3 Стравот од летање мачи милиони патници – Оваа едноставна техника помага да се намали анксиозноста за време на летот
ЖивотФинализиран е договорот за изградба на најголемата соларна електрана во Израел Израелските министерства за енергетика и финансии, како и Националната електроенергетска компанија, објавија дека е финализиран договорот за изградба на најголемата соларна електрана во Израел. Израелските министерства за енергетика и финансии, како и Националната електроенергетска компанија, објавија дека е финализиран договорот за изградба на најголемата соларна електрана во Израел, која ќе биде извор на најевтина електрична енергија. Електраната ќе има капацитет од 265 мегавати, додека киловат-час електрична енергија што ќе ја произведува ќе чини само два центи. Сончевата електрана ќе ја гради компанијата „EDF renewable energy sources“, а ќе биде лоцирана во градот Димона, во пустината Негев. Електраната ќе се простира на површина од 740 ари, а се очекува нејзината изградба да започне веднаш и да трае околу две години. Сончевата електрана ќе работи според моделот на приватно-јавно партнерство, а компанијата одговорна за нејзината изградба и одржување ќе биде одговорна за електраната во период од 25 години, по што овој објект ќе биде предаден на државата.Тагови: соларна фарма струја Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветГори саудиски танкер полн со нафта, погоден е со ракетаХутите објавија дека ги нападнале танкерите „Енселија“ (ENCELIA) и „Лајла“ (LAYLA) со повеќе балистички и крстосувачки ракети.Јеменските Хути рано утринава соопштија дека извеле воена операција насочена кон два саудиски танкери за нафта, при што извештаите за поморска безбедност укажуваат дека еден од бродовите наведени од групата – танкерот „Енселија“ (Encelia) што плови под саудиско знаме – бил погоден во Црвеното Море. Хутите објавија дека ги нападнале танкерите „Енселија“ (ENCELIA) и „Лајла“ (LAYLA) со повеќе балистички и крстосувачки ракети, тврдејќи дека пловилата ја прекршиле поморската блокада наметната врз Саудиска Арабија од страна на група поврзана со Иран. BREAKING: A Saudi oil tanker is on fire after being struck by the Houthis approximately 70 km north of the Yemeni border, according to UKMTO. The vessel had departed from Yanbu before the reported attack. The Yemeni Houthis later said "large-scale operations are underway."… pic.twitter.com/RcUrtPA46X — The Hormuz Report (@HormuzReport) July 23, 2026 Извор од областа на поморската безбедност соопшти дека танкерот „Енселија“ испратил повик за помош, пријавувајќи дека бил погоден од ракета додека се наоѓал во близина на надворешните граници на саудиското пристаниште Џизан во Црвеното Море и дека се запалил. Британската групација за управување со поморски ризици „Вангард“ (Vanguard) соопшти дека саудискиот танкер „Енселија“ (Encelia) бил погоден од проектил од непознато потекло на десната страна, на околу 70 наутички милји југозападно од Ал Шукаик во Саудиска Арабија, во 20:00 часот по Гринич (GMT).Тагови: Танкери Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЗаседаваше кризниот штаб за надминување на состојбата во ГостиварКризниот штаб бара решение за обезбедување технички исправна вода во Гостивар. Водата и натаму е небезбедна за употреба, а залихи ќе се обезбедуваат со цистерни од околните општини, но и од Куманово, Кавадарци и Неготино. Кризниот штаб усвои и низа дополнителни мерки за заштита на здравјето на граѓаните на Гостивар. Во меѓувреме продолжува да се испитува квалитетот на водата, а на помош се испратени и екипи од скопскиот водовод.Тагови: Гостивар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоСончево со температура до 34 степени Според Управата за хидрометеоролошки работи времето денеска ќе биде сончево, со мала до умерена локална облачност.Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од североисточен правец, особено долж Повардарието и во источните делови од земјата. Утринските температури ќе се движат од 8 до 19 Целзиусови степени, додека максималните ќе достигнат од 24 до 34 степени. Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а ќе дува слаб до умерен северен ветер. Утре под влијание на влажен бран се очекуваат повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни и ќе надминат 15 литри на квадратен метар. Врнежите наместа ќе бидат проследени со грмежи и со засилен ветер, а температурите значително ќе опаднат.Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter