Филмска работилница „Како се пишува, режира и продуцира прв игран филм“ - Канал 5

Филмска работилница „Како се пишува, режира и продуцира прв игран филм“

Филмска работилница насловена „Како се пишува, режира и продуцира прв игран филм“ ќе се одржи денеска на Универзитетот за аудиовизуелни уметности, Европска Филмска, Театраска и Танцива Академија - Скопје.

Филмска работилница „Како се пишува, режира и продуцира прв игран филм“
Работилницата која воедно е дел и од програмата на Скопскиот филмски фестивал, ќе ја водат Леа Мисиус и Кристоф Режин, филмски режисери од Франција.

Откако режираа неколку кратки филмови, Леа Мисиус и Кристоф Режин во 2017 ги претставија своите први играни филмови пред публиката.

„Ава“ на Леа Мисиус ја имаше својата премиера на Канскиот филмски фестивал, додека „Скришно“ на Кристоф Режин беше прикажан на Филмскиот фестивал „Ле арк“, еден од најпрестижните филмски фестивали посветен на европскиот филм.

Освен што режираат филмови, Леа и Кристоф пишуваат и за други режисери.

На оваа работилница, тие ќе зборуваат како се развива процесот на пишување и режирање кога се минува од краток кон долгометражен игран филм, како пишувањето за други може да го смени начинот на кој ја раскажувате приказната, како да ги потенцирате квалитетите на вашето сценарио кога му го претставувате на продуцент.

Фани Ивоне, продуцент на „Ава“, ќе учествува на работилницата и ќе зборува за начинот на давање финансиска и уметничка поддршка на млади режисери кои минуваат од режирање на кратки кон долгометражни играни филмови. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Уапсен началникот на криминалистичката полиција на Белград

Началникот на Управата за криминалистичка полиција Марко Кричак е уапсен утрово по наредба на Више јавно тужилаштво во Белград

Уапсен началникот на криминалистичката полиција на Белград

Началникот на Управата за криминалистичка полиција Марко Кричак е уапсен утрово по наредба на Више јавно тужилаштво во Белград, под сомнение за злоупотреба на службената положба, според објава на „Танјуг“.

Според истиот извор, по иста кривична пријава што ја поднел адвокатот на заменик директорот на полицијата Веселин Милиќ, е приведен и началникот на Службата за сузбивање на криминалот Бошко Секуловиќ.

Кричак бил Началникот на Управата за криминалистичка полиција нешто повеќе од една година , а пред тоа бил раководител на Единицата за заштита на лица и објекти.

Според добро упатен извор, на Кричко и Секуловиќ им се ставени лисици поради нивните незаконски дејствија во случајот „Сењак“, како и поради претепување на одредени осомничени во тој случај, во полициската станица, за време на полициско испрашување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Прво ракометно Ел класико во Македонија сезонава, шампионот Вардар домаќин на Е. Пелистер

Вечерва од 17-45 часот македонскиот ракометен храм Јане Сандански ќе биде центарот на домашниот спорт. 

Прво ракометно Ел класико во Македонија сезонава, шампионот Вардар домаќин на Е. Пелистер

Шампионот вардар во првото македонско Ел класико сезонава е доаќи на најголемиот ривал Еурофарм Пелистер во рамките од 9 коло од Супер лигата.

Вардарци големиот ривал го очекуваат со максимален ефект, кој сакаат да го задржат и по големото дерби. Слични амбиции има и четата на Лино Червар од битола што значи дека во Јане Сандански ќе гледаме вистински ракометен спектакл.

Македонската ракометна јавност денеска ќе биде насочена кон СЦ „Јане Сандански“, каде што од 17:45 часот ќе се одигра првото сезонско дерби меѓу Вардар и Пелистер.

Сигурно „жешко“ ќе биде и на трибините бидејќи веќеодамна се продадени сите билети за трибините во Јане сандански.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Миланското дерби за црвен-оцрните, шампионот победен со 3-1

Фудбалерите на Милан го победија Интер со 3:1 во големото градско дерби на Милано одиграно во рамките на  10. коло од Серија А.

Миланското дерби за црвен-оцрните, шампионот победен со 3-1

„Нераѕурите“ важеа за благи фаворити во градското дерби, но „росонерите“ одиграа одличен натпревар и извојуваа голема победа, предводени од феноменалниот Диего Мореиро.

Стрелци на головите го големото миланско дерби беа Пулишиќ 3мин, Рабио 10 мин, и Мориера за Милан, единствениот гол за Интер го постигна капитенот Бастони.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер