Филиповска- Грашкоска: Зголемените надлежности на инспекциските служби ја оправдаа целта

Намален бројот на прекршувања на здравствените протоколи.

Од стапувањето во сила на измените и дополнувањата на Законот за заштита на населението од заразни болести, со кои се зголемија надлежностите на инспекциските служби, од страна на инспекторите од Државниот пазарен инспекторат, Државниот инспекторат за труд, Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Агенцијата за храна и ветеринарство, Државниот инспекторат за транспорт и Агенцијата за лекови и медицински средства, се извршени 10.274 контроли и 5.149 надзори. Споредено со претходниот месец, се забележува намалување на прекршувањата на здравствените протоколи кои произлегуваат од Законот за заштита на населението од заразни болести. За споредба во месец октомври, кога инспекторите немаа надлежности да забрануваат вршење на дејност поради непочитување на здравствените протоколите , од вкупно извршени 6.963 надзори и 6.123 контроли, беа изречени 37 кривични пријави против угостителски објекти, а во месец ноември по донесувањето на измените на Законот за заштита од заразни болести затворени се 5 угостителски објекти кај кои било констатирано дека не ги почитуваат здравствените протоколи.

Во продолжение е интегралното обраќање на претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Филиповска-Грашкоска.

По скоро еден од месец од стапувањето во сила на измените и дополнувањата на Законот за заштита на населението од заразни болести, од страна на инспекторите од Државниот пазарен инспекторат, Државниот инспекторат за труд, Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Агенцијата за храна и ветеринарство, Државниот инспекторат за транспорт и Агенцијата за лекови и медицински средства, се извршени 10.274 контроли и 5.149 надзори. При тоа, согласно Законот за заштита на населението од заразни болести во месец ноември инспекторите имаат изречено 8 прекршочни пријави, 2 кривични пријави, 16 платни налози, 30 решенија од кои 5 се однесуваат за забрана за работа на 5 угостителски објекти и донесени се 39.858 решенија за изолација.

Споредено со претходниот месец, се забележува намалување на прекршувањата на Ковид протоколите кои произлегуваат од Законот за заштита на населението од заразни болести. За споредба во месец октомври, кога инспекторите немаа надлежности да забрануваат вршење на дејност поради непочитување на ковид протоколите, од вкупно извршени 6.963 надзори и 6.123 контроли, беа изречени 37 кривични пријави против угостителски објекти, а во месец ноември по донесувањето на измените на законот за заштита од заразни болести затворени се 5 угостителски објекти кај кои било констатирано дека не ги почитуваат Ковид протоколите. И покрај зголемениот бројот на контроли во месец ноември, сепак се детектирани помал број на прекршувања на протоколите , со што се потврдува дека зголемените надлежности на инспекциските служби го даваат својот резултат при почитувањето на ковид протоколите.

На денешната прес-конференција ќе ги презентираме податоците од спроведените контроли за периодот од 16-ти ноември заклучно со 22 –ри ноември.

Во посочениот период инспекторите од Државниот здравствен и санитарен инспекторат извршија 96 надзори, од кои 72 се по однос на здравствените протоколи. Во изминатите седум дена ДЗСИ издаде 14.664 решенија за изолација и домашно лекување на лица позитивни на КОВИД-19 и лица кои биле во контакт со заболени и 11 решенија за констатирани неправилности врз основа на спроведените надзори. Во периодот од 16-ти до 22-ри ноември, Инспекторат за транспорт изврши 57 надзори, при што изречени се 10 прекршочни пријави, 3 решенија и 4 платни налози за прекршувања на материјалните закони. Од извршените надзори 16 се по основ на Законот за заштита на населението од заразни болести и при тоа не се констатирани прекршувања на законот.

Во истиот период Државниот пазарен инспекторат, изврши 3.463 контроли и 553 надзори поврзани со материјалните закони и здравствените протоколи за работа угостителски објекти. При тоа, поднесени се 27 прекршочни пријави, од кои 2 прекршочни пријави се поднесени против угостителски објекти, по еден во Тетово и во Гостивар. Овие угостителски објекти не ги почитувале протоколите, односно истите работеле по 21 часот, поради што им е изречена и забрана за работа во рок од 30 дена и соодветна глоба. Дополнително ДПИ издаде и 52 решение и 25 платни налози.

Државниот инспекторат за труд, во истиот период спроведе 519 надзори во правни субјекти на територијата на целата држава со фокус на почитување на протоколите во насока на заштита на здравјето на вработените. При овие надзори, од страна на трудовите инспектори изречени се 27 решенија и еден платен налог, кои се однесуваат на утврдени неправилности од областа на работните односи. Агенцијата за лекови и медицински помагала, во изминатите седум дена изврши 26 надзори во аптеки по основ почитување на мерките на Владата на РСМ и издавањето на антибиотици, при што не се констатирани прекршувања на законските одредби и отстапувања од протоколите. Агенцијата за храна и ветеринарство, во периодот од 16-ти до 22-ри ноември спроведе 386 надзори. При тоа издадени се 7 решенија и извршени се 22 едукации поради констатирани неправилности кои се однесуваат на неизвршени здравствени прегледи, неспроведување на општи хигиенски мерки, неправилно складирање и чување на производи и неправилно означување на производите. Заштитата на здравјето на секој граѓанин е врвен приоритет на Владата на Република Македонија. Би сакала да потенцирам дека ова е заедничка битка, и мора сите да придонесеме за спречување на ширење на коронавирусот. Затоа е важно да се почитуваат сите здравствени протоколи. Како инспекциски служби, правиме максимални напори, да ги минимизираме можностите за ширење на коронавирусот во големите и средни производни капацитети, трговски објекти, кафетерии и угостителски објекти кои послужуваат храна, банки, пошти, аптеки, обложувалници и во сите други правни лица кои обавуваат било каква дејност. Инспекциските служби ќе бидат на терен постојано, секаде низ земјата и навремено и неселективно ќе го следат почитување на сите акти.

Бајден разговараше со Нетанјаху и ја повтори загриженоста на Америка поради инвазијата врз Рафа

Бајден рече дека верува оти постигнувањето прекин на огнот со Хамас е најдобриот начин да се заштитат животите на израелските заложници во Газа, наведуваат агенциите, цитирајќи неименуван портпарол на Белата куќа.

Претседателот на САД, Џозеф Бајден, денеска во телефонски разговор со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја повтори загриженоста на САД поради инвазијата врз Рафа, каде што повеќе од милион цивили се засолниле од другите делови на Појасот Газа и побара итно отворање на преминот Керем Шалом кон Појасот Газа со цел хуманитарната помош да стигне до таа палестинска енклава, пренесуваат светските медиуми.

Бајден рече дека верува оти постигнувањето прекин на огнот со Хамас е најдобриот начин да се заштитат животите на израелските заложници во Газа, наведуваат агенциите, цитирајќи неименуван портпарол на Белата куќа.

Разговорот се одржа неколку часа пред Бајден да го угости јорданскиот крал Абдула Втори на приватен ручек во Белата куќа.

Нетанјаху вчера го отфрли меѓународниот притисок за прекин на војната во Газа, велејќи дека ако Израел биде принуден да биде сам, ќе остане сам.

„Им велам на светските лидери: никаков притисок, ниту една одлука на кој било меѓународен форум нема да го спречи Израел да се брани“, рече тој, зборувајќи на англиски и додаде „никогаш повеќе е сега“.

Видео: Потег на годината во УФЦ 301 рингот!!

Бразилскиот боксер Мишел Переира, го изведе еден од најспектакуларните потези во „UFC 301“рингот.

Переира за 54 секунди го победи противникот, Ихори Потиерија, со спектакуларен скок и зафат наречен „гилотина“.

Переира по половина минута најпрвин со одмерена сила го собори Украинецот, а потоа со назад салто се фрли кон него и почна да го удира.

Бразилскиот борец победи за само 54 секунди, но пред тоа изведе неколку спектакуларни потези.

Судијата се обиде да ги раздвои и го прекина мечот, а Украинецот само падна на подот без свест.

Ова беше 31. победа во кариерата за Бразилецот.

Далас го продолжи договорот со Кид

НБА лигашот Далас Маверикс потпиша нов повеќегодишен договор со својот досегашен тренер Џејсон Кид, кој е на нивната клупа од летото 2021 година, јавија денеска американските медиуми.

Во две од трите сезони поминати на клупата на Далас, Кид постигна 50 или повеќе победи во една сезона (52 во сезоната 2021/22 и 50 во тековната сезона) и во двата наврати тимот влезе во плеј-офот и го помина првиот круг.

Пред две години стигна до финалето на Западот, а годинава ќе игра во второто коло против Оклахома Сити, додека минатата сезона тимот потфрли со скор од 38-44.

„Возбудени сме што тренерот Кид ќе продолжи да го води нашиот тим и во наредните години благодарение на заслуженото продолжување на договорот, изјави мнозинскиот сопственик на Далас, Патрик Думонт.

притисни ентер