Конески: Создаваме Македонија во која младите ќе имаат фер шанса за достоинствен живот и сигурна иднина
1Конески: Создаваме Македонија во која младите ќе имаат фер шанса за достоинствен живот и сигурна иднина
3Уапсен е братот и најблиската соработничка на Давор Мацура, сопственикот на „Алта банка“ – исчезнале 390 милиони евра
СветФилипинските власти забранија видео игра, што ја играл малолетник кој пукал во училиштеФилипинските власти привремено го блокираа пристапот до видео играта Gorebox откако истрагата откри дека ја играл тинејџер осомничен за вмешаност во пукање во училиште. Во нападот што се случи пред три дена во училница во градот Таклобан, тројца ученици беа убиени, а 20 беа ранети. Осомничените се 15-годишник и 14-годишник кои пукале со пиштол, пишува Би-Би-Си. Полицијата соопшти дека 14-годишниот осомничен играл Gorebox, игра каде што играчите можат да „уништат сè што сакаат“ и „да се вклучат во брутална борба со огромен арсенал оружје и експлозиви“, според описот на Google Play. Државната агенција за сајбер безбедност објави дека „можните влијанија од интернет што можеби придонеле за овој трагичен инцидент не можат да се игнорираат“. Абој Параисо, потсекретар во Центарот за истрага и координација на сајбер криминал, рече дека „привременото блокирање на играта ќе им овозможи на властите да спроведат темелна проценка дали платформата играла каква било улога во постапките на осомничениот“. „Се чини дека 14-годишникот бил силно под влијание на интернет содржини“ Gorebox е игра од прво лице од германскиот продуцент F2Games, и поради екстремно насилната и експлицитна содржина, има возрасна оценка од R18. BBC News контактираше со F2Games за коментар. За потсетување, научните студии досега не утврдија директна врска помеѓу играњето видео игри и насилното однесување. Завчера, полицијата го обвини 15-годишниот осомничен за убиство. Неговиот 14-годишен учесник, кој играше Gorebox, е премногу млад за да биде гонет според филипинските закони. Портпаролот на Филипинската национална полиција, Алан Реј Ко, изјави дека се чини дека 14-годишникот бил „силно под влијание“ на онлајн содржини. Тој самиот објавувал насилен материјал на интернет. Според прелиминарната истрага, осомничените тврделе дека биле жртви на злоупотреба во училиште. Пред пукањето во средното училиште Сан Хозе, момчињата се забарикадирале во бања. „Сè укажува дека нападот бил планиран“, рече Ко. Пријател на осомничениот: Не дозволил никому да го навредува Полицијата утврди дека пиштолот од 9 мм со кој пукал 14-годишникот ѝ припаѓал на неговата тетка, полицајка која била суспендирана по инцидентот. Пиштолот со калибар .38 што го користел 15-годишникот бил регистриран на компанијата за обезбедување на неговиот дедо. Пријател на 15-годишниот осомничен, кој разговарал со Би-Би-Си под услов да остане анонимен, го опишал како напната личност која се судирала со своите врсници затоа што не толерира навреди. „Би му рекол да биде попаметен или да се извини ако се скара, но тој не слушал. Не дозволувал никому да го навредува“, рекол пријателот. Додал дека 15-годишникот „знаел сè“ за оружјето, но „немал поим дека може да направи толку гнасно нешто“. Масовните пукотници се ретки на Филипините, иако криминалот со оружје е чест. Овој случај е уште поневообичаен затоа што сторителите се малолетници. „Платформите станаа плодна почва за перење мозок и радикализација на нашата младина“ Најлошото масовно пукање во поновата филипинска историја се случи во ноември 2009 година, кога градоначалникот во јужната покраина Магуинданао уби 58 лица. Претставничката Чел Диокно повика на построги казни за оние кои им обезбедуваат на малолетници пристап до огнено оружје. Поттикнати од пукањето во Таклобан, филипинските сенатори најавија дополнителна истрага за влијанието на насилството на онлајн платформите врз децата. Сенаторката Риса Хонтиверос изјави дека ваквите платформи станаа „плодна почва за перење мозок и радикализација на нашата младина“. „Не ја сакаме ситуацијата што ја гледаме во САД“ „Ако интернетот се користи за жртви на децата, нема да чекаме следната жртва пред да дејствуваме“, рече таа. Градоначалничката на Кезон Сити, Џој Белмонте, рече дека е потребно да се преиспитаат безбедносните протоколи во училиштата. Ова би вклучувало вежби и симулации за децата да знаат како да реагираат. Министерот за образование, Сони Ангара, рече дека владата е „многу загрижена“. „Не сакаме ситуација каква што ја гледаме во Соединетите Американски Држави, каде што постојат стравувања од имитациски инциденти“, додаде тој.Тагови: видео игра Филипините Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаКонески: Создаваме Македонија во која младите ќе имаат фер шанса за достоинствен живот и сигурна иднинаНа телевизија Канал 5 во емисијата „Само Вистини со Видиновски“ гостуваше Тодор Конески, претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ кој порача дека промените се клучниот показател за актуелната политичка состојба во Македонија.На телевизија Канал 5 во емисијата „Само Вистини со Видиновски“ гостуваше Тодор Конески, претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ кој порача дека промените се клучниот показател за актуелната политичка состојба во Македонија, нагласувајќи дека Владата спроведува политики и иницијативи со кои младите се ставаат во фокусот и добиваат можности за подобра иднина во сопствената држава. „Кога ја коментираме политичката состојба во Македонија клучниот збор којшто треба да го издвоиме е промени, гледаме промени во коишто пред се младиот човек не се чувствува како гостин во својата држава туку како нејзин домаќин, гледаме дека секојдневно се работат иницијативи во коишто младите се во фокусот но и другите политики коишто се спроведени, а младите имаат бенефит од истите, промените се тоа што е клучно и што ја отсликува политичката состојба во Македонија. Исто така мора да потенцираме дека политичката состојбата во оваа држава моментално е многу стабилна, имаме стабилно владино мнозинство, имаме стабилна Влада којашто програмата со којашто има излезено пред граѓаните во 2024 година ја исполнува во добар тек. Промените се случуваат, дефинитивно имаме една структура којашто работи во насока на тоа Македонија како екосистем ја направи место каде што младите ќе имаат шанса за одржлив развој и фер шанса за достоинствен живот“, рече Конески. Конески посочи и конкретни иницијативи насочени кон подобрување на студентскиот стандард, потенцирајќи дека од 13 студентски иницијативи биле прифатени 10, како и дека се разгледува нов модел за студентски оброк. „Резултатите од Реформската агенда покажуваат дека сме први со најмногу алоцирани пари од Европската Унија согласно реформските процеси, од 13 студентски иницијативи 10 се прифатени односно студентите и барањата на студентите, понудивме нов модел за студентскиот оброк којшто рековме дека прво ќе го презентираме на студентите откако ќе се произнесат ќе видиме дали истиот ќе биде прифатен или нема, премиерот понуди две нови решенија коишто директно би помогнале при решавање на проблемот со домување, директно ќе се постапи кон решавање на истиот“, дециден е Конески.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Испорачавме сѐ што се бара од нас базирано на системот на заслуги, очекувам ЕК да го препознае тоа17:37Средба на претседателот Гаши со хрватскиот премиер Пленковиќ10:12Претседaтелката Сиљановска Давкова денеска ќе учествува на надзорната расправа за АЛТА банка08:34Од седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00Одбраната повлече двајца сведоци од судењето за пожарот во „Пулс“, родителите реагираа09:00
Мицкоски: Испорачавме сѐ што се бара од нас базирано на системот на заслуги, очекувам ЕК да го препознае тоа17:37
Од седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00
СкијањеОлимписката шампионка Брињоне ја заврши кариерата Актуелната двократна олимписка шампионка во велеслалом и супер-Џи, Федерика Брињоне, денес објави дека ја завршила својата натпреварувачка кариера поради повреда.- По два дена на снегот, сфатив дека ногата не ми се опоравила и дека премногу ме боли. Поради оваа причина, решив да ја завршам мојата натпреварувачка кариера. Ова беше тешка одлука, и покрај сè што направив за да се вратам, сериозноста на повредата не ми дозволува. Би сакала да учествувам само во уште една, последна трка, ќе ве известам кога - рече Брињоне на Инстаграм. Италијанската скијачка се врати на патеките во вторник за прв пат по операцијата во август, кога ѝ беа вметнати плочи и завртки во левото колено по повеќекратни фрактури на ногата и скинати предни вкрстени лигаменти. Брињоне беше двократна светска шампионка во 2023 и 2025 година, а има сребро и бронза од Зимските олимписки игри во 2022 година и бронза од 2018 година.Тагови: Федерика Брињоне Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЦветков до Штериев: Проверивте ли дали НБРМ смее да ги продава акциите на Алта банка? Пратеникот на СДСМ, Борче Цветков, на денешната втора Надзорна расправа за Алта банка, побара од директорот на Македонската берза, Иван Штериев, да одговори што конкретно проверила Берзата.Пратеникот на СДСМ, Борче Цветков, на денешната втора Надзорна расправа за Алта банка, побара од директорот на Македонската берза, Иван Штериев, да одговори што конкретно проверила Берзата пред да се реализираат трансакциите за купување на Алта банка АД Битола и друштвото кое денес работи под името Алта осигурување. Цветков посочи дека случајот со Алта банка АД Битола отвора сериозни прашања за функционирањето на финансискиот систем, институционалната одговорност и транспарентноста на пазарот на капитал. „Станува збор за случај кој не смее да се третира само како редовна, деловна или техничка постапка за продажба на акции, особено, ако се има предвид дека станува збор за банкарска институција, чија сопственичка структура претрпе сериозни промени и дека во постапката се вклучени повеќе институции со различни надлежности и одговорности“, рече Цветков. Тој посочи дека Македонската берза има важна институционална улога во обезбедувањето законито и транспарентно функционирање на пазарот, еднакви услови за учесниците и навремено објавување информации од значење за инвеститорите. „Јавноста има право да знае како се случувале овие процеси, кој носел одлуки, врз основа на која информација и дали во секоја фаза биле почитувани принципите на законитост, транспарентност, еднаков третман и заштита на интересите на засегнатите страни“, рече Цветков. Во таа насока, Цветков побара конкретен одговор кои документи и одобренија биле доставени до Македонската берза од надлежните институции, кога биле доставени и дали Берзата е подготвена целосно да ја објави хронологијата на постапките. „Преку Македонска берза поминаа и трансакциите за купување на Алта банка АД Битола и трансакциите за купување на друштвото што денес е Алта осигурување. Што конкретно провери берзата по секој од двата случаи пред да се извршат овие трансакции? Кои одобренија ѝ беа доставени од институциите и на кој датум? Дали сте подготвени да ја објавите таа хронологија?“, праша Цветков. Во дополнителното прашање, Цветков го отвори и прашањето за можните правни последици од продажбата на акциите, барајќи да се разјасни дали биле проверени овластувањата на Народната банка за нивна продажба и дали постои ризик од нова штета за граѓаните доколку следуваат тужби и меѓународна арбитража. „Проверивте ли дали Народна банка Македонија смее да ги продава тие акции, односно што доколку утре следуваат тужби и меѓународна арбитража, дали постои ризик за граѓаните на Македонија повторно да бидат оштетени?“, праша Цветков, се наведува во партиското соопштение. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook