Филмско апсење во Скопје,уапсени тројца што планирале платено убиство во Македонија - Канал 5

Филмско апсење во Скопје,уапсени тројца што планирале платено убиство во Македонија

Филмско апсење во Скопје. Полицијата фати двајца Срби и еден македонски државјанин за кои имало разузнавачки дојави дека планирале убиство, најверојатно нарачано од српска криминална банда.

Филмско апсење во Скопје,уапсени тројца што планирале платено убиство во Македонија

Од МВР потврдуваат дека тројца за кои има сомнежи дека „ковале план за нечија ликвидација“ се зад решетки, а при акцијата, како што соопшти српското министерство во станот биле најдени и тактичка опрема и пиштол со кој најверојатно се планирало да се изврши убиството. Според информациите, разузнавачка служба дојавила дека во Македонија влегол човек од Србија кој поседува лажни документи и дека има дејствија на организирана криминална група која во Скопје имала конкретна задача – да изврши ликвидација, по што следела координираната акција од страна на македонската и српската полиција.

-Министерството за внатрешни работи и Агенцијата за национална безбедност, под раководство на ОЈО ГОКК презедоа соодветни мерки и активности. По добиени судски наредби извршени се претреси на неколку локации во Скопје, при што се пронајдени дрога, пари и мобилни телефони, а лишени се од слобода три лица, од кои двајца српски државјани и еден македонски државјанин. По документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци,- - Гоце Андреевски – МВР.

Според првичните сознанија наведени од српска страна главен бил четириесет и двегодишен Србин со иницијали С.М, член на криминална група која, според сомнежите стои зад „нарачката“. Тој имал туѓа лична карта што ја користел за да си го прикрие идентитетот, за нема траг од него во Македонија. Освен една лична карта на друго лице издадена од Република Србија, тактичка црна униформа, воен нож, пиштол и муниција, полицијата пронашла и помала количина марихуана, стои во соопштението на српското министерство.

Засега не се знае кој бил потенцијална жртва на платените убијци, односно кого требало да ликвидираат во Скопје.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Џеј Ло во тесно трико ги истакна облините

Што промени светската музичка ѕвезда,  Џенифер Лопез во исхраната и рутината за вежбање за да изгледа  вака супер на 57 години.

Фото: Џеј Ло во тесно трико ги истакна облините

Папарацо-фотографиите го открија нејзиното совршено тело.

Мегапопуларната Џеј Ло со децении редовно вежба, но во текот на изминатата година значително ги промени својата исхрана и рутината за вежбање.

Дефинитовно оваа промена вродила со плод и сега жешката Латиноамериканка изгледа подобро од било кога.

Новите папарацо-фотографии од Џенифер Лопез во црно трико за вежбање и со чаша вода во рацете би можеле да бидат одлична мотивација за секоја жена.

Сепак, тешко е да се поверува дека оваа жена има 57 години и е мајка на две возрасни деца.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео-фото: Најпознатата плус сајз манекенка гордно го покажа телото: Вака изгледа мојот живот

Најпознатата плус сајз манекенка, Ешли Греам, се прослави токму по своите прекрасни облини, но и по храброста да ги покаже во секоја прилика – дури и пред оние што ја пречекуваат „со нож“. 

Видео-фото: Најпознатата плус сајз манекенка гордно го покажа телото: Вака изгледа мојот живот

Познатата убавица сега објави видео на Инстаграм во кое прикажа различни сцени, но и моменти од различни периоди на нејзиниот живот.

На него таа позира во бикини, поминува време со своите деца, ужива во бременоста и вежба, а пораката што сакаше да ја пренесе е дека телото на секого се менува и дека тоа е сосема нормално.

https://www.instagram.com/reel/DeO4MOMznWf/?utm_source=ig_embed

„Секако дека телото ми се менува. Вака изгледа мојот живот. Не би сакала ништо да биде поинаку“, напиша таа покрај видеото.

Нејзината објава предизвика лавина реакции за многу кратко време и сите го поздравија овој потег. Во коментарите ѝ упатија зборови на поддршка и ѝ се заблагодарија за искреноста.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Еврото падна на најниско ниво во однос на доларот во последните 17 месец

Еврото падна на најниско ниво во последните 17 мсеци во однос на американскиот долар под притисок на растечките стравувања за јавниот долг на Франција, растот на цените на енергенсите и неизвесноста на финансиските пазари.

Еврото падна на најниско ниво во однос на доларот во последните 17 месец

На 5 октомври, европската валута се спушти на околу 1,12 долари, продолжувајќи го падот што од почетокот на 2026 година достигна приближно пет проценти. Аналитичарите оценуваат дека инвеститорите сè повеќе ги преиспитуваат ризиците поврзани со европската економија, но и очекувањата за каматната политика на американските Федерални резерви.

Особена загриженост предизвикува Франција, чиј јавен долг достигна речиси 118 проценти од бруто домашниот производ, додека буџетскиот дефицит останува висок. Растот на приносите на француските државни обврзници покажува дека задолжувањето на земјата станува поскапо, а дел од инвеститорите се насочуваат кон германските обврзници, кои се сметаат за посигурна инвестиција.

Слабеењето на еврото создава дополнителен ризик од инфлација, бидејќи увозот на нафта, гас и други производи што се плаќаат во долари станува поскап. Тоа може да изврши дополнителен притисок врз цените во Европа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер