Филмскиот фестивал Џифони ќе се одржи во Mакедонија - Канал 5

Филмскиот фестивал Џифони ќе се одржи во Mакедонија

Од 20-ти до 27 октомври Македонија ќе биде домаќин на Филмскиот фестивал „Џифони“, бренд што Италија го гради 43 години и е високорангиран меѓу нејзините културни производи. Календарот на настани и детали во организацијата биле утврдени на работните средби минатата недела меѓу повеќе институции во Македонија со делегација на фестивалот, предводена од директорот Клаудио Губитоси.

Филмскиот фестивал Џифони ќе се одржи во Mакедонија

- Чувствувајќи доверба и ентузијазам, директорот на фестивалот одлучи брендот Џифони да ни го отстапи без да платиме ниту едно евро. Почестени сме од довербата што тој ја стекнал дека Македонија може да биде регионален центар на Џифони, каде што секоја година ќе се собираат децата од регионов и ќе се случува концептот на Џифони кој секоја година се случува во Италија, рече директорот на Филмскиот фонд на Македонија Дарко Башески на денешната прес-конференција.

Фондот ќе потпише тригодишен договор со Филмскиот фестивал Џифони со што Македонија ќе добие целосен културен прозивод во насока на социјалниот развој на децата. - Три години треба да работиме за да ја оправдаме довербата, посочи Башески.

Фондот ги повикува сите заинтересирани субјекти кои сакаат да помогнат во организацијата на фестивалот во Македонија. За повеќе информации за фестивалот и негова промоција кај младата публика ќе биде организиран „Џифони ден“ на 27 мај.

Креативен директор на фестивалот во Македонија е Иво Антов од „Наше маало“, кој на пресот истакна дека настанот ќе биде круна на 15-годишната работа на неговата продукција. Рече дека тимот ќе се труди државава да стане регионален центар на познатиот италијански фестивал и да донесат многу деца од Балканот и од Италија на првото фестивалско издание. Ќе учествуваат деца во две возрасни категории, од 13 до 15 и од 16 до 18 години.

Елена Величковска ќе биде извршен директор на фестивалот во Македонија. Таа има десет години искуство на фестивалот Џифони, каде што учествуваат и деца од Македонија со поддршка на Амбасадата на Италија во Скопје.

Деца од Македонија, студенти од ФДУ, филмски работници и музичари ќе го посетат годинашниот фестивал Џифони во Италија, кој ќе се одржува од 19-ти до 28 јули, и таму ќе ја претстават македонската култура.

Фестивалот Џифони соработува со локални фестивали низ светот, а некои од нив целосно го преземаат брендот и плаќаат за него, како пр. Бразил и Катар. Македонија е меѓу ретките земји кои бесплатно го добиваат брендот. Се инсистира дека Џифони не е само фестивал, па затоа и го смени логото во „Џифони искуство“. Децата гледаат филмови, а потоа дискутираат за темите, следат работилници и поставуваат прашања и коментари до познати актери и режисери. Учествуваат по педесетина делегации. Покрај професионално жири, за наградите од официјалната програма одлучува и меѓународно жири од 3.000 деца. Нема поделба меѓу возрасни и деца, а мотото на фестивалот е „Засекогаш млад“.

- Се гледаат филмови од цел свет, кои претходно ги гледаат психолози. Фестивалот се корисити за истражувачка работа на експертите за деца. Доаѓаат голем број психолози, педагози, социолози и ги користат децата, пред се, да им пренесат содржини кои се погодни за нивната возраст, и да искористат децата да зборуваат за тие теми. Моќта на филмот, всушност, се користи како повод децата преку темата да почнат да разговараат за конкретни работи, рече Башески.

Фестивалот е именуван по малото место Џифони во јужна Италија, каде што е основан пред 43 години од директорот Губитоси. Популарен е, и покрај 10.000-те жители, цела Италија придонесува за неговото опстојување. Поради приходите од фестивалот, покраината Кампанија, каде што се наоѓа Џифони, бележи економски раст во однос на другите делови на Италија кои се погодени од економската криза.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Објавен е повикот за „24 часа стрип цртање 2026 “

На 28 и 29 ноември 2026 година ќе се одржи меѓународниот маратон во 24-часовно цртање стрип. 

Објавен е повикот  за „24  часа стрип цртање 2026 “

Станува збор за традиционален предизвик во кој автори, аматери и професионалци имаат задача да создадат оригинален стрип во рок од 24 последователни часа на зададена тема. Настанот паралелно се организира во повеќе градови низ Македонија, Хрватска, Словенија, Србија и Црна Гора, со цел поврзување и промоција на регионалната стрип-сцена.

Техниката и должината на стрипот се по сопствен избор на авторите. Иако традиционалниот концепт предвидува 24 страници, постигнувањето на оваа бројка не е задолжително – примарната цел на акцијата е масовното учество, стручната размена и поддршката на креативниот процес.

Освен две локации за цртање во живо во Скопје , овозможено е и отворено онлајн учество, со кое заинтересираните можат да творат од дома и да ги испратат своите дела електронски.

Томе Трајков, стрип-работник од Велес. Трајков изрази големо задоволство што регионалните партнери позитивно одговориле на неговиот предлог од пред неколку години , овозможувајќи им на домашните автори простор за рамноправна соработка и афирмација.

Инаку клучни информации и пријавување има на наменскиот сајт ttps://www.24satnocrtanjestripa.com/

Време на одржување: Од 28 ноември (сабота) во 12:00 ч. до 29 ноември (недела) во 12:00 ч.

Темата е тајна и ќе биде соопштена на почетокот на настанот (28.11.2026 во 12:00 ч.).

За истакнување е податокот дека Годинешното графичко решение е на уметницата Гаја Смилевска од Скопје

Пријавување е најдоцна до 25 ноември) кога треба е да се испратат основните податоци на учесниците. По завршување на маратонот, готовите страници се препраќаат на истата адреса.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Кина се запали зграда, 14 загинати

Четиринаесет лица загинаа во пожар што избувна во зграда во Тајуан, во северната кинеска провинција Шанси, објави денеска државната новинска агенција „Синхуа“.

Во Кина се запали зграда, 14 загинати

Вкупно 25 лица сè уште се наоѓаат во болница, од кои девет се здобиле со сериозни повреди. Ова денеска го пренесоа медиумите, повикувајќи се на информации од надлежните органи. Детали сè уште не се познати.

Вчера попладне, според локалното време, избувна пожар во зграда во центарот на Таијуан, а на пожарникарите им беа потребни околу два часа за да го изгаснат. Причината за пожарот моментално е предмет на истрага.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Ние не ширеме паника, ние предупредуваме од декември, единствената паника е кај ВМРО-ОКГ и Мицкоски!

ВМРО-ОКГ вели ширеме паника. Ние не ширеме паника. Ние предупредуваме од декември. Единствената паника е кај ВМРО и шефот на бандата Мицкоски.

СДСМ: Ние не ширеме паника, ние предупредуваме од декември, единствената паника е кај ВМРО-ОКГ и Мицкоски!

Уште во декември минатата година објавивме работи поврзани со банката.

Финансирање на медиуми преку неа. Врски Вучиќ-Мицкоски. Луѓе на БИА во владата. Бизнис партнерот, хулиган-навивач на кого му пукале во нозе и му го палеле автомобилот, а кого Мицкоски го постави за почесен конзул да ни ја претставува земјата во Србија.

Кога објавивме за 5те тони дрога што Мицкоски со холивудски апсења сакаше да ги прикрие, додека дрогата заврши кај сестринската партија СНС.

Објавивме и за доаѓањето на Вучиќеви медиуми, спојувањето со Орбановата шема и Латас како началник на пропагандата.

На првите објави за Алта банка токму гувернерот што сега ја префрла вината на Мицкоски, Трајко Славески, се закануваше и советуваше Aлта банка да не тужи.

Денес Мицкоски топката и одговорноста ја префрла токму на Славески.

Во исто време нема реакција на обвинителството.

Во Србија апсењата се секојдневни. Кај нас никој од полицијата и обвинителството не се огласува додека Вучиќевата банка, пералница на пари стекнати со криминал и корупција, е под присилна управа.

Народот не може да дојде до своите пари, додека гувернерот дозволи компаниите непречено да ги користат своите средства и покрај предупредувањата од Србија дека големи суми пари се префрлаат во Македонија и Русија.

Во исто време се поставува прашањето за гувернерот: ако е таква ситуацијата, зошто дозволата не е одземена? Што всушност прави Трајко Славески заедно со Мицкоски?

Ако банката официјално е во стечај, треба веднаш да се исплатат по 30.000 евра по штедач.

Но вака, исплаќајќи 650 евра месечно (со лимит), за некој да ги извади тие 30.000 евра, ќе бидат потребни четири години! Уште една подмолна работа на оваа банда.

На граѓаните мора да им биде јасно дека Мицкоски брза да ја продаде банката со сила, само затоа што не сака да се откријат сметките и трансферите во банката.

Наскоро почнуваат истраги што ќе доведат и до овој дел од балканскиот картел, до овој дел од македонската организирана криминална група што ја предводи Мицкоски.

Знае арамијата и неговата банда дека деновите им се одбројани. Наскоро доаѓа времето на правдата. Бандата ќе одговара.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер