Филмот на Скорсезе предизвика огромни овации на фестивалот во Кан (ВИДЕО) - Канал 5

Филмот на Скорсезе предизвика огромни овации на фестивалот во Кан (ВИДЕО)

Новиот филм на американскиот режисер Мартин Скорсезе за убиствата на индијански резерват во американската сојузна држава Оклахома во 1920-тите, доби овации на Канскиот филмски фестивал, најголем аплауз на фестивалот досега.

Филмот на Скорсезе предизвика огромни овации на фестивалот во Кан (ВИДЕО)

Громогласниот аплауз на публиката траеше девет минути, а продолжи и по палењето на светлата, објави американскиот магазин Variety.

Филмот Killers of the Flower Moon е долг три часа и 26 минути, а главните улоги ги толкуваат Леонардо ди Каприо и Лили Гладстон.

„Ова беше толку трогателно искуство, мислам дека никогаш не сум доживеал нешто слично“, рече Скорсезе по проекцијата.

Новиот филм истражува серија убиства на богати Индијанци Осаж кои се случиле во истоимената област. Се занимава и со почетоците на Федералното биро за истраги (ФБИ) во Соединетите Американски Држави.

Ваквите реакции на фестивалот ветуваат добро за стриминг платформата Apple TV+, која, наводно, му дала на Скорсезе буџет од 200 милиони долари за да ја адаптира популарната книга со истото име од 2017 година. Гладстон, која глуми богата жена од племето Осаж, веќе почнала да добива одлични критики , а на фестивалот мораше да ги задржи солзите додека публиката аплаудираше.

Некои корисници на социјалните мрежи веќе предвидуваат дека таа ќе биде наградена за нејзината улога. Аплаузот можеби ќе траеше подолго доколку на Скорсезе не му беше даден микрофон за да го одржи својот говор, во кој режисерот на „Goodfellas“ им се заблагодари на племето Осаж и на Apple.

„Apple ни беше одличен“, рече тој, потсетувајќи се на снимањето во Оклахома. „Ова беше феноменално искуство“, додаде тој.

YouTube video

Ди Каприо, Роберт Де Ниро, Гледстон и Џеси Племонс, кои глумат во филмот, прошетаа на црвениот тепих во Кан пред проекцијата.

„Killers of the Flower Moon“ се прикажува во кината на 20 октомври, а подоцна ќе се појави на стриминг платформата на Apple.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Герасимовски: Вонредна дератизација на критични локации во Центар

Општина Центар – Скопје денес и утре спроведува вонредна дератизација на повеќе критични локации на територијата на општината, поради зголемена појава на глодари.

Герасимовски: Вонредна дератизација на критични локации во Центар

Со акцијата ќе бидат опфатени локации во Капиштец, Дебар Маало, Буњаковец и Кале, каде што е забележана зголемена појава на глодари и каде што има пријави од граѓаните.

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, истакна дека општинските служби реагираат на пријавите и дека состојбата на терен ќе продолжи да се следи.

„По пријавите од граѓаните веднаш преземаме мерки и спроведуваме вонредна дератизација на локациите каде што е забележана зголемена појава на глодари. Ќе продолжиме да ја следиме состојбата и ќе реагираме секаде каде што ќе има потреба. Ги повикувам граѓаните да ги пријавуваат ваквите појави за да можеме навремено да постапуваме“, изјави Герасимовски.

Вонредната дератизација ќе се спроведе на следните локации:

Капиштец – ул. „Загребска“ бр. 28, спроти Биотек (поранешно КТК), кај контејнерите.

Дебар Маало – ул. „Радњанска“, кај контејнерите, просторот околу Пазарот Буњаковец и дел од ул. „Рузвелтова“.

Буњаковец – ул. „Борка Талески“, од ООУ „Ј. Х. Песталоци“ до Грчката амбасада, како и крстосницата на ул. „Стефан Јакимов Дедов“ со ул. „Апостол Гусларот“, вклучително и шахтите околу запуштениот објект до ООУ „Ј. Х. Песталоци“, Катната гаража и бараките на ЈП „Комунална хигиена“.

Кале – ул. „Лазар Личеноски“, во близина на Спортска медицина и Царинската управа.

Од Општина Центар апелираат граѓаните да бидат внимателни при движење на наведените локации во периодот додека трае акцијата и да не ги поместуваат или оштетуваат поставените средства за дератизација.

Општина Центар ќе продолжи да ја следи состојбата на терен и да презема мерки за одржување на чиста, безбедна и здрава животна средина за граѓаните.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во пожар над селото Палиград на Китка спасено теле

Вчера додека бев на лице место на големиот пожар над селото Палиград, на планината Китка, покрај тешката борба со пожарот имавме и една несекојдневна и убава случка.

Во пожар над селото Палиград на Китка спасено теле

Во метежот и огнот, пожарникарите од Противпожарната бригада на Град Скопје успеаја да спасат едно мало теле кое останало на опожарениот терен. Мало, исплашено, но живо – една мала победа во тешкиот ден.

Во вакви моменти, секој спасен живот е важен. А денес, меѓу огнот и пепелта, успеавме да спасиме и едно мало суштество.

За жал, пожарите не ја загрозуваат само природата, имотот и животите на луѓето. Загрозени се и животните, кои често остануваат беспомошни пред огнената стихија.

Затоа, апелирам на максимална одговорност и внимателност. Пожарите, без разлика дали се подметнати или избувнуваат поради невнимание, оставаат последици врз сите живи суштества. Да ја чуваме природата, да ги заштитиме луѓето, имотот и животнитеинформира првиот човек на ЦУК, Мухамед Али.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ливерпул во нов обид да го ангажира Минте, Баркола се уште прескап

Англискиот гигант Ливерпул повторно ќе се обиде да го реализира трансферот на десното крило Јанкуба Минте (22) од Брајтон. 

Ливерпул во нов обид да го ангажира Минте, Баркола се уште прескап

Минатата сезона, гамбискиот репрезентативец постигна три гола и забележа четири асистенции на 34 натпревари во Премиер-лигата. Неговата пазарна вредност изнесува 45 милиони евра, а тој има договор со клубот до летото 2029 година.

Главна цел на Ливерпул е Бредли Баркола од ПСЖ, но клубот не е подготвен да ги плати 160-те милиони евра (или повеќе) што францускиот гигант ги бара за него.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер