ЕвропаФинска осуди руски неонацист на доживотен затвор- сега драстично му ја намалија казната Финскиот Апелациски суд поништи делови од пресудата со која еден човек роден во Русија беше осуден за воени злосторства во Украина, намалувајќи ја неговата казна од доживотен затвор на 12 и пол години.Воислав Торден, 39, порано познат како Јан Петровски, беше прогласен за виновен од апелацискиот суд во Хелсинки за учество во заседа во 2014 година во која беа убиени 22 украински војници, поништувајќи ја одлуката на понискиот суд со која беше отфрлено обвинението. Сепак, судот ги поништи пресудите на Торден за пукање и осакатување на ранет украински војник, што доведе до намалена казна. Судењето на Торден беше редок случај во кој обвинители од друга земја гонеа наводни воени злосторства поврзани со бунтот против Киев поддржан од Москва во источна Украина, години пред целосната инвазија на Русија во Украина во 2022 година. Торден има намера да поднесе жалба до Врховниот суд Судот го прогласи Торден за виновен за учество во заседа во која напаѓачите користеле украинско знаме за да ги измамат украинските војници пред да отворат оган врз нив. „Апелациониот суд утврди дека Торден, според првата точка од обвинението, е одговорен за смртта на 22 украински војници наведени во обвинението и за сериозното ранување на четворица војници“, се вели во пресудата објавена во понеделник. Судот, исто така, ги потврди пресудите за објавување понижувачки фотографии од мртов украински војник и изјава дека неговата единица нема да покаже милост и нема да зема затвореници. Адвокатот на Торден, Хеики Лампела, потврди за Ројтерс дека неговиот клиент има намера да поднесе жалба на пресудата по првата точка од обвинението до Врховниот суд на Финска. Заменик-јавниот обвинител Јука Рапе објави дека обвинителите ќе ја проучат пресудата пред да одлучат дали да поднесат жалба. Успеа да влезе во Финска благодарение на новото име Торден беше член на групата Русич, руска крајно десничарска и неонацистичка паравоена група. Според Министерството за финансии на САД, во 2022 година тој стана командант на таа паравоена група. Тој ја презеде функцијата од Алексеј Милчаков, кој беше ранет во битките за Харков истата година. И двајцата завршија под санкции на Европската Унија и САД поради дејствија што го загрозуваат суверенитетот, независноста и безбедноста на Украина. Торден можеше да влезе во Финска во 2023 година благодарение на неговото ново име и фактот што на неговата сопруга ѝ беше понудено место на тамошниот универзитет. Тој пристигна во Финска со автомобил преку контролниот пункт Ваалимаа на 19 јули, во придружба на неговата сопруга и трите деца. Следниот ден беше приведен додека патуваше за Ница за да ги посети роднините. Иако Киев побара Петровски да биде екстрадиран во Украина, Врховниот суд на Финска го отфрли барањето, предупредувајќи на лошите услови во украинските затвори.Тагови: доживотен затвор Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00Царинска управа: на Богородица спречен шверц на заштитени видови змии 12:41Доживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане18:15Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43
Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00
Шоу бизФото: Џеј Ло во тесно трико ги истакна облинитеШто промени светската музичка ѕвезда, Џенифер Лопез во исхраната и рутината за вежбање за да изгледа вака супер на 57 години. Папарацо-фотографиите го открија нејзиното совршено тело. Мегапопуларната Џеј Ло со децении редовно вежба, но во текот на изминатата година значително ги промени својата исхрана и рутината за вежбање. Дефинитовно оваа промена вродила со плод и сега жешката Латиноамериканка изгледа подобро од било кога. Новите папарацо-фотографии од Џенифер Лопез во црно трико за вежбање и со чаша вода во рацете би можеле да бидат одлична мотивација за секоја жена. Сепак, тешко е да се поверува дека оваа жена има 57 години и е мајка на две возрасни деца. Тагови: Џенифер Лопез Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00Царинска управа: на Богородица спречен шверц на заштитени видови змии 12:41Доживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане18:15Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43
Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00
ЗабаваВидео-фото: Најпознатата плус сајз манекенка гордно го покажа телото: Вака изгледа мојот животНајпознатата плус сајз манекенка, Ешли Греам, се прослави токму по своите прекрасни облини, но и по храброста да ги покаже во секоја прилика – дури и пред оние што ја пречекуваат „со нож“. Познатата убавица сега објави видео на Инстаграм во кое прикажа различни сцени, но и моменти од различни периоди на нејзиниот живот. На него таа позира во бикини, поминува време со своите деца, ужива во бременоста и вежба, а пораката што сакаше да ја пренесе е дека телото на секого се менува и дека тоа е сосема нормално. https://www.instagram.com/reel/DeO4MOMznWf/?utm_source=ig_embed „Секако дека телото ми се менува. Вака изгледа мојот живот. Не би сакала ништо да биде поинаку“, напиша таа покрај видеото. Нејзината објава предизвика лавина реакции за многу кратко време и сите го поздравија овој потег. Во коментарите ѝ упатија зборови на поддршка и ѝ се заблагодарија за искреноста. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотЕврото падна на најниско ниво во однос на доларот во последните 17 месецЕврото падна на најниско ниво во последните 17 мсеци во однос на американскиот долар под притисок на растечките стравувања за јавниот долг на Франција, растот на цените на енергенсите и неизвесноста на финансиските пазари.На 5 октомври, европската валута се спушти на околу 1,12 долари, продолжувајќи го падот што од почетокот на 2026 година достигна приближно пет проценти. Аналитичарите оценуваат дека инвеститорите сè повеќе ги преиспитуваат ризиците поврзани со европската економија, но и очекувањата за каматната политика на американските Федерални резерви. Особена загриженост предизвикува Франција, чиј јавен долг достигна речиси 118 проценти од бруто домашниот производ, додека буџетскиот дефицит останува висок. Растот на приносите на француските државни обврзници покажува дека задолжувањето на земјата станува поскапо, а дел од инвеститорите се насочуваат кон германските обврзници, кои се сметаат за посигурна инвестиција. Слабеењето на еврото создава дополнителен ризик од инфлација, бидејќи увозот на нафта, гас и други производи што се плаќаат во долари станува поскап. Тоа може да изврши дополнителен притисок врз цените во Европа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook