Филмот ,,Титаник” ќе имаше различен крај доколку не се предомисли режисерот (ВИДЕО)

Доколку не се предомисли режисерот Џејмс Камерон филмот ,,Титаник “ , чија премиера беше одржана пред цели 22 години , ќе имаше поинаков крај.

На крајот од филмот каков што го гледавме, остарената Роуз умира мирно во сон откако ги исполни сите свои соништа и се соединува со Џек по нејзината смрт. Филмот требаше да заврши на сличен начин, но една сцена беше избришана затоа што режисерот Џејмс Камерон одлучи дека е непотребна.

Во таа сцена, Роуз се искачува на оградата на бродот, а нејзината внука и истражувачот Брок (кој поминал три години опсесивно трагајќи по дијамантот во форма на срце) мисли дека таа ќе се самоубие.

Во тој момент, Роуз им открива дека цело време го имала дијамантот кај себе. И покрај тоа што му дозволува на Брок да го задржи за момент, таа му кажува дека богатствата се всушност моменти во животот и дијамантот завршува во океанот.

Камерон реши да ја избрише сцената затоа што сметаше дека публиката не е заинтересирана за Брок и колку сцената ќе го наруши чувството за меланхолија кај гледачот, а на крајот на филмот Роуз беше сама во моментот кога го фрли дијамантот во океанот.

Бил Пакстон, кој играше Брок, се согласи со промената на крајот на филмот.

„Не ни требаше тоа. Нашата работа беше завршена. Ако сте паметни и го тргнете егото и нарцизмот од приказната, ќе го послушате филмот. Тој ќе ви каже што е потребно, а што не“, заклучи тој.

ССМ: Во Ниш тек е ревакцинација на бизнис заедницата

Во тек е ревакцинација на бизнис заедницата во организација на Стопанската комора на Македонија во Ниш.

Во тек е ревакцинација на бизнис заедницата, акција на Стопанската комора на Македонија, која заедно со Стопанската комора на Србија, а во рамките на Коморскиот инвестициски форум се реализира викендов во спортската сала „Чаир“ во Ниш, Република Србија.

Се ревакцинираат вработени од Комората, како и вработени од компаниите членки на Комората, чии работни места се од висок ризик од пандемијата и единствено на овој начин ќе продолжат непречено да работат и да го задржат нивото на економска активност.

Процесот во овој момент се одвива непречено, без задржувања на вакциналните пунктови.

Ревакцинацијата ќе биде извршена на истото место каде и првата вакцинација, информираат од Стопанската комора на Македонија.

Трамп го прозва Бајден поради користење ливчиња за потсетување

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп се огласи по повод снимката на која се гледа како неговиот наследник Џо Бајден користи ливчиња за потсетување за време на неодамнешната прес-конференција.

Трамп на Телеграм ја сподели видео снимката, која ја објави телевизиската мрежа „ОАН" со коментар: „Можете ли да верувате? Не е чудно што нашата земја оди по ѓаволите".

Станува збор за прес-конференцијата која Бајден ја одржа во Корнвел, во Англија, за време на самитот на Г7.

Медиумите пренесоа дека на ливчињата за потсетување се наоѓале одговори на евентуални новинарски прашања, меѓу кои и оние што се однесувале на Министерството за правда. Некои од подготвените одговори гласеле: „Трамп ги злоупотреби овластувањата", „Сега ние тоа треба да го расчистуваме", „Министерството за правда на Трамп е надвор од контрола".

Инаку, тоа не е првпат Бајден да користи ливчиња за потсетување. Западните медиуми пренесуваат дека Бајден истите ги користел и на состанокот со рускиот претседател Владимир Путин, како и на својата прва прес-конференција во март.

САД: Бурата Клоудет може да погоди седум милиони луѓе

 Националниот центар за урагани соопшти дека се очекува до полноќ по локално време силна бура, наречена Клоудет, да пристигне до американското тло од брегот на Луизијана.

Издадено е предупредување дека нова тропска бура, која може да погоди околу седум милиони луѓе кои живеат на јужниот брег на САД, би можела да стигне до копното.

Објавено е дека пороен дожд и силен ветар од Мексиканскиот Залив од утринските часови почнале да стигнуваат до копното на САД, заканувајќи им се на седум милиони луѓе кои живеат во регионот од Луизијана до Флорида.

– Кабинетот на гувернерот за национална безбедност и подготвеност за итни случаи (GOHSEP) мобилизира тим за кризни ситуации и заедно со нашите локални партнери сме подготвени за сите неопходни итни случаи, изјави гувернерот на Луизијана, Џон Бел Едвардс.

Вонредна состојба беше прогласена минатиот месец во Луизијана, каде во поројни дождови и поплави загинаа најмалку четири лица.

притисни ентер