Финска понуди раздвојување на преговорите со Македонија и Албанија

По првата рунда разговори помеѓу земјите членки на ЕУ за отворање преговори со Македонија и Албанија, финското претседателство на маса официјално го стави раздвојувањето на преговарачкиот процес на двете земји.

Информацијата е потврдена за МИА од три земји членки на ЕУ, но француски дипломатски извори тврдат дека „речиси нема шанса" Франција да го прифати предлогот.

По првата рунда разговори, која започна околу единаесет часот, секоја од земјите членки на ЕУ ги презентирале своите ставови, без никаква промена во однос на претходните денови.

Франција цврсто се спротивставува на почеток за преговори со која било земја, додека неколку земји членки имаат „поголем проблем со Албанија", отколку со Македонија.

За да се надмине овој ќор-сокак, финското претседателство пред почетокот на паузата за ручек понуди да се одвојат двете земји. Делегациите имаат сега околу час да размислат и да ги подготват своите позиции, по што ќе започна втората рунда разговори.

Прашање е дали Франција ќе биде изолирана во противењето да се започнат преговори со Македонија или дали Холандија ќе ја поддржи. Дипломатски извор во Луксембург за МИА тврди дека има разлики помеѓу холандскиот министер за надворешни работи Стеф Блок и премиерот на Холандија, Марк Руте, по ова прашање, едниот е за одвојување, а другиот не.

Би требало да се разјасни позицијата на Холандија, како и на другите земји откако ќе го разгледаат новиот фински предлог, но според дипломатски извори, постои расположение дури и кај Италија и Грција да се прифати одвојувањето. Бугарија се покажала многу потврда околу можноста за раздвојување и се очекува да бара вметнување на услови поврзани за билатералните односи за одржувањето на првата меѓувладина конференција, доколку дојде до тоа. /МИА

Баер закажа прослава за 26 мај

Германскиот фудбалски шампион Баер Леверкузен заедно со навивачите на 26 мај ќе ја прослави својата историска сезона, објави денеска клубот.

Настанот ќе се одржи ден по финалето на Купот на Германија во кое Баер ќе игра за трофејот против второлигашот Кајзерслаутерн во Берлин. Тимот на Чаби Алонсо би можел да биде и во финалето на Лига Европа на 22 мај во Даблин.

Баер веќе ја обезбеди шампионската титула во Германија и во серија е од 48 натпревари без пораз од стартот на сезоната.

За шампионската забава на стадионот ќе бидат достапни околу 40.000 бесплатни билети, соопшти Баер Леверкузен.

Фото: Северина во секси издание

Балканската музичка ѕвезда Северина одржа концерт на познатата плажа Зрче.

По концертот мегапопуларната пејачка на Инстаграм на воодушевување на следбениците објави неколку фотографии од својот стајлинг.

Познатата пејачка блесна во краток зелен фустан, кој ги истакна сите нејзини атрибути со секси шлицови.

Заедно со објавената фотографија, Северина остави и симболична порака која ја заинтригира јавноста.

-Што се случува во Зрче, останува во Зрче“, напиша Северина на Инстаграм.

Голманот на Баер Леверкузен постави нов рекорд во Бундеслигата

 Чуварот на мрежата на Баер Леверкузен, Лукас Храдецки, стана првиот странски голман во историјата на Бундеслигата кој одиграл 292 натпревари.

Триесетичетиригодишниот фински голман настапи изминатиот викенд во победата на Леверкузен од 5-1 против неговиот поранешен клуб Ајнтрахт Франкфурт, соборувајќи го рекордот што претходно беше во сопственост на голманот на Борусија Менхенгладбах и на Баерн Минхен, Швајцарецот Јан Сомер (291 настапи).

„Сакам да ги читам весниците и извештаите од натпреварите и таму ја прочитав информацијата. Ме исполнува со гордост и чест што можам да играм во таква прекрасна земја и лига и за два фантастични клубови“, изјави Храдецки за телевизискиот оператор ДАЗН.

Храдецки му се приклучи на Ајнтрахт во 2015 година и забележа 101 настапи за клубот од Франкфурт пред да се пресели во Леверкузен во 2018 година. Неделниот натпревар беше негов 191. лигашки настап за новиот германски шампион.

Баер Леверкузен е во рекордна серија од 48 натпревари без пораз во сите натпреварувања од почетокот на сезоната.

притисни ентер