Филмски грабеж на златарница- крадци со секири скршиле сѐ и за неколку секунди го однеле накитот (ВИДЕО) - Канал 5

Филмски грабеж на златарница- крадци со секири скршиле сѐ и за неколку секунди го однеле накитот (ВИДЕО)

На последниот ден од ноември, околу 18 часот, во трговски центар во Братислава се случил филмски грабеж на златарница.

Филмски грабеж на златарница- крадци со секири скршиле сѐ и за неколку секунди го однеле накитот (ВИДЕО)

Според информациите од Полициската управа, седум лица во бели заштитни комбинезони, со покриени лица, влегле во златарницата, додека нивниот придружник стоел на стража надвор.

Избегале во непознат правец

Вооружени со секири, тие ги скршиле стаклените витрини и за неколку секунди украле голема количина накит, чија вредност сè уште не е утврдена.

По грабежот, избегале во непознат правец, јавува ТВ Новини.

Полицијата ги повикува граѓаните кои биле во трговскиот центар во моментот на грабежот да се јават - особено ако виделе каде избегале крадците, дали се пресоблекле или користеле различни возила.

Камерата снимила сè

Полициски службеници со кучиња за помош пристигнале на местото на настанот, како и екипи за криминалистичко истражување кои ги обезбедиле доказите.

Продавачите од околните продавници веднаш ги повикале властите и ги затвориле продавниците.

За среќа, никој не е повреден во инцидентот, а сè е снимено на надзорна камера. Снимката потсетува на холивудски акциони филмови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Дијаспората не сака Мицкоски да гласа наместо неа

ВМРО-ОКГ повторно лаже. 

СДСМ: Дијаспората не сака Мицкоски да гласа наместо неа

Тие свесно шират лажна приказна дека СДСМ е против гласањето на дијаспората. Ова е чиста манипулација.

Никој не е против гласањето на дијаспората.

Проблемот не е во правото на глас, туку во манипулацијата и кражбата на гласови која ВМРО-ОКГ сака да ја овозможи преку Изборниот законик.

Дијаспората не сака Христијан Мицкоски и неговата организирана криминална група да гласаат наместо неа.

Дијаспората сака самата да го каже својот глас, а не да дозволи членови на криминалната мрежа во Белата палата да одлучуваат наместо неа.

ВМРО-ОКГ сака да отвори пат за масовна злоупотреба преку неконтролирано гласање.

Токму затоа се спротивставуваме на нивните предлози. Не затоа што сме против дијаспората, туку затоа што сме против кражбата на нејзиниот глас.

Дијаспората гласаше и во минатото. Ќе гласа и во иднина. Но нема да дозволиме нејзиниот глас да го украде истата криминална структура која веќе две години ја држи Македонија во изолација и која ја доведе државата до економски колапс.

Лагите на ВМРО-ОКГ немаат граница. Но има граница на трпението на граѓаните.

Народот ќе победи. Европска и демократска Македонија ќе победи.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Империја вредна 300 милиони долари – еве ги сите имоти на Новак Ѓоковиќ

Најтрофејниот светски тенисер во историјата, Србинот, Новак Ѓоковиќ изгради импресивна глобална империја на недвижности, која опфаќа локации од Белград и Монте Карло до Менхетен и Марбеља.

Империја вредна 300 милиони долари – еве ги сите имоти на Новак Ѓоковиќ

Неговото богатство се проценува меѓу 250 и 300 милиони долари, при што инвестициите во луксузни недвижности сочинуваат значителен дел од тој вкупен износ.

Новак Ѓоковиќ, создал огромно богатство во текот на својата блескава кариера.

Издигнувајќи се од скромни почетоци во Србија до статус на глобална спортска икона, тој изгради огромна империја од недвижности со куќи и станови на повеќе континенти - од неговиот роден Белград, преку Монте Карло и Мајами, до Менхетен и Марбеља.

Денес, неговата нето вредност се проценува на помеѓу 250 и 300 милиони долари. Со 24 гренд слем титули и над 165 милиони долари заработени само од награди на турнири, тој се рангира меѓу најплатените спортисти во историјата.

Дополнително,популарниот Ноле генерира над 30 милиони долари годишно преку договори за рекламирање со водечки глобални брендови.

Исто така Ѓоковиќ го прошири својот финансиски успех и далеку надвор од тенискиот терен преку стратешки инвестиции во недвижнини, кои му обезбедуваат стабилен приход и долгорочна сигурност.

Како голем обожавател на познатиот италијански архитект Ренцо Пијано, Новак има и два луксузни имоти во својата колекција во зградата „565 Брум СоХо“ на Менхетен, со вкупна вредност што надминува 10 милиони долари.

Становите располагаат со мебел по нарачка, пространи тераси и подно греење, додека зградата нуди приватен базен, спа центар, теретана и библиотека.

Во Европа, неговата база со години е Монте Карло, каде што поседува луксузен стан веднаш до брегот, со поглед на Француската ривиера. Имотот е вреден помеѓу пет и шест милиони евра и е дизајниран за семеен живот, со наменски простор за неговите деца, Стефан и Тара.

Ноле има и прекрасна вила во шпанска Марбеља вредна 10 милиони долари.

Еден од најлуксузните имоти на Ѓоковиќ се наоѓа во Марбеља, Шпанија. Тој ја купил вилата во 2020 година за 10 милиони евра, откако претходно ја изнајмувал за време на пандемијата по цена од околу 10.000 евра неделно.

Според италијанскиот весник *Corriere dello Sport*, вилата располага со: девет спални соби, осум бањи, затворен базен, приватен спа-центар, кино-сала, теретана, тениски терен, повеќе дневни соби, просторија за рекреација.

Вилата се наоѓа на само неколку минути од центарот на Марбеља и нуди поглед и кон морето и кон планините.

За време на престојот во Србија, Ѓоковиќ има на располагање неколку луксузни имоти.

Во Белград, тој поседува пентхаус од околу 250 квадратни метри во елитниот комплекс „Вест 65“ (West 65), кој вклучува и кровна тераса од 100 квадратни метри и приватен базен.

Семејството Ѓоковиќ исто така потроши 2,9 милиони евра за имот и куќа на планината Космај, кои ги реновираа по купувањето.

Посебно внимание привлекува и вилата со површина од околу 1.200 квадратни метри на брегот на Павловачкото Езеро, лоцирана помеѓу Рума и Врдник. Изградбата започнала во 2016 година; според медиумските извештаи, проектот бил инициран од таткото на Новак, Срѓан, со цел да му се обезбеди на семејството место за одмор во природа.

Вилата е сместена во изолирана средина и вклучува приватен базен и ресторан. На јадранскиот брег, Ѓоковиќ поседува и луксузен стан во „Порто Монтенегро“ (Тиват), чија вредност изнесува околу 2,2 милиони евра.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Софија Вергара во секси фустан на 54 роденден

Најплатената телевизиска актерка на свето, атрактивната Колумбијка, Софија Вергара  летово ги бодреше фудбалерите на Светското првенство, но и покрај нејзината поддршка турнирот заврши за колумбиската репрезентација.

Фото: Софија Вергара во секси фустан на 54 роденден

Со намера да им стави крај на фотките во боите на Колумбија, Софија одлучи да објави нешто многу посекси и елегантно.

Сексапилната Софија објави фотографии на кои позира во долг, шарен фустан со интригантен исечок кај градите.

Овој пат, таа имаше посебна причина за славење: го одбележуваше својот 54-ти роденден.

Фустанот привлече најголемо внимание, секако поради истакнатите облини на Софија, фустанот ги истакна сите атрибути на „жешката“ Колумбијка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер