирање и осигурување, до наплата и најсовремени дигитални плаќања.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп се предомисли: Ги откажува нападите врз Иран

 Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денес објави дека ги откажува нападите врз Иран, под услов брзо да се постигне договор.

Трамп се предомисли: Ги откажува нападите врз Иран

Во објава на социјалната мрежа „Трут соушл“ (Truth Social), американскиот претседател напиша дека одлучил да ги откаже нападите врз Иран, под услов брзо да се постигне договор со таа земја, кој би вклучувал итно отворање на Ормускиот Теснец и крај на нуклеарната закана од Иран.

Трамп изјави дека одлуката е донесена заеднички со Израел, а соопштението уследи по бројните извештаи на американските медиуми дека Вашингтон планирал нови, интензивни напади врз Иран за време на викендот.

„САД се подготвени да преземат акција против Исламската Република Иран со нивоа на воен терор, сила и моќ какви што не се видени уште од Втората светска војна. И покрај тоа, Иран и други земји од Блискиот Исток штотуку побараа од нас да го одложиме евентуалниот напад бидејќи е постигнат договор за рамката на спогодбата. Тоа би подразбирало итно, целосно и потполно отворање на Ормускиот Теснец и крај на нуклеарната закана од страна на Иран“, се наведува во објавата на Трамп на „Трут соушл“ (Truth Social).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Македонија го одбележува 2 Август – Илинден, Денот на Републиката

Македонија денеска го одбележува 2 Август – Илинден, еден од најзначајните датуми во македонската историја и празник што ги обединува двата темелни настани во борбата за национално ослободување и создавање сопствена држава:

Македонија го одбележува 2 Август – Илинден, Денот на Републиката

Македонија го чествува Илинден – празникот што ги поврзува востанието во 1903 година и Првото заседание на АСНОМ.

Македонија денеска го одбележува 2 Август – Илинден, еден од најзначајните датуми во македонската историја и празник што ги обединува двата темелни настани во борбата за национално ослободување и создавање сопствена држава: Илинденското востание и Крушевската Република од 1903 година и Првото заседание на АСНОМ од 1944 година.

Годинава се навршуваат 123 години од Илинденското востание и 82 години од одржувањето на Првото заседание на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија – АСНОМ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сончево и многу топло

Според Управата за хидрометеоролошки работи продолжува топлото време во Македонија и за Илинден.

Сончево и многу топло

Денес времето ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени.

Во Скопје, сончево и топло со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 38 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Под влијание на топла воздушна маса од југ во деновите од продолжениот викенд и

до крајот на следната седмица времето ќе биде сончево и многу топло со мала до

умерена локална облачност. Дневната температура насекаде ќе биде над 33°C, а на

некои места ќе надмине 40°C. Високи температури ќе се задржат и во текот на

ноќните часови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер