МакедонијаФилипче: Жално е што реформите за ЕУ интеграциите Владата воопшто не ги спроведуваДа го искористиме времето и искуството на другите земји, за да исчекориме напред и да покажеме резултати во преговорите за членство во Европската Унија.Да го искористиме времето и искуството на другите земји, за да исчекориме напред и да покажеме резултати во преговорите за членство во Европската Унија, порача претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и претседавач со Националниот совет за евроинтеграции, д-р Венко Филипче. На денешната работилница „Придонесот на Собранието во ЕУ преговорите“, организирана во рамки на проектот „Поддршка на Европската интеграција на Македонија“, Филипче посочи дека Македонија нема друга иднина освен Европа, а Националниот совет за евроинтеграции треба да биде платформа која ќе се надградува со искуства од другите земји. „Треба да учиме од туѓи грешки, од туѓи искуства и на тој начин да покажеме дека имаме некаква визија, имајќи предвид дека сме компатибилни како земји и со Црна Гора и со Албанија, коишто се сега неколку чекори пред нас, поради нивната посветеност, којашто ја покажаа во изминатите повеќе години, потврдувајќи ја визијата каде сакаат да ја видат својата земја во иднина“, рече Филипче. На работилницата, Филипче нагласи дека е потребен политички консензус, особено во спроведувањето на реформите кои произлегуваат од преговарачката рамка. „Барем во делот на спроведувањето на реформите, да покажеме некаков перформанс. Жално е што тоа не се случува во овој момент со доволна динамика, така како што треба да се случува. Се доцни со носењето на приоритетните закони од реформската агенда, пред сè од Министерството за правда. Меѓутоа, има еден добар, позитивен момент, имавме заеднички и надпартиски консензус во критиката на министерот за правда на минатиот состанок, од најголемите политички партии“, рече Филипче. Во однос на постигнувањето политички консензус за обезбедување уставни измени и за отпочнување на преговорите со ЕУ, Филипче потенцираше дека Собранието треба да биде телото во коешто тој процес ќе се одвива. „Нема друга институција во државата во која што треба да седнат сите политички чинители и да го постигнат потребниот консензус. Ако и формалниот дел, самото гласање, и така натаму, се одвива во Собранието, нема потреба да бараме други форми“, рече Филипче. Денешната работилница има за цел да ги зајакне капацитетите на Собранието во процесот на Европските интеграции, преку унапредување на неговата улога во вршењето на демократски надзор, поттикнување на инклузивност и градење на политички и општествен консензус околу реформите поврзани со ЕУ. Целта на проектот во рамки на работилницата, кој се имплементира од Канцеларијата на Обединетите нации за услуги на проекти (UNOPS), е да ја зајакне институционалната подготвеност и капацитетите на Македонија за водење ефективни пристапни преговори и успешно управување со процесот на интеграција во Европската Унија. Скопје, 17.09.2025 СДСМТагови: Венко Филипче Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветПолитико: НАТО го ревидира своето воено планирање, се очекува договор во февруариСојузниците во НАТО започнале преговори за најголема ревизија на своето воено планирање во последните две децении.Сојузниците во НАТО започнале преговори за најголема ревизија на своето воено планирање во последните две децении, при што приоритет е обезбедување доволно капацитети за потенцијален судир со Руската федерација, наместо обезбедување воено присуство во други мисии како што е КФОР во Косово, пренесува светскиот медиум Политико. Европски претставници во повеќе наврати предупредија на можноста за руски напад на територијата на нато до 2029 година, А според нацрт-документот, сојузниците до февруари треба да постигнат конечен договор. Оваа промена нема автоматски да влијае на тековните мисии на НАТО, како што е во Косово, тврди Политико, меѓутоа, од сојузниците ќе се бара или да обезбедат доволно сили за водење голема европска војна или присуство во тековните мисии но не и двете истовремено. Сегашниот фокус на северноатлантската алијанса надвор од својата територија е воглавно на Косово, Ирак и Авганистан, меѓутоа, руската инвазија врз Украина го пренасочи приоритетот кон одбрана на Европа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаУтре во Даблин ќе се одржи неформален самит на ЕУ, во фокусот ќе биде и УкраинаУтре во Даблин, Ирска ќе се одржи неформален самит каде ќе се соберат лидерите на 27-те земји-членки на ЕУ, заедно со претседателката на Европската комисија – Урсула Фон Дер Лајен.Утре во Даблин, Ирска ќе се одржи неформален самит каде ќе се соберат лидерите на 27-те земји-членки на ЕУ, заедно со претседателката на Европската комисија – Урсула Фон Дер Лајен, а со самитот ќе претседава претседателот на Европскиот совет – Антонио Кошта. Целта на неформалниот самит е дискусија за актуелни прашања и стратешки приоритети за унијата. Иако засега говорниците не се објавени, како што посочува организаторот - Ирска, која моментално претседава со Советот на Европската унија, неформалниот формат на состанокот ќе овозможи отворена политичка дискусија и стратешко размислување за прашања што влијаат врз идниот правец на Европската унија, а во фокусот ќе биде и Украина.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
БалканПо верижниот судар на автопатот Тракија ќе се проверува асфалтотПо тешките верижни судири на автопатот „Тракија„ во Бугарија, во кои загинаа 11 лица а над 50 беа повредени - се проверува состојбата на асфалтот.Освен примероци од прилепливоста на асфалтот, Обвинителството побарало документи од агенцијата за патна инфраструктура, за пуштањето во употреба и поправките на делницата каде што се случија несреќите, по што ќе биде изготвено и техничко-градежно вештачење. Врз основа и на сеопфатното вештачење кое ќе ја опфати и судско-медицинската анализа, Обвинителството ќе одлучи дали постојат основи за покренување обвиненија против одредени поединци. Во меѓувреме обвинителството нема да поднесе обвиненија против романскиот возач кој беше задржан по карамболот, а кој учествувал во почетокот на првиот верижен судар. Лекарите од болниците во Сливен, Јамбол и Бургас продолжуваат да се борат за животите на четворица најтешко повредени во несреќата на автопатот.Тагови: Бугарија сообраќаен хаос Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter