Видео: По ураганот, пристигнува нова закана за жителите на Флорида и Алабама : „Подгответе се за најлошото“
1Видео: По ураганот, пристигнува нова закана за жителите на Флорида и Алабама : „Подгответе се за најлошото“
Други спортовиФинален настап на Стефановски викендов во Бузет, ХрватскаСтаро-новиот европски шампион на ридски патеки во категорија 1 Игор Стефановски – Иџе, викендов ќе го има финалниот настап за оваа сезона на последната трка од Европското првенство на ридски патеки во Бузет, Хрватска. Како што е познато, на претпоследната трка во Словенија, Стефановски се стекна со недостижна предност на врвот во генералниот пласман што му овозможи втор пат по ред да ја освои европската титула на ридски патеки. Зад него е импресивно доминантната сезона во која победи на 9 од досега одржаните 11 трки од календарот. Во Бузет, популарниот Иџе го очекува реприза на минатогодишното славје кога стотина македонски и хрватски навивачи на фантастичен начин ја прославија неговата титула кога на легендарниот свиок Комушчица обоен во црвено-жолти знамиња, го пречекаа Иџе со десетина факели и звуците на песната „Македонија“ од Дадо Топиќ како специјален поздрав од организаторот до нашиот шампион. Исто така и оваа година, за Бузет ќе отпатува навивачки карван од Македонија со еден автобус и десетина возила кои во живо ќе ја следат трката и ќе бидат дел од големото славје на новиот успех на нашиот ас. - Резултатот ни е во втор план, пред се тука сме да се забавуваме. Драго ми е што ќе допатуваат многу луѓе од Македонија, мои роднини, пријатели и поддржувачи чија помош многу ми значеше во текот на целата сезона. Се надевам дека ќе имаме убав викенд и сите заедно на крајот ќе ја споделиме радоста, најави Иџе од Бузет. Инаку, како што доликува, Иџе е голема ѕвезда во Хрватска опкружен со вниманието на медиумите. - Имавме неколку интервјуа за локални телевизии, бевме дел од специјалната емисија како најава за трката, ќе бидам дел од прес – конференциите на домаќинот во пресрет на настанот, се на се, имаме поинакво темпо на активности овој викенд. Правиме напор, доколку постојат технички можности, да го превземеме директниот пренос од трката на нашата Фацебоок фан страна со што љубителите на трките од нашата земја би имале полесен пристап до информациите и случувањата во Бузет, додаде Иџе. Бузет е една од легендарните трки во европскиот календар со импресивна конкуренција во сите категории. Така ќе биде и оваа година со 231 пријавен возач. Во групата Н во која се натпреварува Иџе има пријавено дури 20 натпреварувачи од 9 земји. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСобрание: Нека ни е честит 11 Октомври 09:14Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00Царинска управа: на Богородица спречен шверц на заштитени видови змии 12:41Доживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане18:15Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16
Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00
БалканНесреќа во БиХ, автобус со фудбалери излета од патот, натпреварот веднаш бил откажан!Натпревар од деветтото коло на Втората лига на Федерацијата Босна и Херцеговина – Центар, меѓу Горажде и Фамос од Храсница, кој требало да се одигра денес, е одложен по сообраќајна несреќа што ја доживеле гостите на пат кон стадионот! Во еден момент, автобусот со фудбалерите и стручниот штаб на Фамос излетал од патот, а инцидентот предизвикал голема загриженост. За среќа, од Храсница пристигнале охрабрувачки вести – ниту еден фудбалер не е повреден, додека возачот се здобил само со полесни повреди. Иако сите фудбалери поминаа без повреди, стресот и шокот по несреќата оставија последици. Во такви околности, тимот не беше во состојба да настапи на натпреварот, па членовите на клубот се упатија назад кон дома по инцидентот. По повод овој настан се огласи и ФК Горажде, од каде официјално потврдија дека натпреварот нема да се одигра во предвидениот термин. - Ја известуваме јавноста, навивачите и спортската јавност дека натпреварот меѓу Горажде и Фамос е одложен. До одложувањето дојде поради сообраќајна несреќа во која учествуваше екипата на Фамос на пат кон Горажде. Поради сите околности и состојбата во која се наоѓа тимот, натпреварот нема да се одигра во предвидениот термин. Новиот термин за натпреварот ќе биде дополнително одреден и објавен штом ќе се исполнат сите услови – соопштија од Горажде, упатувајќи благодарност за разбирањето. Најважно е што играчите на Фамос поминале без повреди, а новиот термин за натпреварот ќе биде дополнително објавен.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСобрание: Нека ни е честит 11 Октомври 09:14Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00Царинска управа: на Богородица спречен шверц на заштитени видови змии 12:41Доживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане18:15Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16
Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00
ФудбалВидео: Меси и Суарез како во своите најдобри деновиСуарез го отвори резултатот во третата минута, а потоа, во 39-тата, го зголеми водството на домашниот тим. Двата гола на Уругваецот беа постигнати по додавања на Херман Бертераме, па Интер замина на полувреме со сигурна предност од 2:0. Во продолжението, главната улога ја презеде волшебникот Лео Меси. Аргентинецот погоди во 47-мата минута по асистенција на Суарез, а во 60-тата минута, по додавање на Родриго де Пол, беше поставен конечниот резултат. 🚨EL GOLAZO 934 DE LIONEL, ENCARO ENCARÓ y luego se puso nervioso al definir😅….GOLAZOOOO https://t.co/tp6JsbEeWy — KING MESSI 10 (@messi10_rey) October 11, 2026 Светските фудбалски ведети на овој меч потсетија на времето од Барселона кога беа неверојатен тандем и вистински машини за постигнување на голови. Тагови: Лионел Меси Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветРубио за нападот на Ријад: „Ова мора веднаш да престане“Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека Соединетите Држави остро ги осудуваат најновите напади врз Кралството Саудиска Арабија.Во соопштението на американскиот државен секретар на мрежата „Икс“ (X) беше потврдено дека еден американски државјанин загинал во новите напади, пренесува Ројтерс. „Овие срамни напади покажуваат грубо непочитување на животите на невини цивили. Тие мора веднаш да престанат“, напиша Рубио во објавата. Најмалку 12 лица загинаа, а 309 беа повредени во вчерашниот напад врз меѓународниот аеродром „Кинг Калид“ во саудискиот главен град Ријад – напад за кој саудиските власти ги обвинуваат јеменските бунтовници Хути – соопштија саудиски претставници. Според официјални лица, ова е најсмртоносниот напад во некоја од арапските земји од Персискиот Залив од почетокот на американско-израелската војна против Иран во февруари.Тагови: Марко Рубио Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСобрание: Нека ни е честит 11 Октомври 09:14Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00Царинска управа: на Богородица спречен шверц на заштитени видови змии 12:41Доживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане18:15Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16
Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00