Филипини и Виетнам потпишуваат одбранбен договор - Канал 5

Филипини и Виетнам потпишуваат одбранбен договор

Филипини и Виетнам денеска ќе потпишат договор за одбранбена соработка, соопшти кабинетот на филипинскиот претседател Фердинанд Маркос Џуниор, што е значаен чекор на двете земји кои долго време се противат на кинеските акции во Јужното Кинеско Море.

Филипини и Виетнам потпишуваат одбранбен договор

Виетнамскиот министер за одбрана Фан Ван Гианг денеска беше во Манила на разговори со неговиот филипински колега Гилберт Теодоро, а претходно истиот ден се сретна и со Маркос.

- Сега зборуваме за одбранбена соработка, безбедносна соработка, поморска соработка и секако во областа на трговијата, рече Маркос во изјавата, во која не се наведени детали за одбранбениот договор.

Договорот доаѓа во време на тензии во Јужното Кинеско Море и меѓународна загриженост поради ескалацијата, како и однесувањето на огромната кинеска флота на крајбрежната стража и нејзините активности во ексклузивните економски зони на нејзините соседи.

Одлуката на Виетнам да склучи договор доаѓа во време кога сојузникот на САД, Филипините и Кина речиси секоја недела се препукуваат околу Јужното Кинеско Море, спор што трае повеќе од една година. Кина тврди дека има суверенитет над речиси целиот стратешки воден пат.

И покрај тоа што Виетнам и Филипини полагаат право на островите Спратли во Јужното Кинеско Море, двете земји изразија желба да работат заедно за да ги решат споровите./МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Тепачот на Сара, насилникот од Охрид бил пуштен на слобода поради врски со ВМРО-ОКГ

Вчера во Охрид се случи уште еден грозоморен чин на брутално насилство врз млада девојка. Сара. Безмилосно е претепана, фрлена на улица и оставена да умре. Сторителот е син на високи вмровски функционери.

За среќа, девојката преживеала.

Потресно е сведоштво на мајката на Сара, која се наоѓа во болница.

Изразуваме целосна поддршка и солидарност со Сара и целото нејзиното семејство. Таа заслужува заштита, мир и услови за закрепнување. Не страв дека повторно ќе биде нападната.

Според јавното сведоштво на мајката, осомничениот бил пуштен на слобода, додека нејзината ќерка стравува за сопствената безбедност.

Имало обиди за прикривање на случајот и влијание врз медицинската документација.

Само затоа што насилникот е син на Љубинка Корабоска, поранешна претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), предложена на таа функција од ВМРО-ДПМНЕ, и на Гоце Корабоски, инспектор во УЈП, за кого се зборува дека има блиски релации со Мицкоски.

Ова е последица заштитата којашто Панче Тошковски им ја овозможува на криминалците на власт, неказинивоста, контролата над судството и обвинителството и партизацијата на системот од страна на ВМРО.

Телохранител на Мицкоски кој ја тепаше сопругата па беше ослободен, во Богданци млада девојка беше жива запалена, за 5 тони дрога нема одговорност, Симо наместо во затвор е пуштен за гласови, во Куманово сериски убиец, секој ден жртви на насилство.

Нема пари за електронски алки а има за Гета од 5,53 милиони евра.

Неказнивоста ги охрабрува насилниците. Пропустите на МВР и штитењето на криминалот имаат фатални последици.

Затоа бараме веднаш да се утврдат сите пропусти, влијанија и обиди за заштита на осомничениот насилник.

Бараме одговорност од сите и нивно разрешување од позииите. Бараме итна и ефективна заштита на Сара.

Како жени, нема да молчиме туку силно ќе се спротиставиме.

Нема да прифатиме жените во Македонија да живеат во страв, а насилниците да се чувствуваат недопирливи само затоа што се блики до ВМРО.

Пред нас е борба со мафијата – против злоупотребите на ВМРО, против злоупотреба на моќта, врските и притисоците, против неказнивоста.

Бандата ќе одговара.

Прес конференција на Форумот на жени на СДСМ, Кети Штерјова

YouTube video

Скопје, 16.11.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Внатрешна контрола на МВР испитува како од СВР Битола избега приведен насилник, кој веќе пет дена е во бегство

Одделот за внатрешна контрола на Министерството за внатрешни работи ги испитува околностите под кои битолчанецот приведен за физичко и психичко насилство врз 21-годишната партнерка, избегал низ прозорец од СВР Битола и веќе пет дена е во бегство.

Внатрешна контрола на МВР испитува како од СВР Битола избега приведен насилник, кој веќе пет дена е во бегство

Девојката на 10 ноември пријавила дека била физички нападната од партнерот, кој ја давел и ја удирал, по што побарала лекарска помош.

По пријавата, насилникот дошол во СВР Битола во придружба на родител, но, кога му било соопштено дека ќе биде задржан, скокнал низ прозорецот и избегал од полициската станица.

Бидејќи пријавениот сè уште не е пронајден, девојката е сместена во шелтер-центар.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СВР Битола го лиши од слобода лицето пријавено за семејно насилство

Денеска полициски службеници од СВР Битола, во координација со бранителот на лицето К.У.(24) и Основното јавно обвинителство Битола, презедоа мерки лицето доброволно да се предаде во СВР Битола.

СВР Битола го лиши од слобода лицето пријавено за семејно насилство

Денеска во 12:00 часот, К.У. доброволно се предал и е лишен од слобода. Со него се врши службен разговор од страна на инспектори од криминалистичката полиција при СВР Битола.

Против него, на 11.11.2026 година, е поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „Загрозување при семејно насилство“ по член 144 став 3 и „Телесна повреда при семејно насилство“ по член 130 став 2 од Кривичниот законик.

Се преземаат понатамошни мерки и активности во координација со надлежното Основно јавно обвинителство Битола.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер