Филков: СДСМ свесно ги блокира реформите во изборното законодавство - Канал 5

Филков: СДСМ свесно ги блокира реформите во изборното законодавство

Поради отсуството на СДСМ, беше одложена четвртата седница на Работната група за реформи во изборното законодавство, процес од кој директно зависи кредибилитетот на изборите и довербата на граѓаните.

Филков: СДСМ свесно ги блокира реформите во изборното законодавство

Министерот за правда, Игор Филков информираше дека политичките партии доставиле дополнителни забелешки и коментари на препораките на ОБСЕ/ОДИХР. На маса биле и предлозите на институциите кои се вклучени во изборниот процес а со кои во изминатиов период како Министерство за правда имавме конструктивни средби: Државната изборна комисија, Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Агенцијата за администрација и независните граѓански иницијативи.

,,Но, она што денес изостана е токму она што е најпотребно – политичка зрелост.

Не може да зборуваме за фер и демократски избори, а истовремено да не учествуваме во процесот кој треба да ги обезбеди тие стандарди. Демократијата подразбира дијалог, компромис и заедничка одговорност.

Денеска имавме можност да го видиме вистинското лице на за жал, изгубената политичка партија која што со низа погрешни потези водени од тесногради партиски интереси свесно ја блокира реформската агенда и го кочи европскиот напредок на државата.

СДСМ избраа да не бидат дел од процесот во момент кога се носат суштински одлуки. Ова е доказ, дека нивните заложби за европска иднина се само декларативни, а реалноста е нешто сосема спротивно “, изјави министерот за правда Игор Филков.

Филков посочи дека ова не е прв пат, СДСМ вака да се однесува.

,, Во Собранието го блокираа и клучниот реформски Закон за Јавното обвинителство, иако дел од нивните амандмани беа прифатени.

Со ваквите нивни, би рекол крајно срамни и неодговорни политики, реформите се држат во заложништво на тесно партиските интереси, а европската иднина на нашите граѓани во неизвесност.

Со досегашното неодговорно однесување на СДСМ и неучеството во работната група за реформи во изборното законодавство директно се загрозени 4 милиони, 281 илјада , 623 евра. А, со блокадата на Законот за јавното обвинителство во Собранието, дополнително, 6 милиони, 422 илјади,623 евра. Пари кои што и те како, може да го олеснат реформскиот процес и да ги подобрат состојбите во правосудството за секој наш граѓанин”,рече Филков.

Тој порача дека Владата продолжува посветено да работи на реформите во државата се до крајната цел - обезбедување стабилност, просперитет и владеење на правото.

Министерство за правда

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ангелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото

Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион , ноќеска го изгаснавме огнот околу селото ова утринава го изјави Стојанче Ангелов Директорот на агенцијата за заштита и спасување

Ангелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото

Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион , ноќеска го изгаснавме огнот околу селото ова утринава го изјави Стојанче Ангелов Директорот на агенцијата за заштита и спасување, кој посочи дека пожарот во овој регион се уште е е активен и оти линијата на огнот е долга со километри.

Според него помогнало и и локалното население, но и доброволниот тим на дирекцијата за заштита и спасување од Виница. Целта е да спасиме колку можеме повеќе вегетација. Тешко дека овој пожар ќе биде изгаснат брзо. Во гаснењето на пожарот учествуваат околу 30 доброволни пожарникари од кочани и од битола, како и пожарникарите од Прилеп.

Пожарот кај селото Чаниште избувна вчера попладнето. Синоќа помина низ селото и направи пустош иако од дирекцијата информираа дека изгорените куќи се или напуштени или сопствениците во нив ретко доаѓаат. Неколкумина жители вдишеле чад, но по лекарскиот преглед се во добра состојба.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сончево и топло до 38 степени

Од Управата за хидрометеоролошки работи за денеска најавија сончево време со мала до умерена локална облачност. Се очекува да дува слаб до умерен ветер од западен правец.

Сончево и топло до 38 степени

Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16, а максималната ќе достигне од 31 до 38 Целзиусови степени.

Во Скопје, исто така, најавено е сончево време со слаб до умерен ветер од променлив правец. Се очекува минималната температура да се спушти до 16, а максималната да достигне до 38 Целзиусови степени.

Според синоптичарите, следува период на стабилно и потопло време, освен во вторник, кога ќе има локален развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дневен хороскоп за 19. август 2026 година

Дневен хороскоп за среда, 19. август 2026 година. 

Дневен хороскоп за 19. август 2026 година

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Без оглед што самодовербата ќе ви биде разнишана, излезете и дужете се со луѓе.Се ќе излезе на добро.

Кариера

Постојат уште некои договори кои не се толку важни , но треба да ги доработите до крај.Денеска ќе се занимавате со нив.

Здравје и совет

Мали двоумења.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Ќе се покажете како вешт организатор на љубовни настани.Ќе успеете да го добиете она што го посакувате.

Кариера

Треба да внимавате со вашето однесување да не ги навредите важните лица или надредените.Тие ќе ве доживуваат како стрес.

Здравје и совет

Ќе ви недостига мир.Повлечете се.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Вашата потреба за љубов и внимание денеска ќе биде зголемена , а надворешната сосотојба нема да ви помага.Од таму и фрустрациите.

Кариера

Се што досега сте преживеале , ќе знаете да го наплатите.Ќе се договарате околу вашата наплата или хонорар.

Здравје и совет

Не мора се да биде по ваше.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Понекогаш не можете да се препознаете.Се чини дека сакате повеќе од она што ви е дадено.Бидете поскромни , па ќе имате повеќе среќа.

Кариера

Не треба да се споредувате со другите.Секој е единствен и има свој талент.Треба само да се открие.

Здравје и совет

Преиспитајте се.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Пред вас е емотивно напорен ден во кој ќе се појават преодни фрустрации.Немојте премногу да ги зенате при срце.

Кариера

На повидок е успешен договор или одобрување во врка со еден важен проект.Тоа ќе ве израдува.

Здравје и совет

Мали емотивни грижи.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Некако ќе се скротите и ќе увидите дека нема некаков напредок , барем за сега.Ќе се посветите на други работи.

Кариера

Би можеле да бидете многу успешни.Свртете се околу себа и ќе видите многу можности што не сте ги забележувале.

Здравје и совет

Бидете будни во секој момент.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

На моменти ќе бидете целосно отворени и со леснотија ќе комуницирате со другата страна , а на моменти ќе се повлечете и ќе влезете во својот свет на соништата.

Кариера

Работите поврзани со пари или со вашата заработувачка денеска би требало да тргнат кон , нова позитивна насока.

Здравје и совет

Не ги заборавајте паузите .

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Сигурни сте во себе и знаете што да очекувате од љубовта.Многумина денеска ќе се покажат пред друштвото, било да се сами или во двојка.

Кариера

Вашиот интензивен период ќе покрене многу позитивни аспекти , а ќе дојде и она што до чекавте.

Здравје и совет

Можете да поместите планини.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Ќе ја комбинирате страста со наивност.Ќе им бидете многу интресни на лицата од спротивниот пол , но нема да знаат на што се додека се со вас.

Кариера

Не се чудете доколку ви предложат некои помали промени.Многу се веројатни и ќе ви донесат сигурност и стабилност.

Здравје и совет

Прифатете го она што доаѓа.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Леснотијата со која денеска ќе ги остварувате контактите денеска ќе биде зачудувачка.Единствено е важно да не зборувате премногу и што било.

Кариера

Сите работи поврзани со луѓе , или комуникации лесно ќе се одвиваат.

Здравје и совет

Прво промислете па потоа кажете.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Денеска ќе посакате повеќе љубов и внимание, па така и ќе се поставите.Саканата личност ќе биде изненадена со вашата нежност.

Кариера

Саботажа е нешто што навреме треба да се открие и да се избегне.Мали детективски активности ќе ги осуетат намерите на противниците.

Здравје и совет

Работете колку што можете.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

За вас веќе нема препреки , ниту тешкотии.Љубовниот живот ви е стабилен и она што го сакате-среден.

Кариера

Се повеќе очи се вперени во вас и многу се очекува од вашата работа.Свесни сте за тоа, па подгответе ја вашата програма за работа.

Здравје и совет

Бидете она што сте.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер